Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk  ВЕРАДИО  СО  ЕЛЕНА ПОПОВСКА  – ФИЛИГРАНИСТ

Од серијата епизоди во соработка со Центар за  управување со промени, денешна гостинка во оваа епизода  на нашето единствено верадио е ЕЛЕНА ПОПОВСКА, сопственик на АТЕЛЈЕТО-  MY PRECIOUS

-Добар ден Елена. Вие сте сопственик на ателјето MY PRECIOUS  кое постои од 2013 год. а веќе од 2014 год. се наоѓа во Капиштец и сте  филигранист. Како одеше вашето  професионално образование?

ЕЛЕНА- Јас сум по професија дипломиран биолог, јас завршив земјоделски факултет, не ни помислував дека ќе работам филигран. Се појави желба кај мене и се запишав на Обука за филигранството. Кога навлегов во тајните на филигранот одлучив дека сакам тоа да го работам. Но, природата беше и остана главниот мотив за изработка.

-Што ви нуди изработката на филигранот во вашата креативност, какви се познавања треба да имаш за да бидеш успешна во филигранството ?

ЕЛЕНА-Кликот е чуството кога ќе видите што сте направиле со своите раце. Кога кретивноста од длабоко во вас, ќе излезе од вас. Тоа беше моментот кој ми покажа дека сакам тоа да го работам. Љубовта кон работата, кон креативноста е основното што треба да го имате.

-Што се се наоѓа во вашата колекција на изработки од филигран и каде досега имавте можности да ги претставите?

ЕЛЕНА- Работам и по нарачки од клиентите и секогаш на желбите излегуваме во пресрет. Сум излагала не само во Македонија, имам изложби во Турција, Емниратите (Шаржа) лични гости на Емирот и успеавме на деновите на културно наследство го претставивме нашето културно наследство. За време на пандемијата не успеавме да ја претставиме нашата колекција изработена со мојот син, во Њујорк ,но  е надевам дека ќе имаме можност  тоа да се оствари.

-Елена од 2014 сте предавач по филигран во Занаетчиска комора. Каков предизвик е тоа за вас и дали секој може да го научи? филигранството?

ЕЛЕНА-Јас сакав да станам предавач таму каде што сум учела. Кога ја предавате техниката на учениците тоа Ве тера да учите и вие со нив и  јас навлеувам подлабоко во техниката. Кога ќе видите дека вашиот ученик е подобар од вас е вистинска гордост и дел од моите ученички веќе ми се колешки.

-Колку Проектот на ЦУП ви помогна за надминување на некои предизвици, што ги предизвика Ковид пандемијата?

ЕЛЕНА-Филигранството има скоро една своја ренесанса, по периодот кога беше во изумирање, доби нова сила, и покрај традициооналниот  вметнуваме и современи елементи. Продажбата може да биде подобра но тоа е врзано со целосната финансиска можност во државава. По однос на Проектот на ЦУП не само на мене туку на сите ни овозможи да научиме нови работи по однос на дополнителни техники, вештини, маркетинг работа, комуникации и други вештини.

-Националната платформа за женско претприемништво,чи ј дел е верадиото работи веќе година и пол и има бројни активности за помош на жените претприемачи. Колку знаете за оваа Платформа и дали мислите дека има доволно такви проекти за помош на жените од бизнис светот?

ЕЛЕНА- За оваа Платформа дознав преку проектот на ЦУП. Мислам дека сеуште треба да се прошируваат информациите за оваа Платформа и тоа како може да е корисна за нас сите претприемачки.

-Што би им порачале на сите жени кои се двоумат да почнат свој бизнис посебно на оние кои сакаат да се занимаваат со филигранството?

ЕЛЕНА- Најнапред им советувам дека е потребна организација на време ,  потребна е подршка од семејството кое е многу важно. И треба да имаат многу љубов и ако ја немаат таа љубов не може да го остварат својот сон.

-И за крај би сакале ли да споделите со нашите слушателки, кои се вашите идни планови?

ЕЛЕНА-Идните планови се константни изведувачки, работата во Занаетчиска комора, нови колекции, сакам да имаме некоја изложба и претставувања надвор од нашите граници.

Ви благодарам за разговорот а за нашите слушателки ова беше епизода со Елена Поповска, филигранист од Скопје која можете да ја најдете во нејзиното Атеље MY PRECIOUS  во Капиштец.

За гостинката

ЕЛЕНА ПОПОВСКА

Елена Поповска, воглкавно нема слободно време но пак, секое слободно време, посебно за викендите го користи да излезе од Скопје а дестинацијата и е Беровско, каде имаат семеен посед насади со лешници, каде ја чуствува убавата енергија од почвата и така си ги полни батериите. Вели дека е убаво кога ќе се излезе од градската средина и ќе се работи нешто друго и да се почуствува животот на селанецот. Со еден збор Елена најмногу надвор од својата креативност во атељето ужива работејќи и обработуваќи ја земјата.

  • https://www.facebook.com/jewelryMyPrecious