Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА

ТАТЈАНА- Добре дојдовте во Радио  подкастот верадио.мк,  на Националната платформа. Со мене е Берин Кулели, претприемачка и Потпретседател на КАГЕДЕ, организација на бизнис жени од Турција. Берин вие сте тука  на Вториот Самит на женско претприемништво во Скопје, како се чувствувате?

БЕРИН- Многу предизвикувачко бидејќи вие на Самитот  го поставувате женското претприемништво на педистал а јас бев поканета да бидам дел од ова и да ги споделам моите видувања и да зборувам за можности  кои ги имаат жените во бизнис светот.

ТАТЈАНА- Вашата професионална работа е инспиративна. Би ве замолила на нашите слушателки да им кажете како стигнавте во претприемачките води?

БЕРИН- Јас работев во Шел компанијата и направив проект за да има поголема понуда на потрошувачите и мојот менаџер ме прати да видам како функционираат  Шелл бензиските во светот. Јас ги посетив многу од нив и се здобив со сознанија. Кога се вратив во Турција реков ние можеме да го направиме тоа, ние немавме такви селф сервиси и размислувајќи што е најпотребно за возачите и потрошувачите. Направив едно тренинг- испитување и добив можност да докажам дека мојата замисла е добра. За жал немаше компанија во Турција која ова ќе го направи и јас си реков дека е добар предизвик за мене, иако не сакав да  влезам во претприемништво, сепак го прифатив заради потрошувачите во Турција и ја напуштив мојата организација и ја посетив Петролеум компанијата во Турција и им го објаснив мојот проект и желни .Тие ми поверуваа после две години и почнав некој вистински бизнис кој е за прв пат во Турција, и јас ја основав мојата организацијата и најдов компанија во САД  која е најдобра во тоа, им пишав и побарав совет и тренинг како да го направам мојот бизнис успешен. И така мојата Турска компанија стана глобална на барање на други Турски компании и сега работиме со 50 земји во светот.

ТАТЈАНА – Јас ги подготвив прашањата но веќе одговоривте на дел од второто па да продолжиме. Вие сте во бизнис светот, имате компанија  Пирамит Данишманлик, што се работите, што друго работите ?

БЕРИН-Јас сакам да се концентрирам само на продажба и само продожба.Јас сакав да бидам бренд во мр шошинг сервисот и сметам дека го направив тоа во Турција

ТАТЈАНА- Покрај во Турција работите и во дури 50-тина земји, кои се вашите активности и каде се се насочени?

БЕРИН- За мене  добрата  услуга на потрошувачите и задоволување на нивните потреби  е првенствено. Имам 60.000 продавници , и многу реални потрошувачи. Кога ја гледаме продавницата низ прозорецот, вие гледате потрошувачи, во осигурителна компанија, продваница и го делите проектот онлајн, ако сакаат да го посетат и видат дека тој супермаркет е блиску , вработени кои се грижат за задоволни муштерии

ТАТЈАНА- Работите како е заменик-претседател на Одборот на директори  на КАГИДЕР и благајник од 2019 година, а исто така ја предводите и стратешката група за развој на пристап до финансии и претприемништво. Што се опфаќа тоа?

БЕРИН- Кагидер е невладина организација основана 2002, јас сум вицепретседател и тој има 8 стратешки групи, едукација,меѓународни односи… јас сум одговорна за финансиската група и ние креатираме проекти како жените создадат финансиски можности, работиме на подршка, вмрежување, ние креираме и соработуваме со јавниот и приватниот сектор и ние им помагаме на жените претприемачки организиараме настани,пикнизи,заеднички работи им помагаме да соработуваат со јавниот и приватниот сектор. Ние ги тренираме што им треба и како да инвестираат и ги тераме инвеститорите да вложуваат во бизнисто на жените претприемачки.

ТАТЈАНА- Вие сте дел од обуката за менторите во Мрежата на проекти за ментори на Европската унија и менторира многу жени претприемачи. И сте една од 3-те жени претприемачи избрани од Балканската женска комисија да бидат пример за жените претприемачи во светот. Какво искуство за вас е тоа? Тоа е сепак голема работа.

БЕРИН- Балканската комисија ја праша Турција да избере 3 жени кои ќе ги инспирираат жените во светот за претприемништво. Имаме видео како да ги мотивираме, што да очекуваат и јас зборувам во него и држиме обуки и едукации со жените претприемачки и тоа е многу убава работа која јас ја сакам и сепак ми претставува голем и убав предизвик.

ТАТЈАНА – Каков е вашиот став за Националната платформа од ова што тука го гледате, сега е Самитот. На 10 минути пред да почне панел дискусијата  во која сте  панелист во делот на успешни приказни во поддршка за женско претприемништво. Како се чуствувате?

БЕРИН – Возбудливо и инспирирано за мене е да зборувам за моето искуство и можеби ќе инспирирам друга жена да го направи овој голем  чекор. Самитот е голем предизвик за мене. И мислам дека е убава и многу корисна работа.

ТАТЈАНА- На крај можеби би сакала да ве замолам и да ве поздравам на македонски и очекувам повторна средба можеби во Истанбул. .

БЕРИН- Секако би сакала, ви благодарам а поканата на Самитот и во овој радио подкаст еве поздрав до слушателите.

За гостинката

ТАТЈАНА – На крај би сакала да Ве прашам за вашиот приватен живот. Покрај што сте професионално ангажирана вие сте сопруга и мајка. Како ги завршувате сите обврски и каде најчесто си ги полните батериите?

БЕРИН- Јас инвестирам во себеси .Сакам да патувам, и затоа сум претприемачка, сакам да видам што повеќе, јас читам, шетам, се дружам со моите пријатели. Јас не го поминувам моето време сама, сакам да давам консултатнски услуги, да помагам, цело време да сум во движење. Јас сум фамилијарна жена со  мојот сопруг кој работи во компанијата, шетаме, се дружиме. Имам ќерка и мојата ќерја заврши Универзитет-Клиничка психологија и е самостојна личност. Јас никогаш не запирам, можеби сум паднала но станувам и поцврста продолжувам.

  • https://www.facebook.com/berrin.kuleli