Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Акизе Ризванче од Гостивар е жена претприемачка и се занимава со сточарство веќе 20 години. Таа со своето семејство на кое ова им е семеен бизнис одгледуваат над 500 овци и ги пасат на Бистра . Произведуваат млеко и млечни производи за кои веднаш имаат пласман

Славица Јаневска од село Тумчевиште ,Гостиварско се занимава со сточарство и градинарство. Одгледува крави, јунци и разни градинарски култури од кои најмногу грав. Вели дека освен земјоделие не знае ништо друго да работи но сепак е задоволна од она што го создала.

Во текот на работата има проблеми особено што нема директна врска до градот, што нема инфраструктура и тоа и го отежнува пласманот иако вели, млекото многу брзо го продава но не е задоволна од откупната цена.

За Акизе нема проблеми со пласманот на млечните производи кои ги продава од куќен праг, но со јагнешкото месо и оди потешко, не може да најде начин за договор со институциите.

Најголем проблем и е достапноста до пасиштата, пат нема  како и се поголемите суши во кои пресушуваат изворите за вода па нема овците каде да ги појат и мора да им носат вода.

За гостинките

Акизе Ризванче и Славица Јаневска

Акизе е горда родена Гостиварчанка. Ужива кога има време да се дружи со другарките. Сака да работи и на проекти како Националната платформа. Вели дека жените треба да се подржуваат и дека секогаш мора да има надеж за подобро утре.

Славица е горда баба на 7 внуци, од кои 4 и се дома па ужива да биде и помага со нив. Тоа како што вели таа дали децата ти се среќни е најголемата среќа на секој родител

  • https://www.facebook.com/akize.rizvance.33