Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Како се чувствувате како жена претприемач?

 Добро се чуствувам, иако би сакала да сум одлична. Заради пандемијата многу е отежната работата, поради обемот и Ковид протоколите.

Вие сте адвокат, значи сте дел од сферата на правото. Би сакале да ни кажете кои сфери на правото ви се приоритет?

Адвокатската канцеларија постои  од 2005, како Адвокатска канцеларија Чакаровски со осум вработени и се развиваме како семеен бизнис. Специјалност ни е деловно и корпоративно работење, компании, како и сме консултанти на Европската банка за обнова и развој и сме една од првите адвокатски канцеларии која дава услуги за Законот за јавен пристап на информации.

Како член на Здружението на бизнис жени, дел сте и од проектот  Национална платформа за жени претприемачи. Како гледате на овој проект и кои се вашите очекувања. Дали Националната платформа ќе создаде поквалитетни основи за развој на женското претприемништво?

Ова е еден од најголемите проекти во делот на развој на женско претприемништво. Проектот ветува многу, да се афирмираат жените претприемачи и на жените кои се двоумат со кои им се приближуваат приказните на успешните жени им се дава поттик.

Нашите слушатели би сакале да чујат накратко, која е Данче  приватно?

 Приватно имам прекрасно семејство, подршка едни на други, двата сина се правници, Дамјан работи во канцеларија, магистрираше во Шведска но се врати. Тоа што ме карактеризира е грижата за физичкото и менталното здравје, органска и сирова храна, спортувам, возам велосипед, ментална јога и источна филозофија. Дружењето е неопходно да имаш социјален живот е потреба на секој човек и  дружба со пријатели и духовно работење на себе.

Што би им порачале  на младите жени од вашата сфера,  дали треба да бидат похрабри и да влезат во светот на сопствен бизнис?

Апсолутно е неопходна економска независност на жената. Поборник сум за тоа. Сметам дека жените треба да се образуваат,  да се изучуваат странски јазици но и да се образуваат во странство доколку имаат можност за тоа. По однос на отварање на адвокатска канцеларија, ги охрабрувам, но за тоа потребно е сериозно искуство, предизвици и знаење. Некако стана помодарство веднаш да се отвори адвокатска канцеларија после факултет, без искуство што  по мене не е во ред. Сепак треба и искуство и знаења за да може да се започне овој бизнис како сопствен.

Со какви се предизвици сте се сретнале досега а и сега во вашиот раст како жена претприемач?

Предизвиците со кои се соочив повеќе се однесуваат на релација приватен и професионален живот. Ова беше машка професија затоа што е тешка професија. За неа треба многу време, труд и да се носиш со сериозни одговорности.Тоа не значи дека жените не се способни, но тука е семејството. Многу е тешко да бидеш грижлива сопруга мајка а да си адвокат. Јас не можам да направам јасна разлика помеѓу приватниот и професионалниот живот. Работните обврски, мислите ги носиме во себе и поради тоа неопходно е да се направи баланс. Јас сум 24/7 достапна и за семејството и за професијата во зависност од фокусот.

Каде се гледате за пет години ? Имате ли некој свој план за развој на бизнисот?

Во овие турбулентни времиња тешко е да се прават планови, но јас се гледам во оваа професија а адвокатурата ја гледам како успешна семејна компанија со европски стандарди насочена кон интернационални компании.

За гостинката

Данче Чакаровска

Адвокатската канцеларија Чакаровски постои од  2005 година. Има осум вработени и се развива  како семеен бизнис. Специјалност и е деловно и корпоративно работење на  компании, но работи и во сите сфери на деловното и корпоративно работење и застапување.

Приватно, Данче Чакаровска  има прекрасно семејство, кое е подршка едни на други и каде двајцата синови се правници. Дамјан, постариот веќе три години работи во канцеларија, магистрирал во Шведска но се вратил да биде дел од семејниот бизнис. Тоа што ја карактеризира Данче е грижата за физичкото и менталното здравје, органската и сирова храна и се приоритет, спортува, вози  велосипед, применува ментална јога и источна филозофија.

Дружењето е неопходно  за Данче и смета дека само со социјален живот, дружба со пријатели и духовно работење на себе, можеш да бидеш целосна личност.