Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА

РОЗЕТА ПАСКАЛИЕВА

Добредојдовте во уште едно издание на радио поткастот на Weradio, поткаст на Националната платформа за женско претприемништво. И оваа епизода за вас подготвивме нова инспиративна приказна на уште една успешна и креативна Македонка.  Јас сум Марија Котовска, а моја денешна гостинка е Розета Паскалиева, лиценциран психолог, Гешталд психотерапевт , тренер и супервизор, сертифициран од Европската асоцијација за Гешталд терапија. Доктор на науки од областа на социјалната психологија и управител на Центарот за едукација и личен развој УВИД, со примарна дејност психотерапија. А кога една личност треба да побара помош од психотерапевт ? Според Паскалиева, вознемиреноста од секојдневните случувања може да има позитивно или негативно влијание врз личноста. Позитивно е ако сториме нешто во врска со вознемиреноста и не натера кон акција за промена, а негативно е кога сакаме да избегаме од проблемите само за да се намали тоа непријатно чувство и тогаш ги одбегнуваме и релативизираме, а проблемите сами од себе нема да се решат. Ако ова се случува подолг период може да се појават анксиозност и панични напади. Во тој случај, вели Паскалиева, треба да се побара помош од психотерапевт.

МАРИЈА Вие сте управител, тренер и супервизор во Центарот за едукација и личен развој УВИД, чија примарна дејност е психотерапијата. Вашата цел е секој поединец да ја нормализира грижата за своето психичко здравје кога се среќава со потешкотии и да пристапи кон психотерапијата, на патот кон психичката благосостојба. Што ве инспирираше и мотивираше да го започнете овој проект?

РОЗЕТА Мисијата на УВИД е да ја популаризира психотерапијата, со цел таа да стане опpотприфатена можност на патот кон психолошката благосостојба. Исто така, УВИД има за цел да ја нормализира грижата за психичкото здравје односно да стане нормално за секој поединец кој има психички потешкотии, да разговара со својот психотерапевт исто како што разговара со својот матичен доктор кога има телесни потешкотии. И токму овие цели ми беа инспирација за започнување на овој проект.

МАРИЈА  Едукацијата која што ја спроведувате е наречена Гешталд психотерапија согласно програмата на ЕАГТ. Кажете ни повеќе детали за овој вид на психотерапија и какви придобивки има од неа?

РОЗЕТА  За да се популаризира психотерапијата треба да има поголем број на достапни психотерапевти. Поради тоа УВИД во соработка со Советувалиштето за хумана соработка организира едукација за идни психотерапевти. Тоа е четиригодишна едукација согласно програмата на Европската асоцијација за Гешталд терапија. Едукацијата се одвива во групи при што секој едукант има можност искуствено да работи на себеспознавање и личен развој, а паралелно да ги учи Гешталд теориите и техниките.

МАРИЈА Меѓудругото, вашиот Центар организира и работилници и семинари со цел континуирана едукација на тренинг групи. Кажете ни нешто повеќе за овој едукативен сегменти и какви услови треба да исполнуваат кандидатите за да се вклучат во овие групи?

РОЗЕТА  Според критериумите на Европската асоцијација за Гешталд терапија, во едукативната група може да се вклучат студенти или веќе дипломирани психолози , педагози, социјални работници, дефектолози, лекари, психијатри или сродни науки.

МАРИЈА Која е разликата меѓу психолог, психотерапевт и психијатар?

РОЗЕТА Психологот е лице кое завршило Филозофски факултет во одделот психологиј и може да работи во училишта, градинки, болници и работни ораганизации. Психотерапевтот е лице кое по завршувањето на факултетот за психологија или сродна наука, посетува дополнителна четиригодишна едукација за психотерапија. Може да работи во болници или во сопствена приватна канцеларија. Во својата работа псхотерапевтот користи само терапии во форма на разговор без фармако терапија. Психијатарот е лице кое завршило медицински факултет, а потоа и двегодишна специјализација за психијатрија. Може да работи во болница или приватна пракса и на пациентите може да им препишува фармако терапија.

МАРИЈА  Со какви предизивици најчесто се среќаваат вашите клиенти и кои методи ги користите за да им помогнете во надминување на истите?

РОЗЕТA Освенб едукацијата за Гешталд терапија, во УВИД работам и индивидуални сеанси при што користам техники од Гешталд терапија, трансакциска анализа и семејно советување. Зависно од проблемот на клинетот ги избирам и техниките со кои ќе работам. Проблемите со кои најчесто  доаѓаат клиентите се поврзани со симптоми на депресија, анкзионост, панични напади или опсесивно компулсивни неврози. А доаѓаат и родители кои имаат потешкотии во воспоставување на граници кон нивните деца.

МАРИЈА Во овие стресни и брзи времиња, веројатно и ретко кој од нас, барем од време на време, не се соочува со некаков облик на вознемиреност. Кога и како може да си самопомогнеме во тие моменти, а на кои симптоми треба да реагираме и да побараме и помош и поддршка од психотеравпет?

РОЗЕТА Во овој брз и стресен начин на живеење, луѓето најчесто немаат време за себе си за да ги да ги преиспитаат своите чувства, постапки или желби. Секодневнието го оценуваат како добро доколку денот мине мирно без некои позначајни поштекотии и проблеми. Но, остварувањето на некои желби и задоволувањето на некои потреби бара и долнителен ангажман. Подразбира и  соочување со некои луѓе, решавање на некои проблеми, истрајност, креативност, планирање.

Епизодата ја подготви и реализираше Марија Котовска

За гостинката

Прашана за тоа која е нејзината порака, како успешна жена, до сите девојки и жени во Македонија, Мицајкова вели: „Би сакала да ги мотивирам жените во Македонија да се охрабрат и да го искористат својот претприемачки дух“.