Слушајте WERADIO и на:
ТРАНСКРИПТ
Во оваа епизода ви ја претставувам Фросина Ѓоргиевска производител на јаболка од Ресен која е инжинер технолог, во која струка работела само четири години. Од 2006-та година работи во лабараторијата на Здружението на овоштари Благоја А Котларовски во Ресен, кое е нејзино матично здружение а таму ги истражува почвите а од 2009- та е регистриран земјоделец.
Нејзините бројки достигнуваат производство на околу 200 тони јаболка годишно а плантажите и се наоѓаат во селата Езерен, Покрвеник, Болно, Царев Двор, а произведува од буквално сите сорти на јаболка. Работата во овоштарството бара континуитет и организираност, иако освен во берба, се е механизирано и само тогаш се потребни повеќе работници.
Предизвици има во целиот процес, особено со климатските промени во последниве години но најголем предизвик е пласманот. Нема цена која е загарантирана и таа варира од 5 до 20 денари. Немањето на општа државна политика, е најголемиот проблем, недоволно анимирање на жените претприемачи од рурална средина кои се соочуваат со плус проблеми во секојдневната работа, вели Фросина.
Фросина е дел од прекрасниот документарен филм „Езеро од јаболка“, како експерт од лабараторијата, филм кој ја прикажува општата слика со јаболката во Преспанскиот регион, која за жал е тажна. Секој проект кој се работи за да може да се влијае на подобрување на состојбата во откупот на јаболка, е корисен смета таа.
Треба од проектите да се оди на терен, затоа што така информацијата ќе им дојде непосредно кај жените претприемачки во руралните средини, е ставот на Фросина со која на тој начин го заокруживме разговорот.
За гостинката
Фросина Ѓоргиевска
Фросина Ѓоргиевска од Ресен, жена претприемач производител на јаболка . Таа е инжинер технолог и вработена во Лабараторијата на Здружението на овоштари Благоја А Котларовски кое е нејзино матично здружение.Х оби и е читањето секаков вид на литераура. Сопруга и мајка на син кој останал во родниот крај и ќерка градежен инжиниер која е во Скопје .
Социјално е активна и она што ја дефинира е што ја сака професијата и се она што животот и го дава.