Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Што е СОЛС и како Вие  се одлучивте да влезете  во  светот  на  бизнис жените ?

СОЛС е стартап компанија сеуште, која  ја работам со партнер. Пред тоа имам 20 години искуство во ИТ голема компанија. После тој период дојдов до ниво на кое  се прашував што понатаму и одлучив да почнам нешто ново. Сметав дека после многу години ќе се каам ако не пробам нешто ново. Единствен предизвик ми беше целото искуство низ годините и моите потенцијали. Сакав нешто позади мене да оставам. Си мислев, иако не успеам секогаш имам можност да се  вратам во корпоративна средина. Така се одлучив за таков чекор.

Беше ли тешко да дојдете до соработката со меѓународни компании ? За што станува збор подобро вие ќе ни објасните?

Интернационалните компании ни се голем предизвик и имаме многу разбирање и убава соработка. Нема проблеми во можностите, немаме пречка дали сме локални или од Македонија. Нашата предност е дека им нудиме квалитет и сме поефтини и поподготвени за флексибилна соработка. Тешко е  додека почне соработката а кога ќе почне веќе немаме проблеми, ние сме им партнери и имаме супер односи .

Ја одбравме како гранка текстилната, затоа што  има клиенти кои се заинтересирани за неа, а ние најдовме тука “дупки“ кои би можеле да ги пополнуваме и да сме успешни.

Кој е вашиот став за проектот Национална платрформа на женско претприемништво ?

Јас скоро дознав за платформава и многу сум пријатно изненадена. И тука оваа енергија што ја чуствувам е баш охрабрувачка. Јас исто ги мотивирам младите да се храбри, одлучни,  да работат на себе. Ми се допаѓа нешто кое ги обединува жените. Мислам дека ќе слушнат ќе допре до нив  и се што се прави,  ќе се почуствуваат жените кои се двоумат да се охрабрат. Овој проект може  да се развива и да се оди кон вмрежување на жените.

Елон Маск има кажано: Типот на американскиот Baby shower треба да се преземе на економски план во претприемништвото. Ако некоја компанија почнува,  треба да се направи средба и секој нешто што може да  помогне, да се понуди да помогне  и на  тој начин се олеснува почетокот и жената која е пред голем предизвик има олеснувања.

 

Убава насока Ирена, да се развие соработката, помошта и емпатијата! Со кој предизвици се сретнувате како млада жена претприемач и што би им порачале на младите жени кои се во дилема  дали да влезат во светот на претприемништвото?

Главните предизвици не ми се затоа што сум жена. Таа стартап компанија носи многу обврски . Имам семејство пораснати деца, кое функционира. Немам предизвици од тоа што сум жена. Предизвиците ми се од самиот почеток на компанијата.

 Нашите слушатели би сакале да чујат накратко, која е Ирена приватно?

Ирена е мајка на две деца ќерка од 18 и син од 13 години и сум сопруга.Се надевам дека сум им супер пример на моите деца .Ќерка ми веќе е влезена во светот на  ИТ индустријата и син ми исто.Субјективна сум можеби но страста кон работата е убава особина.

Имам активен социјален живот, се бавам со физички активност, планинарам, вежбам и тоа ми дава енергија, ме чисти и прави да се чуствувам убаво

Имате ли некој петгодишен план за следниот период во кој правец ќе се развивате?

Она што го правам е во виситнска насока, оној дел компанијата ми е како сега проодено дете и треба да сум тука. Најважно ми е да помине фазата и да е фирмата самостојна, да се среќни вработените и заеднички да правиме убави проекти.

Многу млади од сите сфери си го остваруваат сонот да заминат во странство. Дали вие имате такви визии или сепак се гледате тука во сопствената држава?

Субјективно тргнувам од мојата ИТ индустрија. Не треба да си во канцеларија ниту е битно каде живееш. Важно е да се знае да се работи. Овдека е поубав животот. Концептот да се работи за странски клиент а да живееш тука е супер работа.

За гостинката

Ирена Поповиќ

Ирена Поповиќ- софтверски инжинер и косопственик на СОЛС. Има 20 години искуство во ИТ голема компанија. Таа  е сопруга и мајка на две деца, ќерка од 18 години и син од 13 години . Се надева дека е  супер пример на своите  деца. Ќерката веќе е влезена во светот на  ИТ индустријата и синот исто. Субјективна е кон својата професија и смета дека  страста кон работата е убава особина.

Има активен социјален живот, се бави со физички активност, планинари, вежба и тоа и дава енергија и ја прави среќна. Во професијата и е најважно да ја развива својата компанија каде вработените ќе бидат среќни !