Слушајте WERADIO и на:
ТРАНСКРИПТ
Добар ден и добредојдовте во радио подкастот за Женско претприемништво! Како се чувствувате тука кај нас?
Пенка – Тука се чувствува убава женска енергија и мотивација за работа се надевам дека ќе направиме убава емисија !
Тремата ја разбивме а еве епизодата да ја започнеме со едно кратко прашање. Како се чувствувате како жена претприемач веќе 10 години ?
Пенка – Годинава ни е јубилејна година , мал но значаен јубилеј. Направивме многу, консалтингот го донесовме на повисоко нив, направивме бренд и современ начин на работа. Ги растоваруваме клиентите од обврски, тие ни кажуваат што сакаат а ние преземаме и ги завршуваме сите потребни активности!
Вие сте сопственик на Консалтинг Интер Груп , кој е вашиот опсег на работа во сферата на консултанстките услуги и правниот консалтинг?
Пенка –Ние сме консултанска компанија за деловоно и корпоративно право. Имаме и тим адвокати, имаме акредитација за застапување на микро и мали компании. Работиме бизнис планови и им безбедуваме на нашите клиенти подршка од повеќе страни кои се достапни.
Со какви се предизвици сте се сретнале и се сретнувате како жена претприемач?
Пенка- На почетокот не беше лесно затоа што ова во принцип беше машка професија. Кога ќе се стекне довербата се е полесно, општо во однос на жените секогаш е тешко жената да ги усогласи сите работи и да биде квалитетна и дома и во професијата. Но, малку работите се сменија во однос на дискриминачкиот однос на жените.Секој треба да си го истрасира и изоди својот пат и смао така ќе си постигне свој успех.
Сега малку од професионалниот да се префрлиме на приватниот живот. Што ве релаксира, окупира и исполнува во тој дел ?
Пенка – Сакам да планинарам, одморот е потребен на секој. Уживам во планина. Ме релаксира отсекогаш читањето а од скоро предизвик ми е пишувањето во кое наоѓам спој меѓу професијата и креативноста. Во последно време ме окупира и јогата па како ќе биде ќе видиме.
Што би им порачале на младите жени кои се двоумат да влезат во светот на бизнисот. Дали треба да бидат похрабри и да влезат во светот на сопствен бизнис?
Пенка – Секој што сака да започне бизнис мора да има верба во себе, а и истрајноста е многу важна. Секој пат е тежок. Време и енергија мора да се вложат . Најважна е едукацијата надвор од образованието , обуки, вештини,усовршувања и слично.
Каде се гледате за пет години? Имате ли некој свој план за развој на својот бизнис, визија на каде ќе ја носите фирмата?
Пенка- Многу е тешко во ова време да с еправат долгорочни планови. За една година сакам да го задржиме нивото. Имаме претставништво во Софија, отварањето на уште едно во некоја странска земја би било убаво заокружување на процесот.
За крај би сакала да Ве прашам од ваше долгогодишно искуство, промените кои се случуваат во општеството, вие како дел од претприемништвото , има ли услови за развој на жените претприемачи во брза иднина ?
Пенка- Колку повеќе се здружуваме и работиме и треба тоа да го правиме. Благодарение на Асоцијација на бизнис жени има голема позитивна разлика во оваа сфера на женско претприемништво. Треба да се отвараме и да сме подготвени за промени а условите во принцип ги креираме сами.
Ова е епизода на Националната платформа за женско претприемништво а вие активно учествувате во ова неа. Мислите ли дека овој проект кој ќе трае долго ќе создаде услови за зајакнување на жените во бизнис секторот.
Пенка – Не може неколкумина да направат масовни промени. Треба помасовно вклучување на сите за подобри услови за работа и подобри резултати.
За гостинката
Пенка Мукаетова
Пенка Мукаетова, сопственик и генерален менаџер на Kонсалтинг интер груп со 10 годишно искуство во сферата на претприемништвото и консалтинг дејностите. Инспирацијата и енергијата ги црпи од пешачењето по планините во кое ужива секогаш. Читањето отсекогаш и е опсесија и задоволство а од скоро и пишувањето кое и дава дополнителна професионална мотивација. Најнова преокупација и е јогата а колку ќе влезе во тој свет на опуштање остава времето да покаже.