Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ВЕРАДИО-ЕПИЗОДА СО СУЗАНА ТРАЈКОВСКА-КОЧАНКОВСКА

Добредојдовте во оваа епизода од подкастот за Женско претприемништво!

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор а тука сум со единствена цел, да Ви ги претставам разговорите со жени претприемачи  и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво.

Ве поканувам да останете со нас и да ја слушнете денешната епизода од Подкастот на нашето единствено верадио.мк во која наша гостинка е д-р Сузана Трајковска-Кочанковска која  е доктор за претприемништво и за управување со МСП, консултант, ментор, тренер, проектен менаџер и експерт за продажба и за маркетинг, со повеќе од 15 години искуство во реалниот бизнис и во едукацијата.

Добар ден Сузана и добре не дојдовте во денешнава епизода од радио подкастите на Националната платформа за женско

претприемништво.

СУЗАНА- Добар ден на сите, чест ми е што сум тука, ние жените треба сами да си помагаме и во овој период на пандемии,војни,  нашиот женски инстикт  е тоа што треба да го покажеме, затоа што тој не прави успешни.

ВЕРАДИО-  Претприемачките вештини и нивната примена во развивањето на бизнис-идеја, Период на реализација: март 2022 КООРДИНАТОР И ПРЕДАВАЧ НА МОДУЛОТ: д-р Сузана Трајковска Кочанковска. Ова беше првото што го прочитав за вас. Па како за почеток би сакала со нашите слушателки да чуеме на што работите,  бидејќи според она што го прочитав имате навистина многу активности.

СУЗАНА-На наједноставен начин, според мене ние имаме многу идеи, моментот на акции е многу важен, суштината е како вие она што ќе го научите како информација ќе го трансформирате како информација, како проект. Ние жените имаме поширок спектар на прифаќање на ризици. Ни треба ветер во грб да имаме за да почнеме тоа да го развиваме. Едукацијата за мене е вентилот каде јас ја црпам енергијата. Работам во приватен бизнис, иако професија ми е претприемништво во мали и средни претпријатија. Спојот на практиката и академијата е она што мене ме предизвикува, кое ми дава структуриран пристап. Таква беше мојата визија. Бев визионерка од студентски денови, и се гледам во таа индустрија и го градев тој мост, кој ме воведе во води на класичен бизнис и проектно работење. Токму затоа имам многу проектни активности, 15 години бев на топ позиција во големи корпорации, и кога се заситувате од такви позиции доаѓате во ситуација што понатаму и последниве 15 години работам на проекти, кои градат еко систем за мали и средни претпријатија. Тоа што ме преокупира е едукацијата со стартапи. Ја сум гејмерка или туберка како што велат синовите. ИТ секторот ми е предизвик и сум супер адвајзор на проектот за Социјални претпријатија и сум ментор и обучувач на Програмата на УНДП во надминување на пречки и многу други обврски,иницијативи, апликантно проектно менторство со широк дијапазон на работа.

ВЕРАДИО- Вие сте извршен директор на Фондацијата „Сизигија“,  креирате „custom made“ обуки, според потребите на клиентите, и успешно ги применува со мерливи индикатори. КОЈА Е ЦЕЛТА НА  ОВОЈ МОДУЛ?

СУЗАНА- Фондација Сизигија работи на работа на мали и средни преторијатија, Сизигија е поим на порамнување на земјата, месечината и сонцето и тоа е идејата дека секој мора да постигне Баланс што значи зборот Сизигија. Идејата е дека треба да си ги остварите своите цели но треба да имате балансирање. Токму затоа се такви кастам мејд обуки. Идејата е дека ако еднаш се дијагностицирате и се обучите на одредено ниво, не значи дека е тоа готово завршена работа. Сите ние имаме изобилие на потенцијал. Пример одите во компанија и сакаат ТИМ БИЛДИНГ и да имат  пораст на приходи. Кога се разговара со учесниците на обуката, сфаќате дека не е проблем таргетирањето но има дискомуникација меѓу членовите. Освен местификација има недостаток на вистински информации. Формулата за успех секој сам си ја креира, вашите ресурси, вашите чекори, но не постои формула.

ВЕРАДИО- Од досегашното искуство што или кое е вашиот најголем предизвик кој сте требале да го освоите во тек на професионален живот?

СУЗАНА -Секој ден ми е предизвик, а крупна работа беше кога требаше да преминам од една во друга индусрија, од екстремно динамична средина, корпоративно ориентирани и да влезете во нова димензија и во проекти кои имаат поинакво влијание на промена на животот на луѓето. За мене тоа беше клучно, трансверзибилните вештини што тогаш ги стекнував и ги пуштив во либерален систем кои ми донесоа  промени.

ВЕРАДИО- Што е она што им го препорачувате на жените кои сакаат да почнат свој бизнис?

СУЗАНА-Најчесто с езапочнува со неформален разговор кога некој се обраќа што како во која насока. Јас правам скенирање на личноста и на идејата што ја има, на моменти сум провокативна, тоа ми е научено од машкиот свет и потоа ги терам сами да направам анализа и ги терам сами да направат анализа. Имам многу успешни приказни би ги споменала ед

ВЕРАДИО- Сузана ајде да ни споделите нешто за вашиот приватен дел од животот. Каде и како си ја дополнувате енергијата и во што најмногу уживате?

СУЗАНА-Уживам со семејството, имам две прекрасни внуки кои покрај синовите кога доаѓаат ме расположуваат. Имам неколку столбови,природата, лужето со кои с едружам,патувањата она што можам да искусам и во последно време креативноста ја канализирам,пишувам поезија и сликамОткрив дека многу убаво сликам сега го открив тоа и сега с е враќам и учам. Иновациите се мојот предизвик и најголемо уживање.

Ви благодарам за учеството а вас драги слушатели даповторам дека денешна наша гостинка беше  д-р Сузана Трајковска-Кочанковска која  е доктор за претприемништво и за управување со МСП, консултант, ментор, тренер, проектен менаџер и експерт за продажба и за маркетинг, и до некое следно видување.

СУЗАНА- Ви благодарам на поканата ми беше мило што учествував, и им порачувам на сите тестирајте,тестирајте и потоа акција,акција, акција. Поздрав до сите.

За гостинката

СУЗАНА ТРАЈКОВСКА-КАЧАНКОВСКА

Уживам во слободното време со моите два сина но и голема радост ми причинуваат моите две прекрасни внуки со кои се дружам и навистина ми се голема среќа. Сакам да патувам, уживам во откривање на нови дестинации и на време поминато во патувања. Сакам д ачитам, љубител сум и на виудео игрите но во последно време и цртам, си ја развивам креативноста и ми причинува големо задоволство

  • https://www.facebook.com/a.murgoska