Слушајте WERADIO и на:

ТРАНСКРИПТ

Оваа епизода ви ја претставуваме  РУМЕНКА ДИМОВСКА  од Преспанското село Арвати.

Ни доаѓа од живописното село Арвати кое се наоѓа на надmорска висина од 1000 метри над Преспанското езеро. Во овој крај поволен за производство на јаболка и други овошја, Руменка веќе 15 години поточно од 2007 година е претприемач.

Иако положбата на жените претприемачи не е ни малку лесна сепак смета дека и покрај предизвиците ако жената знае што сака и вредно работи секако еден ден успехот ќе дојде.

Преку Федерацијата на фармери, е  дел и од Националната платформа за женско претприемништво и смета дека овој проект е многу корисен и потребен и секако очекува позитивен ефект од него.

 

Интересно  инфо

 

Татјана – Прочитав за жените од вашиот крај дека  прават и ѓомлезе, баклава, ликери со вишна, но и ракија од дренки, зелени ореви, дуња, а прават и секаков тип на зимница. Во овој крај  може да се најдат сушени печурки вргањ, но и во прав, потоа креми за раце од невен, кокосово масло и восок, како и кантарионово масло со восок.Еве за крај една порака до нашите слушатели, ако дојдат во вашиот крај без што никако да не си одат?

Руменка– Се што се создава во овој крај е квалитетно, природно и вкусно а ние сме расположени за гости, па можете да не посетите и секако да ја посетите веб страната која ја направи Федерацијата на фармери, каде може секој што сака да си порача некој производ и ќе го добие на домашна адреса.

Веб страната е https:// www. efarm.mk/

За гостинката

Руменка Димовска

Руменка Димовска, претприемач од село Арвати , Ресен. Нејзиниот животен пат ја донел од Свети Николе во ова живописно село, каде пред 15 години решила да стане жена претприемач. Сопруга е,  и горда мајка  на два возрасни сина. Сака да живее во секој момент од животот. Пешачи, чита книги и гледа филмови.

Социјално е активна а и се дружи активно со пријателите .

Нејзиното мото е : Живеј сега, денес и овде !

  • https://www.facebook.com/rumenka.dimovska