Слушајте WERADIO и на:

ТРАНСКРИПТ

Васка Мојсовска ја започнала својата лозова дејност пред 25 години, заедно со нејзиниот сопруг кога од хектар и пол замјиште кое го насадиле со лозови садници , полека година по година стигнале до 70 хектари насадена замја. Многу работа и јасно поставена цел се основните услови за секој еден кој сака да почне бизнис и тој да трае и да биде успешен.

Претседател е на Федерација на фармери на Македонија, и тоа како што гордо кажува е првата жена и тоа од рурална средина која е на оваа функција а преку Федерацијата е еден од чинителите за формирање и функционирање на Националната платформа на женско претприемништво за која смета дека е потребно тело за жените претприемачки.

Претседател е на  здружението „Шира“ , во чии рамките  се произведува маџун (познат како лек за подобар имунитет) и други производи од грозје, кое е скоро формирано, но веќе се работи на организирање и заедничко функционирање на пазарот.

Пласманот на производите е секако најголемиот предизвик, а топло ја препорачува веб страната efarm.mk  од која секој може директно од производителот да си нарача она што му е потребно, е-платформа со која се помагаат земјоделските производители.

Животниот и семејниот пат и е поврзан со Тимјаник ,место за кое е врзана многу и каде ја нашла целата своја животна и професионална среќа.

За гостинката

Васка Мојсовска

Васка Мојсовска од село Тимјаник- Неготино, е Претседател на Федерација на фармери на Македонија, претседател на Здружението “Шира“ од овој регион, жена претприемач, сопственик на Агро –Калем, најголемиот производител на грозје и лозови садници  во Македонија.

Почетоците  во бизнисот и се од пред 25 години, кога заедно со сопругот почнале со многу работа и минимален влог да го создаваат своето “гроздово царство“ на кое  треба да се горди.

Слободното време го поминува со семејствата на нејзиниот сопруг и нејзиното и вистински ужива, како и во дружби со пријателките.

Од рано детство  пишува поезија, која ја релаксира и еден ден се надева дека кога ќе има повеќе време  можеби и ќе ги укоричи.

Позитивната енергија и широката насмевка, се начинот на кој би ја опишале најкратко Васка Мојсовска од село Тимјаник.