Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Како е да се биде дел од женското претприемништво?

Уште од студентски денови знаев дека кога ќе завршам со школување , ќе имам свое атеље и свој бренд. И така се случи, откако го завршив школувањето на дипломските студии во Скопје и магистерските во Италија се вратив и отворив свое ателје.

Што дизајнира и креира Ирина?

Јас сум дизајнер кој покажува дека модата е повеќе од убави  фустанчиња и дека модата може да промени  многу. Во моето ателје нудам две до три колекции годишно, мали и лимитирани. Имам и уникатни парчиња, Работам и фустани за специјални прилики, но нудам и консултански и едукативни услуги.

Каде се се видени креациите на Ирина?

Чест учесник сум на Скопје моден викенд, и секоја колекција ми е преставувана и надвор.  Сум учествувала во Нови Сад, Софија, Лондон, Љубљана, во Дизедлорф,  модна недела во Рига.

Како го доживувате претприемништвото?

Ирина-Најголемиот предизвик е кај нас да ги натераш да купуваат луѓето и кежуал парчиња од моден дизајнер за секојдневна употреба, а не само за специјални прилики. Користам одржливи матерјали  и сакам да ги едуцирам оние кои ги носат. Да им давам упатства, предности да ги насочувам.

Кој е  ставот на Ирина кон  проектот Национална платрформа на женско претприемништво?

Ирина-Сите проекти кои ги сврзува општото добро треба да се подржат. Се радувам што сум дел  и што се оформува оваа Национална платформа. Се надевам дека целиот проект а и овие разговори ќе поттикнат да привлечат и други членови да се вклучат.

Ирина, приватно. Што би кажала за себе ?

Ирина– Активист сум и член на граѓански организации.Член сум на здружението Fashion revolution ,кое се залага за чиста модна индустрија.Ги обожавам милениците. Имам две вдомени кучиња кои ми помогнаа многу, поготово во период на пандемијата. Ги сакам животните, помагам и новата колекција ми е за нив токму посветена. Сакам серии,сакам да шетам, сакам да одам на културни настани. Ја сакам културата а не политиката.

Колку е застапена модата во нашиот свет?

Ирина- Можности има, пазар нема. Треба сепак малку респект кон модното образование .Не може секој да прави моден бренд.Тој се создава со години. Се надевам дека квалитетот ќе добие предност.

Каде се гледа Ирина за 5 години?

Ирина -Имам планови за 5, за 10 години.За жал пандемијава многу работи измести. Во следните 5 години предизвик ми е да отворам бутик. Се надевам дема брендот Мини Ирина Тошева з амилениците ќе биде прв на Балканот од ваков вид  и ќе биде успешен.

Порака за младите жени!

Истрајноста, трудот и среќата се клучни. Успесите не доаѓаат преку ноќ но треба да се работи .
А слушателите ги поканувам во моето атеље во срцето на градот во Градскиот трговски центар

За гостинката

Ирина Тошева

Ирина Тошева, моден дизајнер. Дипломски студии во Скопје а магистерски за моден дизајн во Фиренца, Италија. Учествувала на модни ревии во Нови Сад, Софија, Лондон, Љубљана, во Дизедлорф, модна недела во Рига и редовен учесник на Скопската модна недела.

Сака миленици и покрај нејзините две домашни помага на улични, вдомува и се грижи за нив. Во моментов подготвува колекција токму за нив, Мини Ирина Тошева.