Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА

Во денешнава епизода на нашето единствено верадио имаме можност да зборуваме со Даниела Јосевски избрана за “Најдобрa жена претприемач во категоријата микро компании – Јосевски Консалтинг од Кочани, на Самитот за женско претприемништво што неодамна беше одржан по втор пат.

Добар ден Даниела и добредојдовте во нашиот подкаст

Добар ден Татјана и ти благодарам за поканатса да бидам дел од оваа емисија .

ТАТЈАНА– Најнапред честитки за наградата , како се чуствувавте кога дознавте дека сте добитник на наградата и како кога ја примивте? Што претставува за вас ?

ДАНИЕЛА- Националната награда за жена претприемач во категоријата микро компании за мене дојде многу ненадејно и мора да ви признаам дека ми донесе бура од емоции, измешани чувства на задоволство и одговорност. Да бидеш најдобар во државата, според поставени критериуми, во време кога се сомневаме во вредностите, кога мислиме дека сѐ е наместено по некакви други основи освен квалитетот на работата и професионалноста – навистина за  мене беше еден нов момент и вистинско  пријатно изненадување. Веста дека компанијата Јосевски консалтинг, според Централен регистар е со највисоки оценки според остварените приходи, новите вработувања, итн. ми ја соопштија од Стопанска комора.

Наградата за жена претприемач во микро компании за мене е еден вид сертификат, признание за вложениот труд и голема мотивација да продолжиме така и понатаму. Задоволна сум и среќна сум што сум најдобра жена претприемач на микро компании во државата, во категорија каде што имало и најголема конкуренција.

Наградата ми беше доделена во Скопје на Вториот годишен самит на Национална платформа за женско претприемништво во организација на Здружението на бизнис-жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија. Настанот беше одлично организиран, им благодарам на сите, на претседателката на Националната платформа Валентина Дисоска и на регионалната координаторка Ирена Мирчовска. Човек се чувствува почестено кога знае дека е во друштво со најдобрите. За жените пак, ова е посебно важно, ако се има предвид фактот дека во нашето општество сѐ уште се учиме на потребата од родова еднаквост.

ТАТЈАНА- Веќе 15-тина години сте во сферата на сметководтсвото а од 2013 го регистриравте Сметководственото биро ЈОСЕВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ како Овластено друштво за вршење на сметководсвени работи во февруари 2013 година  а вие сте Овластен сметководител . Со кој се предизвици се сретнавте во овој период?

ДАНИЕЛА – Со сметкововодство се занимавам веќе 15тина години , од кои 10 во сопствено сметководствено биро . На почетокот започнавме 2ца со мојот сопруг кој истотака е сметководител , и ние сме од првата група кои се стекнаа со лиценца од Министерството за финансии . Таа Лиценца подоцна беше заменета со Уверение од У
Институтот за сметководители . Со то и двајцата имавме уверенија и го исполнивме условот за основање на сметководствено биро . Претходно и двајцата имавме искуство во други сметководствени бироа каде се стекнавме со знаење од оваа професија . Започнавме во една мала канцеларија и со неколку клиенти . Бројот на задоволни клиенти постојано се зголемување , па така денес сме 5 вработени и работиме во модерно уреден сопствен деловен простор со повеќе клиенти кои се и од други региони во земјата а не само од Кочани каде се наоѓаме .

Во текот на сите тие години се сретнавме со многу предизвици , кои се трудевме успешно да ги совладаме .

Сметководството како професија , како и секоја друга си има своја тежина и одговорности  . Се соочуваме со честоменување на закони , кои правилно треба да ги толкуваме и применуваме .

Се сеќавам на периодот кога започнав да се занимавам со сметководство за исготвување плата со поголем број вработени се пишуваа начози за секој вработен и тоа 6 налози за еден вработен . Ако во фирмата има 100 вработени се пишуваа 600 налози . Од 2009 година платите се прават електронски и многу брзо . Даночните пријави и завршни сметки се поднесуваа во хартиена форма . Се чекаше ви УЈП и ЦРМ за да бидат поднесени . Денес и тоа се прави електронски . За завршни сметки сеуште постои опција за поднесување во хартиена форма но мислем дека голем број на сметководители тоа го прават електронски . Електронското пријавување на и одјавување на вработени ви АВРМ , електронското банкарство , се дел од предизвизите кои на почетокот изгледаа како сложени и тешки , но денес со нивна примена нашата работа е олеснета и побрза . Сите предизвици кои ги имавме во текот на секојдневната работа не прават помудри , позрели и похрабри да продолжиме понатаму .

ТАТЈАНА– Велите дека квалитетна услуга на вашите клиенти, следење на Законските регулативи и постојани иновации, низ обуки и наодградувања се основата за успешноста на вашата компанија. Како го постигнувате сето тоа?

ДАНИЕЛА- Се трудиме во нашата канцеларија да има убава работна атмосфера , да владее хармонија и организираност . Тогаш и нашите клиенти се чувствуваат слободно и пријатно да може да разговараме за нивните планови , идеи и да бараме решенија , во која насока да се движат да растат и да бидат успешни .

Како овластени сметководители имаме обврска да посетуваме пропишани часови и годишна обука од консултантски куќи , каде сме претплатени Тие да не советуваат и известуваат за сите законски измени , и секојденвно ни испраќаат мејлови со сите новини .

На тој начин го прошируваме и надградуваме нашето знаење и успешно го применуваме во секојдневната работа .

 

ТАТЈАНА- Вие сте дел како дел од основачите и дел од менаџерскиот тим на Платформата за огласување и аукции MK. Следејќи ги светските трендови , Маркетплус.мк е платформа која е изработена според теркот , брзината и квалитетот најновите и најпознатитте светски брендови од оваа област . Што се нуди оваа Платформа да им објансите на нашите слушателки?

ДАНИЕЛА- Платформата Маркетплус.мк нуди Огасување од сите категории како возила , недвижности , технологија , работа и бизнис , хоби и слично . Типот и начинот на огласување не познат на нашите коминтенти .

 

Она по што се разликуваме од сите други е тоа што нашата платформа нуди  Освен класичното оглассување и опција  за поставување на Аукција (наддавање ) .

 

Еве еден краток опис . Најпрвин потребно е клиентот да се регистрира со Валиден маил се верифицирааат неговите податоци  . Потоа го плаќа членството кое е на годишно ниво и се движи од 100 до 490 денари . И тогаш пристапува кон внесување на податоци за Аукцијата а тоа се Назив на продуктот , Категоријата во која е самиот Производ  Опис , Почетна Цена и времетраење на аукција .

Лицата кои пак учествуваат на наддавањето исто така треба да се регистрирани со што прават Валидација на нивните податоци и потоаа наддаваат . Системот препознава цена и вредноости на наддавање и автоматски му дава понудени три нови цени за зголемување на понудата . По истекот на времето победни на аукцијата е лицето со понудена највискоа цена .

 Кај лицето победник на аукцијата потоа пристигнува нотификација дека е победник , а истото пристигнува и кај продавачот со податоците од победникот со што директно остваруваат контакт за испорака .

 Платформата нуди можност за реклама и промоција преку Банери и Разни типови на позиционирање на огласите .

 

 ТАТЈАНА- Со Маркетплус.мк Веќе сте и со дополнителен развоен план и имате потреба од потенцијални инвеститори со кои заедно ќе го реализирате и промовирате целокупниот проект , каде можноста за успех на национално ниво е загарантирана , но и со можност за проширување на Балканот . Што ќе биде вашиот фокус во овој дел?

ДАНИЕЛА –По направено неколкугодишно истражување и во соработка со Реномирана компанија од оваа област направени се детални мерења со што се стекнавме со многу прецизни податоци . Дојдовме до констатација дека имаме потреба од инвеститор со кој заеднички ќе го реализираме проектот и конечната цел која е достигнувањето на Врв како национална платформа за огласување и Аукции .

Потребата од инвеститор или инвеститори е тоа што со заедничка финансиска проекција ќе овозможиме забрзан напредок и успех , а за возврат инвеститорите ќе добијат дел од компанијата а со тоа и дел од профитот кој според сите параметри е Доста солиден .

 Фокусот е комплетна реализација на идејата како и Интензивна Национална промоција со  Врвни резултати .

ТАТЈАНА– Со стартот на Новата 2023 години нов предизвик. Вие сте  Директор , н заедно со целиот тим на Јосевски консалтинг сте ЕКСКЛУЗИВЕН соработниик на Националната платформа за Дигитално Фактурирање и Сметководство MK  . Проектот стартува на почетокот 2023 и Веќе сте во преговори со многу фирми и имате склучено договори за соработка со неколку десетици фирми. Што носи ова дигитално фактурирање? Верувам дека ќе биде од корист да ни објасните?

ДАНИЕЛА – DIGITALHUB.MK  е платформа за дигитално фактурирање и сметководство . Јосевски консалтинг ќе биде ЕКСЛУЗИВЕН соработник како Овластено сметководствено биро и учествува во проектот од самиот старт за комплетирање на проектот .

Корисниците на платформата можат да ги користат услугите со тоа пто преку платформата можат да изготвуваат сами фактура која по изготвувањето електронски се потпишува и праќа кон кој е наменета . Со изготвувањето автоматски се и контира . При прикачувањето на Влезните фактури на самата платформа , корисниците го бираа описот на фактурата и Добавувачот и тие исто така автоматски се обработуваат .

Направена е и комуникација со Банките каде изводите од банка се добиваат во формат кој сам се евидентираат . Нешто слично и големо олеснување е и со преметката на плати .

Клиентите немаат обврска да доаѓаат кај сметководителот Физички . Има и рубрика за прашања и коментари каде може да се закаже и онлајн состанок за консултација со сметководител .

Работата на сметководителот е контрола и корекција на евентуални грешки при изборот на клиентот и негова консултација за понатамошната работа и прашања околу истата  .

 ТАТЈАНА- Кои се вашите ставови за Националната платформа за женско претприемништво?

  ДАНИЕЛА– За Националната платформа за женско претприемништво слушнав и се заинтересирав кога веќе бев влезена во конкуренција за наградата. Знам дека тоа е проект чија цел е да биде единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа. Целта е со политики и активности да се намали родова нееднаквост во учеството во економскиот живот на земјата и во пристапот до ресурсите и можностите. Со платформата за женско претприемништво очекуваме зачестен и подобар дијалог, структурна соработка и доверба помеѓу националната  односно локалната власт и деловната заедница – во корист на економското зајакнување на жените, вклучително и младите и руралните жени. Поврзувањето на приватниот сектор со институциите, општините и сл. ќе придонесе за развој на претприемачката свест и свеста за постоење на можност за креирање на заеднички политики кои ќе придонесат за општото добро.

 

ТАТЈАНА- Што би им порачале на жените кои сакаат да влезат во светот на претприемништвото а се двоумат?

ДАНИЕЛА- Жените можат подеднакво да бидат успешни како мажите. Нема потреба од двоумење, ако се има добра бизнис-идеја и план – слободно нека почнат. За сѐ нешто е потребно да се направи првиот чекор, да се совлада стравот. Многу често во јавноста се појавува една фотографија на која на трка меѓу жени и мажи пред жените се испречуваат кујна, машини за перење алишта, мали деца што треба да бидат нахранети и сл., но ако се учиме дека семејните обврски треба да се поделат и добро да се организираат обврските во домот, ќе биде полесно не само за поединците туку за целото семејство и за заедницата. Нема машки и женски работи, нема машки и женски професии, време е да надминеме многу стереотипи и предрасуди што ни ги наметнуваат и традицијата и културата и навиките. Една од најважните работи, според мене е секоја жена да биде свесна дека треба да биде економски зајакната. Тоа значи, да има редовни приходи, да има имот на свое име, да има свој бизнис или да биде сосопственик во семејната компанија. Тоа ѝ овозможува да се чувствува рамноправно во општеството. Да ги надминеме стереотипите дека имотот мора да биде на име на сопругот, дека со наследство се стекнуваат само синовите, не и ќерките, дека информатичките науки се за машките, дека жените се послаби раководители од мажите. Едноставно е: ни полот ни расата ни нацијата ни верата се критериуми што ги определуваат квалитетите на човека. Секој треба да има еднакви можности да се развива, па да успева според знаењата и способностите што ги поседува. 

ТАТЈАНА–  Каде и на што ќе се фокусирате во следниот период во својата претприемачка работа?

ДАНИЕЛА- Во текот на разговорот веќе ги навестив следните чекори во нашата работа. Ќе ги следиме современите трендови, дигитализацијата, ќе ги јакнеме човечките ресурси… Се надеваме дека со квалитетот во работењето, одговорноста кон клиентите и професионалниот пристап воопшто ќе продолжиме успешно да ја јакнеме компанијата и да бидеме добар пример и во Кочани и во државата.  

Ви благодарам за разговорот а за вас нашите слушателки во денешнава епизода на нашето единствено верадио имавме можност да зборуваме со Даниела Јосевски избрана за “Најдобрa жена претприемач во категоријата микро компании – Јосевски Консалтинг од Кочани, на Самитот за женско претприемништво што неодамна беше одржан по втор пат.

Ви благодарам за учеството во радио подкастот на единственото верадио.мк

За гостинката

Даниела со сите професионални ангажмани има малку слободно време кое кога же го најде го поминува најмногу со фамилијата, со децата и сопругот во прошетки и дружби а љубител е на добра книга.

  • http://marketplus.mk/

    https://www.facebook.com/daniela.josevski.3