Слушајте WERADIO и на:
ТРАНСКРИПТ
Васка Мојсовска ја започнала својата лозова дејност пред 25 години, заедно со нејзиниот сопруг кога од хектар и пол замјиште кое го насадиле со лозови садници , полека година по година стигнале до 70 хектари насадена замја. Многу работа и јасно поставена цел се основните услови за секој еден кој сака да почне бизнис и тој да трае и да биде успешен.
Претседател е на Федерација на фармери на Македонија, и тоа како што гордо кажува е првата жена и тоа од рурална средина која е на оваа функција а преку Федерацијата е еден од чинителите за формирање и функционирање на Националната платформа на женско претприемништво за која смета дека е потребно тело за жените претприемачки.
Претседател е на здружението „Шира“ , во чии рамките се произведува маџун (познат како лек за подобар имунитет) и други производи од грозје, кое е скоро формирано, но веќе се работи на организирање и заедничко функционирање на пазарот.
Пласманот на производите е секако најголемиот предизвик, а топло ја препорачува веб страната efarm.mk од која секој може директно од производителот да си нарача она што му е потребно, е-платформа со која се помагаат земјоделските производители.
Животниот и семејниот пат и е поврзан со Тимјаник ,место за кое е врзана многу и каде ја нашла целата своја животна и професионална среќа.
За гостинката
Васка Мојсовска
Васка Мојсовска од село Тимјаник- Неготино, е Претседател на Федерација на фармери на Македонија, претседател на Здружението “Шира“ од овој регион, жена претприемач, сопственик на Агро –Калем, најголемиот производител на грозје и лозови садници во Македонија.
Почетоците во бизнисот и се од пред 25 години, кога заедно со сопругот почнале со многу работа и минимален влог да го создаваат своето “гроздово царство“ на кое треба да се горди.
Слободното време го поминува со семејствата на нејзиниот сопруг и нејзиното и вистински ужива, како и во дружби со пријателките.
Од рано детство пишува поезија, која ја релаксира и еден ден се надева дека кога ќе има повеќе време можеби и ќе ги укоричи.
Позитивната енергија и широката насмевка, се начинот на кој би ја опишале најкратко Васка Мојсовска од село Тимјаник.