Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Оваа епизода ви ја претставувам Јадранка Лазарова од Тимјаника, Неготино !

Деновиве на  гости во Тимјаник  имавме можност да ја почуствуваме енергијата на грозјето и маџунот. Јадранка произведува 12 тони трпезно грозје и 15 тони винско грозје од сортите смедеревка и картошија. Од грозјето произведува домашен маџун, кој го прави без никакви додатоци по традиционален рецепт. Како успева сето ова да го организира, беше прашањето со кое го почнавме разговорот.

Јадранка вели дека со работа и ангажираност може се да се постигне а најтешко како на сите рурални жени кои решиле да направат нешто повеќе и да станат претприемачи, е умешноста за да ги пласираат производите.

Руралните средини од една страна се многу традиционални и со многу пропусти во организираноста на животот но затоа имаат и многу предности.

Татјана -До пред еден месец не знаев што е тоа маџун. Затоа би ве замолила да ми кажете како се прави?

Јадранка – Маџунот се прави од грозјето, најнапред се прави шира а потоа ширата се вари.Кога ќе достигне одреден степен на вриење и одредена густина, тоа е маџун кој е многу корисен за зголемување на имунитетот.

За Јадранка проектите како Националната платформа се многу потребни, особено за жените во руралните средини, затоа што многу важни работи ќе им бидат достапни што се корисни за нивната работа.

За гостинката

ЈАДРАНКА ЛАЗАРОВА

Јадранка Лазарова од село Тимјаник, производител на грозје и маџун. 10 години е жена претприемач и сега е задоволна затоа што добила помош од мерката 115 ФФ и с енадева дека и претстои развој во сферата на полесен пласман на производите.

Најголема а воедно и единствена релаксација бидејќи времето им е преполно на ѓените од руралните средини е друѓбата на кафе пиење со пријателките.

Се енадева дека ќе има можност да биде во некоја група и да оди на некој студиски престој во странство за да научи и види други  состојби.