КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА
ТАТЈАНА-Ова е подкастот со Ианина Јана Козари од Брисел. Добредојдовте во радио подкастот на weradio.mk, на Националната платформа. Тука сте на Вториот самит за женско претприемништво во Скопје, како се чувствувате?
ИАННА- – Јас се чувствувам многу убаво, благодарност на поканата да учествувам на овој Самит и да учествувам на овој подкаст. Како што споменавте јас сум новинар и обично сум зад камерите и микрофонот, но многу сакам и да давам интервјуа и затоа ви благодарам. Јас ја сакам идејата за Платформата и за Самитот и за ова што се случува во Скопје овие два дена, затоа што имаме можност соединити да зборуваме. Има можност за споделување на идеи, сите сме различни но ги сподлеуваме искуствата и тоа е многу важно. Ги сакам македонските жени, тие се успешни, убави, елегантни , водат грижа за себе за бизнисот но с еи традиционални, семејството го чуваат и негуваат. Втор пат сум во Македонија, но Самитот ми даде шанса да видам бизнис жени од тој интересен свет, и за мене е интересно да знам за предизвиците на бизнис жените. Јас сум од Молдавија и чуствувам како да сум во мојата земја, ние сме многу слични земји иако географски сме далеку. Молдавија и Македонија, имаат две М и некогаш во Брисел ме грешат.
ТАТЈАНА – Сите убави нешта почнуваат на М има една изрека. Јас сум новинар работев 26 години на Националната тв,,работев на проекти сега сум тука како комуникациски офицер, да си новинар треба да си инспиративна и широка личност и сега за нашите слушателки. Вие сте професионален новинар, како мене. Би сакал да ве замолам да им кажете на нашите слушатели како влеговте во новинарството и што значи оваа работа за вас?
ИАННА- Јас сакав да бидам новинар од 15 години, исто како мајка ми која беше новинар, па работеше и во јавен сектор, и јас чуствував дека имам талент да бидам новинар. Квалитетот да си новинар е да си куроизитетен. Јас учев новинарство во Молдавија, тв репортажи и секогаш почнував со мислата дека треба да бидам креативна за да ги натерам луѓети да ме слушаат.
ТАТЈАНА- Работите на неколку места како новинар, каде се тие и колку е предизвик за вас овој тип на работа? Да работиш на повеќе полиња или нешто друго?
ИАННА – Во Моладавија работев на приватна телевизија, имав серија за дилпматската кариера; имав снимател, монтажер, а во Брисел кога дојдов се сум јас самата. Јас пишувам, снимам, монтирам, целиот пакет го правам сама. Се морам сама. Животот ми даде можност да бидам член на Прес клубот на Брисел од 2011 година и тоа се новинари кои имаат акредитации во Брисел , од многу земји кои доаѓаат на кратко или подолго да известуваат од Брисел. Исто така сум дел и од дипломатска платформа за абсадсадори на ЕУ. За мене е многу важно да си член на некоја професионална организација , тоа е важно за мене, и тука се иницијативите за Европскиот парламент. Исто во Молдавија формиравме Медиа арт дијалог, за да може да се сретнуваат луѓето од медиумите, уметноста и културата, да се вмрежуваат да се запознаваат. Тоа за мене е многу важно Јас имам и Платфрома и работам во Бенелукс (Белгија, Луксембург и Холандија). Многу мислат дека Белгија и Брисел се многу здодевни град и земја, но ако знаете каде да одите имате да откривате разни интересни нешта кои се резултат на мешањето на разните групи на народи на овие простори?
ТАТЈАНА – Вие сте од Молдавија и живеете во Белгија, од кога и како се вклопивте во овие две средини?
ИАННА- Татјана моите родители се сретнале во Германиј, а тие биле многу отворени луѓе, многу Европски и јас покрај Клубот имав можност да бидам Европјанка а после тоа и горда Молдовка. Кога го сретнав мојот сопруг, кој работи 25 години во Европаскиот парламент ми беше предизвик ама мене ми беше убаво . Немаме некои културни разлики, но што се однесува до фамилијата и приватната традиција има разлики. Мојот сопруг е Белгиец и целото неговор семејство е типично белгиско и да има разлики во културата, обичаите меѓу Белгиското семејство и моето Молдавско. Јас пијам чај, тие пијат кафе на пример, Неговото семејство е многу културно, стабилно, додека моето исто како на Балканот ние сме многу емотивни но тоа не ми е проблем, јас сум индивидуалист.
ТАТЈАНА – Кој е вашиот најголем предизвик во новинарството, да бидеш своја, секогаш секаде, да патуваше. Во мојата генерација сите сакавме д апатуваме. Но, не секогаш е тоа приоритет.
ИАННА – За мене е да бидам да бидам на различни места , на пример на две места во исто време. Јас многу сакам да пишувам но првата работа е ТВ станица, и ја сакам таа работа со слика, интервју, зборот, разговорот. Јас сакам тв новинарство многу. Тоа ме обзема целосно.
Т АТЈАНА -Ве разбирам потполно јас работев 29 години во ТВ. Каков е вашиот став за Националната платформа од она што го гледате овде? Како се чувствувате на Самитот, бевте и панелист во делот успешни приказни за поддршка на женското претприемништво. Како се чуствувате ?
ИАННА- Мислам дека е многу добро идеја да се има Национална платформа за женско претприемништво, жените можат да се здружат и да се борат против стереотипите во ова традиционално општетсво. Ова е многу важно за жените за да се инволвираат во бизнисот. Имаше брилијантни презентации од жени и за жени и навистина добив идеи за иднина. Самитот ја обединува меѓународната експерстка фела за претприемништво, да се оди напред да се направи повеќе, добра иницијатива, одличен проект за жените и нови искуства.
Ви посакувам пријатен престој и се најдобро и ви благодарам многу . Се надевам дека можеби ќе се сретнеме на друго место и да зборуваме за новинарството, за нашата заедничка професија. А сега предлагам д аги поздравите нашите слушателки на молдавски
Со задоволство- Фала, на молдавски, белгиски и фламански .
Епизодата ја подготви и реализираше М-р Татјана Гогоска
За гостинката
Каде и со што најчесто го поминувате слободното време и како ја полните енергијат а- ја прашав Коцари, а таа согласно и нејзината работа како новинар од областа на културата, ми кажа дека сака да посетува културни настани, често патува со нејзиниот сопруг кој е Белгиец и ја посетуваат неговата фамилија, се дружат со пријателите и најмногу сака да биде во друштво кое ја прави среќно. Инаку нема разлика меѓу нејзиниот професионален и приватен живот. Најмногу ги сака музеите, го сака Белгискиот урбан живот додека во Молдавија повеќе уживала во природата.
https://www.facebook.com/friends/?profile_id=554857959¬if_id=1669148948732190¬if_t=friend_confirmed&ref=notif