ТРАНСКРИПТ
РАДИО ПОДКАСТ СО МАРИНА АНЧЕВСКА
Во оваа епизода ви ја претставувам Марина Анчевска, генерален менаџер на НЛП – Центар за бизнис психологија. Добар ден и добредојдовте во радио подкастот за женско претприемништво на Националната платформа.
WERADIO- За почеток едно воведно кратко прашање: Колку години сте активни во светот на личниот и професионален развој?
МАРИНА- Јас работам отсекогаш на себе но професионално со коучингот работам од 2005 та година. Најнапред почнав во Холандија па дојдов тука, работев како коуч.
WERADIO-Кога ќе Ве прашаат што е она што го работите постојано, како наједноставно се објаснувате себеси во бизнис светот?
МАРИНА- Јас сум транформациски претприемач. Дали на поединци, компании, групи, предизвикувам трансформација и секој еден што сака е добредојден. Не е едноставно да се опишам затоа што во сите овие години работев ама и се едуцирав и сега сум со неколку звања.
WERADIO- Скоро ја имавте Првата Коучинг едукација со системски пристап во Македонија. Како поминавте и колку вашата синтагма „Луѓето одамна ги мотивираат други вредности освен парите “ успевате да ја освестите кај луѓето.
МАРИНА- Ова е нешто ново кај нас но не во светот. Коучинг академијата требаше да се случи. Имаме сертицифирани коучинг тренери и имаме нова програма која е поврзана со мои колеги од бизнис светот. Ова веќе има друга нота, практична примена во бизнисот. Луѓето освен парите ги мотивираат и други вредности.
Парите се енергија и се зависи во што инвестираме. Најчесто е важно дека мајнсетот треба да се смени. Според моите искуства парите не носат некоја бескрајна среќа. Јас инвестирам отсекогаш во себе, не во парче облека или предмет исклучиво во себе и тоа за мене е највредното и многупатно сум го исплатила.
WERADIO- Би сакала да споделите со слушателките, кој тип на луѓе се приклучуваат во овој систем на вложување и работа во својот личен развој, развој на емоции, лични вредности, освестување на себството и промена на некои наметнати вредности кои често не ограничуваат?
Кај мене на НЛП едукацијата во Центарот од 2007 кој е прв сертицициран доаѓаат од студенти до пензионери, оние кои се стремат кон доживотно учење. Се се случува во животот и како с еслучува. Да се инвестира во себе ,и кај нас тој став се менува. Јас отсекогаш сум била окружена со семејство посебно мајка ми која беше наставничка и секогаш вложува во себе и како пензионерка и возрасна и тоа од неа сум го презела тој стил на живот.
WERADIO- Едно од главните вештини на оние професионалци како вас, е вештината на водење на луѓе. Колку според вас оваа вештина е вродена, едноставно ја има човекот или пак се учи, осознава и стекнува?
Тоа е најважно, оние кои се менаџери не дека се умешни во водење на луже, може во процесто, но не секој ја има таа вештина.Но с еучи а сепак зависи од каде доаѓаме и што носиме во себе. Спосбност и водење со луѓе но пред се со самите себе. Мора да бидете флексибилни да можете да водите луѓе. Лидер е тој што се води самиот себе си. Во секоја компанија најважни се луѓето.
WERADIO- Дали во вашата работа како претприемачка сте се соочувале со предизвици од родова нееднаквост и како гледате на тоа?
Па и да и не! Има разлики сеуште. Многу поинаку гледаат на коучот ако е женско или машко. Мажите ги сфаќаат посериозно. Јас не сум се занимавала со тоа и сум докажувала дека и жените можат да бидат добри и подбри тренери. Но се менуваат работите.
WERADIO- Поседувате неколку звања, и титули, во вашиот професионален опус: сама ќе ги кажете звањата….. вие посотјано се развивате а сето тоа го пренесувате на други. Би ни кажале ли нешто повеќе за тој дел на вашето професионално растење?
МАРИНА- Јас се барав себе си, не надвор туку внатре. Многу работилници, патувања завршив и јога академија,холистичка академија како да с е исцелувам себе си и со процесот на НЛП. Не мислев дека ќе се занимавам и коучингот ми го отвири патот NLP Master Trainer & Coach, Transformational Entrepreneur certified by NLP University, California, Executive/Corporate Coach, NLP Master Trainer), фамилијарни системи НЛП мастер тренер во Америка на најзначајната Академија и сум единствена на Балканот со тој сертификат. Сега сум на повисок степен на едукација
WERADIO- Од вашиот професионален аспект што е најважно една млада жена која се двоуми дали да почне свој бизнис а има ограничени финансии, треба да поседува?
МАРИНА- Прво треба да знаеш зошто тоа го сакаш, зошто тоа е токму потребно да го правиш и каква смисла тоа има за себе и околината, затоа што секогаш треба да си свесна и сигурна дека тоа што го сакаш и треба да се работи за тоа да биде успешно. Јас кога почнував беше време кога немаше клима ама јас верував во тоа многу и дека ќе настанат промени.Имав предизвици но ги победив сите и успеав.
WERADIO- Подкастот www.weradio.mk е во рамки на Националната платформа за женско претприемништво. Според вас, што е најнеопходно да се презема за побрз развој на можностите за поголема вклученост на младите жени во бизнис секторот?
МАРИНА- Јас ви честитам за Платформата навистина е добро поставена и корисна, благодарна сум што ме викнавте да бидам дел од овој проект. Најважно з ажените е да продолжат да се продуцираат да се едуцираат и да се развиваат. За да не се делиме веќа на мажи и жени.
За гостинката
MAРИНА АНЧЕВСКА
Се што прави професионално Марина Анчевска, вели дека ја исполнува и приватно. Сето заедно и носи секојдневен спокој и мир и можности да ужива во секој миг а со предизвиците на животот да се справува на свој начин.