КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА
ВЕРАДИО СО ИРИНА ТРОСТЈАНСКА – НАЈУСПЕШНА МЛАДА ЛИДЕРКА- САМИТ 2022
Да си млад, да се образуваш и да знаеш што сакаш е голема предност. И ако за тоа добиеш и верификација навистина е вистинска среќа.
Со нас во денешната радио епизода на нашиот подкаст е Ирина Тростјанска , најуспешна млада лидерка, награда која ја доделува Националната платформа за женско претприемништво на вториот САМИ 2022 година кој се одржа минатиот месец.
Добредојдовте Ирина во нашиот подкаст
ТАТЈАНА- Пред се какво беше чуството кога дознавте дека сте добитник на ова награда?
ИРИНА – Различно чуство имав. Кога го добив меилот дека сум наградена се израдував и се изненадив но не придадов големо змачење. Едноставно не знаев. Но, кога на Самитот ја добив наградата тоа беше преголема среќа за мене, видов дека е многу големо признание, бев исклучително возбудена што се забележуваше и сеуште таа возбуда и среќа ме држат.
ТАТЈАНА-Вие сте претприемачка, сопственик на ФИТ МИКС СТУДИО ТРОСТЈАНСКА а сте магистер по економија вработена во Скопски плански регион. Каде го најдовте спојот на овие две професии да кажам?
ИРИНА- Спој и да нема, цел живот од многу мала се бавам со спорт. Вежбав рекреативно и од хоби ми помина во споредна професија. А во Скопски плански каде работам 10 години и таму можам да ја истакнам креативноста во разните соработки на домашно и европско ницо.
ТАТЈАНА-Вљубена сте во спортот од дете. Што претставува спортот за тебе?
ИРИНА- Првенствено спортот го гледам како здравје за секој човек,сметам дека секој треба да спортува ако не професионално, рекреативно сортот не одржува во добро здравје и тој како спорт сметам дека е добар иако сум во работен однос не сум дозволила да не спортувам барем малку. Генерално на дневно ниво поминувам сама во вежби.
ТАТЈАНА-Малку сега за вашата претрпиемачка дејност. Што се работите, што се содржи ФИТ МИКС СТУДИО ТРОСТЈАНСКА?
ИРИНА – Со претприемништво почнав во време на корона криза, отсекогаш сум вежбала и кога рестрикциите почнаа,и онлајн часови, се затвораа спортските сали и објекти ,и тогаш ми се појави идејата за бизнис. Од идеја до реализација стигнав брзо. Ја осмислив бизнис идејата и направив моето студио да е поразлично. се вежба индивидуалбно и максимом до четири.Концептот ми е микс се вежба на справи и трака за трчање и друго а остатокот е функционален тренинг, пилатес,полутопка, топка, ставови и друго.
ТАТЈАНА– Сигурно се соочувате со предизвици, кои се вашите со кои вие се соочувате?
ИРИНА- Предизвиците ги има секојдневно,но многу е битно човек кога има цели и се бори со нив за да ги остварите.Важно е да си дадете одговор на неколку прашање, здравје,кариера најблиски.Кога ќе го откриете тоа е полесно и знаете што ќе правите во животот.
ТАТЈАНА-Што мислите за Националната платформа за женско претприемништво и општо кој е вашиот став за женското претприемништво? И секако каква енергија и спомени имате од САМИТОТ?
ИРИНА- Голем поздрав за оваа платформа, требаше да се поттикнат жените претприемачки. Ги има многу и се вели дека жената е подобар претрпиемач зошто е подобра домаќински и затоа треба да се даде шанса и можности како и поттик.Жените се подобри лидери од мажите според мене дефинитивно.
ТАТЈАНА-Работите во Скопскиот плански регион, што е вашиот предизвик во оваа работа?
ИРИНА-СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН соработува со сите општини на град Скопје и урбани и рурални, с евмрежуваме и соработуваме,комуницираме со општините з аразни проекти,работиме заедно со бизнис секторот со невладини организации.
ТАТЈАНА-За крај, ајде малку за вашите планови во иднина. На што ќе се фокусирате во следниот период?
ИРИНА-Со оглед на тоа дека сум две години на пазарот, но наредните две години рамзислувам з апроширување на други места, концептот е ист со една иновација која нема да ја откријам засега.
Ирина ви благодарам за учеството во оваа епизода а за нашите слушателки ја слушнавте епизодата со Ирина Тростјанска , најуспешна млада лидерка, која ја доделува Националната платформа за женско претприемништво на вториот САМИТ 2022 година, сопственик на ФИТ МИКС СТУДИО ТРОСТЈАНСКА.
Ви благодарам и на Вас!
Епизодата ја подготви и реализираше Татјана Гогоска
За гостинката
Освен спортот Ирина сака долги прошетки во парк со своето милениче, кучето кое го обожава. Инаку за себе вели дека како хороскопски знак -рак, многу е врзана за семејството и дека ужива да е со нив, друштвена личност е и никогаш не останува сама.
https://www.facebook.com/Berovsko