Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Еден раноесенски ден ,но есен во виситнска смисла на зборот во Тумчевиште се сретнавме со Живка Ѓурчиновска, енергична жена ,претприемач веќе 11 години која може да се пофали со успешна земјоделска приказна.

Како што ни рече во рагзоворот ,пред да почне да се занимава ѐ“сериозно“ т.е. да стане претприемачка испитувал кои производи најлесно ќе ги пласира и така почнала со производство на лешници и поголеми количини на градинарски култури пред се пченка и грав.

Досега не била вклучена во поголеми проекти за поддршка на жените во руралните средини ниту пак во студиски посети во странство, а сегашниот успех го има постигнато со визија за развој, работливост и упорност. Сака да биде дел од некој проект а и овој проект на Национална платформа го подрѓува максимално и очекува резултати за сите жени претприемачки.

Живка ја сретнавме во екот на  правење на ајвар и дурги зимници, полна со идеи и елан за работа. Разговаравме за предностите да се произведува храна во регион додека со восхит гледав во нејзините полици преполни со најразновидна зимница.

На Живка не и е проблем пласманот на производите. Се што произведува и пласира веднаш. Има забелешка за незаинтересираноста за подобрување на условите во руралните средини,посебно кај нив во Тумчевиште сеуште нема градинка а има деца и нема организаиран превоз до Тетово или Гостивар па мора сами да се организираат.

Сепак,смета дека немањето на канализација во селото е најголемиот проблем со кој се соочуваат и дека треба многу брзо да се реши.

За гостинката

Живка Ѓурчиновска

Живка Ѓурчиновска од Гостиварското село Тумчевиште  работи како самостоен претприемач во земјоделството веќе 11 години. Иако се соочува со бројни предизвици во работата, смета дека изборот да се занимава со земјоделство го направила во вистинското време.  Произведува повеќе од 4 тони лешници годишно, како и големи количини на пченица, пченка и грав, а вели дека има и одличен пласман на производите.

Окупирана е со своето семејство и најблиските и со нив го поминува секој слободен миг.

  • https://www.facebook.com/zivka.djurcinovska