ТРАНСКРИПТ
Оваа епизода по втор пат ви ја претставувам Катерина Ангеловска автор, советник за личен развој, учител по Mindfulness медитација и енергетски терапевт. Дел од рагзоворот го посветивме на нејзиниот приватен живот и тоа како го поминува слободното време. Читањето на книги и е една пасија ,во овој период најмногу чита романи и секогаш во тек на месецот најмалку прочитува еден роман.
Втората голема пасија и се патувањата, каде ужива во откривање на непознати предели секој миг.
Она што најмногу ја релаксира е прошетките со нејзиното куче кое ја учи на безусловна љубов.
Катерина – Годината 2020 ,која ќе остане запаметена по година на Корона пандемијата ,јас ќе ја запишам во мојот претприемачки дневник како многу успешна година. Тоа се должи на мојата моќ и позитивна визија да с еприлагодувам на новите услови и секој еден што работи на себе може тоа да го стори.
Треба да научиме дека секој од нас е одговорен за самиот себе. Државата може да помогне но сепак ние сме тие кои сме најодоговорни и треба да бидеме упорни и истрајни.
Она што треба од најмали нозе уште во основно образование да се учи е вербата во себе, личниот развој, како да ги прифаќаме нештата и како да се справуваме со предизвици. Кога тоа би го знаел секој од нас од мали нозе, во секој случај ќе имаме подобар свет и поквалитетен живот и на лично и на општествено ниво.
За гостинката
Катерина Ангеловска
Катерина Ангеловска, автор, советник за личен развој, учител по Mindfulness медитација и енергетски терапевт. Во светот на живот со самоспознавање, личен развој, разбирање, афирмирање, верување дека сме креатори на сопствениот живот, влегла уште на 19 години. Да го пренесува своето знаење , искуство, енергија и да им помага на луѓето започнала пред скоро 20-тина години а во светот на женското претприемништво пред шест години. Верува дека позитивната енергија е основата за квалитетен живот на секој поединец.
https://www.facebook.com/search/top?q=katerina%20angelovska