Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви  ги претставувам Марија и Јелена Чокреви , млади претприемачки, сопственички на Студиото за пилатес  Pilates Point во Скопје.

Добар ден и добре ни дојдовте во подкастот на нашето верадио.мк

ТАТЈАНА- Вие сте сеуште стартап компанија, која е основана 2019-тата година. Ова е исполнување на вашиот сон? Како би им го опишале тоа со слушателките?

ЈЕЛЕНА- Отварањето на ова, беше остварување на наш сон. Секогаш сакав да имам свој бизнис и секогаш ме влечело тоа да имам свој бизнис, а пилатесот и спортот ми бил дел од животот. Имаше предизвици и пред отварање, го отворивме со грант, тоа беше период од 6 месеци, Марија го спремаше дипломскиот а јас бев во последните месеци од бременост. Имавме супер старт не очекувавме дека ќе се случи пандмијата, ни беше шок но сме снаодливи и го истуркавме тој период.

МАРИЈА- Се беше хаотично уште пред отварањето, спонтана беше одлуката решивме да аплицираме и добивме гранд и решивме за еден месец да го отворивме со почеток на сезоната, јас почнав сама и ми беше шок со цела подршка ама бев понесена од целата еуфорија и навистина почна супер. Таман Јелена се врати од породилно и се случи короната но решивме што и д абиде ќе издржиме. Во текот на тие две години се префрливме лајф на фб па снимавме часови. И понатаму во тој период правевме  разни комбинации.

ТАТЈАНА- Вашите професии според образвание се различни од она што го одбравте да биде ваш бизнис. Јелена вие сте дипломиран економист а Марија дипломиран толкувач и преведувач. Дали се откажавте од вашите образовни професии и колку тоа ви помага во водењето на Пилатес центарот?

МАРИЈА-Мојата професија дефинитивно не е поврзана со пилатесот и бизнисот, таа ми помага да го проширам знаењето читајќи на англиски и можам да разберам и да искористам. Ми служи и  со клиенти од странство па полесна комуникација.

ЈЕЛЕНА- Економијата е секаде, во бизнис планот но и го користиме и денеска бидејќи покрај одржување на часовите имаме постојана комуниукација и претставување на услуги и успеав да ги спојам а пилатесот ми е прва љубов.

ТАТЈАНА – Марија, ми рековте дека љубовта кон вежбањето ве доведе да имате вакво студио, од кога е таа љубов присутна,дали сте оделе вие како посетител во ваков вид студија?

МАРИЈА-Љубовта е вгенездена во мене затоа што сум од спортско семејство и бил дел од моето растење и ми влегло потсвесно во животот и љубовта. Сум пробувала аеробик, јога но кога отидов на пилатес сфатив дека тоа е тоа што би го правела до крај на живот. Убаво се чувствувам и ја открив љубовта кон пилатесот и тоа ни е заедничко на двете што многу ни помага.

ЈЕЛЕНА- Отсекогаш спортот ме привлекувал, баба ми беше професорка по физичко, сум пробала се, почнав да држам часови во друго студио и така после тоа се случи Пилатес поинт.

ТАТЈАНА – Кој е вашиот најголем мотив во оваа работа?

МАРИЈА -Сакам да ја пренесеме љубовта и пилатесот иако можда изгледа напорно но тој е приступачен за сите од најмлади до најстари и многу ни помага заедницата која ја создаваме и нивниот фидбек ни дава најголем мотив, доаѓаат секоја година и нас тоа ни значи.

ЈЕЛЕНА -Сакаме нашето знаење и љубов да го пренесеме на нашите клиенти вежбачки, колку тоа расположува ,се ресетира човекот, тоа е најважно а после доаѓа сето тоа поврзано со здравјето

ТАТЈАНА- Дали мислите дека се потребни и корисни Проекти како нашата Национална платформа за женско претприемништво, за жените претприемачи да имаат можности да се вмрежуваат и си помагаат?

ЈЕЛЕНА- Треба да има повеќе проекти кои би им помагале на жените претприемачи да имаат совети, комуникации, проекти кои ќе ги охрабрат затоа што има жени со идеја, пасија, желба но се плашат и мислам дека на тоа треба да с еобрне внимание затоа ги охрабрувам сите со желби да не се плашат.

ТАТЈАНА- Сега за крај, следните ваши планови и цели. Какви се и во која насока.

МАРИЈА -Планираме цело време, летото ни е период за  да направиме еден пресек , од септември размислуваме втората локација која ни е свежа да вложиме повеќе енергија, да донесеме нови реквизити зошто се што е ново е поинтересно. Планираме викенд работилници  за сите оние што сакаат да го ископристат, и вмрежувањето е многу важно па би работеле на тоа поле.

Ви благодарам на учеството, ова беа Јелена и Марија Чокреви сопственички на пилатес студио Pilates point кое се наоѓа во Карпош 3 на Партизанска и во Аеродром, во  СЦ Јане Сандански, па сите кои имаат потреба и желба можат да го побараат .

За гостинката

МАРИЈА И ЈЕЛЕНА ЧОКРЕВИ

Убаво е кога работата ти е и релаксација и голема љубов но сепак надвор од работата Марија и Јелена  си вежбаат и одделно секоја по дома а и на двете ги релаксираат прошетки во природа, со пријатели  дружби со фамилијата за потрошените батерии да се  наполнат.  Флексибилниот распоред им помага да си го креираат слободното време, да прочитаат по некоја книга, велат двете.

Јелена како мајка вели дека  понекогаш доаѓањето на работа и е одмор. Синот има две и пол години , се роди кога се отвори Пилатес поинт, и за мене тоа е супер период -ни откри  во пријатниот разговор.

  • https://www.facebook.com/pilatespointmk