ТРАНСКРИПТ
Во денешнава епизода на радио подкастот на нашето единствено верадио.мк , ќе зборуваме со Александра Петровска, која е наставник по професија но е ангажирана во повеќе области на екологијата, невладиниот сектор за кои сама повеќе ќе ни открие
ТАТЈАНА- Како успевате да ги поврзете сите ваши ангажмани?
АЛЕКСАНДРА – Добар ден. Најпрво сакам да Ви се заблагодарам за приликата да учествувам на Вашиот радио подкаст. Ми претставува особена чест и задоволство што ќе имам прилика да Ви ги претставам моите професионални ангажмани.
Како карактер на човек кој народски кажано – незнам да седам мирна и постојано нешто работам и размислувам што следно можам да направам и да направам за да придонесам пред се во образовниот процес, јас постојану сум во движење со најразлични активности кои од една страна ми претствуваат работен ангажман, а од друга страна задоволство.
Во принцип се што правам го работам со голема посветеност и љубов. Пред се бидејќи сакам тоа да го работам а не дека морам.
Па од тука можам слободно да истакнам дека ниту еден ангажман воопшто не ми прествува проблем бидејќи ги работам со цело срце и душа, а сето ова е едноставно за координирање бидејќи одлично се снаоѓам во моето менаџирање со времето.
ТАТЈАНА- Многу сте активни во невладиниот сектор. Скоро бевте учесник на Обука за подготовка на анализи и документи за јавни политики со наслов – ” Граѓанските организации во акција за климатски промени “. Нешто повеќе за овој дел.
АЛЕКСАНДРА – Би сакала да појаснам малку за пошироката јасвност во однос на мојата професија. Јас повеќе од 20 години работам како одделенски наставник во ООУ Александар Македонски во Општина Аеродром во Скопје. Од друга страна пак пред нешто повеќе од 10 години основав здружение кое се занимава со едукација од областа на животната средина – во кое сум и претседател. Здружението има симпатичен и многу редок акроним по што е и препознатливо. Се нарекува ЗЕОООП- Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес.
Со оглед на тоа што успеав да спојам корисно со едукативно, мојата Визија која се поистоветува и со Визијата на здружението- е да ги едуцираме учениците уште од најрана возраст за еколошкото образование и да издејствуваме да се воведе како задолжителен ЕКО предметот во основното образование.
Согласно ова што Ви го образлжив, а во функција на претседател на здружението ЗЕОООП и врз основа на најразлични видови на апликации кои ги имаме поднесено од различни донатори – имаме добиено менторска поддршка која опфаќа градење на капацитетите на членовите на здружението, па потоа ние вршиме дисеминација поточно ги едуцираме останатите чинители ( овде мислам на ученици, наставници, родители, младински здруженија и пошироката јавност итн ) за климатските промени.
Таков е и примерот со проектот – ” Граѓанските организации во акција за климатски промени ” во кој јас како еден од сертифицираните обучувачи за обуки од нашето здружение, учествував токму на овој проект организиран од Здружението на млади правници – Мила, кој имаше подготвено серија на работилници со различни теми.
ТАТЈАНА– Вие сте Претседател на здружението ЗЕОООП, што е тоа и што се опфаќа овој дел од вашите ангажмани?
АЛЕКСАНДРА- Ова ми е омилено прашање на кое навистина неможем да дадам одговор со една реченица. Како правен застапник на здружението мојата примарна цел е менаџирањето на највисоко можно ниво за кое сум и со универзитетска диплома од областа на менаџмент на човечки ресурси, но од друга страна сум и лиценциран директор. Овие две титули не само што ми претставуваат поткрепа на моите менаџерски способности, туку ми претствуваат и одгрома должмост и обврска да ги оправдам истите и да си ја вршам својата фукција во здружението онака како што најдобро умеам. Сама по себе оваа позиција на претседател ми отвара многу нови можности и хоризонти на работење, но од друга страна пак јас имам за цел да ги пренесем сите мои расположливи капацитети на сите членови во здружението. А тоа подразбира право да се донесе статут, програма и други акти;
– усвојување годишен извештај за работа и финансиски извештај како и одобрување да се објавуви на својата веб страница,
– доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа,
– одлучува за промена на целта на здружението; – одлучува за внатрешната организација и организационите форми на здружението,
– избира и разрешува членови на органите; – одлучува за статусни измени на здружението; – одлучува за престанок на здружението и
– врши и други работи во согласност со статутот и актите на здружението. Секако сите овие активности се реализираат со тимот на органот на управување на здружението.
ТАТЈАНА- На вашата ФБ страна Детскологија има иннформации за вашите активности околу подигнување на еколошката свест. Би ни кажале ли некои од вашите активности?
Како младинско здружение до сега имаме реализирано голем број на активности но и проекти. На дел од нив сме во партнерска соработка со други здруженија, а во дел сме лидери апликанти. Тоа подразбира подготовка на предлог проект во сите негови развојни фази, од пишување на апликација, изработување на логичка рамка, до финализирање на финансиски план..Можам нескромно да се пофалам дека скоро сите апликации кои ги имаме поднесео ги имаме и добиено. Тоа значи дека реализиравме проект каде донатори беа општините во кој се едуцираа учениците од основните училишта за климатските промени преку интерактивни активности во допир со природата. Но, не само учениците, имавме серија работилници и за наставниците, а потоа тие во соработка со родителите ги разубавуваа училиштата.
Проектот се викаше ” Животната средина те менува – набљудувај, проучувај, истражувај ”
Понатаму имавме проект субгрантиран од ЕУ –Преку Архус и Мастрихт до еколошка транспарента информација, за кој подготвивме и прирачник кој ќе биде водич со препораки за архуската конвенција, а едуциравме повеќе здруженија и граѓански совети на станари кои гравитираат во повеќе општини во Град Скопје и работат и делуваат на локално ниво.
Во моментов добивме и проект од Министерството за животна средина и просторно планирање, во партнерство со здружение од Струга, каде што проектот ќе се реализира на два јазици – Албански и Македонски јазик, а се нарекува – ” КЛИМАТСКА ЕДУКАТИВНА АКЦИЈА – УЧЕСТВУВАЈ И ТИ “.
Така да со задоволство межеме да се пофалиме дека сме навистина активни во однос на едукацијата особено за климатските промени, каде јас се јаувам и како автор на прирачник на програма за работа со деца од пет возрасни групи, а е изготвен за поотребите на здружението ЕКО СВЕСТ.
Во исчекување сме на резултати од повик на Општина Аеродром во кој аплициравме за проект наречен Со климатска акција до одржлив развој, за кој што секако очекуваме позитивни информации.
ТАТЈАНА- Учествувате на Обуката на Националната платформа за женско претприемништво. Кој е вашиот став за жените во бизнис секторот?
Уште во периодот пред оклу 15 години кога бев на посдипломски студии, сите теми од сите предмети кои ги одбирав да ги изработувам во форма на мои лични трудови беа со тематика на женско претприемништво.
Дури и моја магистерска одбрана беше на тема – Македонските жени претприемачи споредбено со јапнските жени, за која направив една опсежна анализа и врз основа на истата се произнесов пред комисијата која ме оценуваше.
Значи, усше од тогаш беше развиен мојот претприемачки дух. Со можноста укажана за учество на Обуката на Националната платформа за женско претприемништво, само ги зајакнав моите капацитети и се охрабрив да влезам во уште една претприемничка активност, а тоа е да основам за почеток и сопствен мал бизнис кој ќе биде подружница на здружението, а ќе биде иновативно училиште кое ќе работи по однапред од мене подготвена авторска програма со нагледни иновативни часови во кои ќе вршиме едукација за животната средина во сите нејзини области.
Ви благодарам за разговорот а за нашите слушателки да повториме дека ова беше епизодата со Александра Петровска, Ви благодарам за разговорот.
.
За гостинката
АЛЕКСАНДРА ПЕТРОВСКА
ТАТЈАНА- Работите со деца, а таквите луѓе имаат секогаш добра енергија. Каде и како ја полните вашата енергија во сите овие ангажмани?
АЛЕКСАНДРА – Точно така. Ја имам најблагородната професија да работам со деца. Онаа енергија која ја апсорбирам и пред се ја добивам во себе е од моите две родени деца, ќерката Јована и синот Заре, а потоа ја надополнувам и со моите деца/ученици кои се околу 30 во моето одделение кое го водам. Од тука добивам енергија и како да имам крила со кои можам да им одговорам на сите животни предизвици.
https://www.facebook.com/aleksandrajovana.petrovska
https://www.facebook.com/Detskologija-867729756578722