ТРАНСКРИПТ
Оваа епизода ви ја претставува Маргарета Moјсовска, фитнес тренер за алтернативен начин на вежбање ЕМС Фитнес, која започна со свој бизнис пред една година и која сеуште во својата стартап компанија го посветува целото свое време и знаење.
Маргарета – Ова е некласичен начин на вежбање со електростимулација , и има многу предности. Најголемата предност е тоа што ви треба многу помалку време да губите од она во вообичаените фитнес и спортски сали.
Нашата цел е на клиентите да им даваме секогаш услуга со пет ѕвезди. Не е важно како другите прават, во мојот план и замисла за работа и развој пред се се клиентите, нормално со граница до каде треба да им се удоволува на нивните барања.
Во тек на работењето се соочувам со многу проблеми. Н,о треба работата да се сака за да се надминат, а се може да се надмине. На оние што сакаат да почнат со бизнис им порачува дека мора да бидат истрајни.
Маргарета– Она што ми е предност во мојата работа е што имав претходно шест годишно искуство. За во иднина многу ми е важно со компанијата да станеме лидери за овој пазар и реално имаме план за ширење во другите земји, секаде има луѓе кои сакат да ослабнат, да се одржуваат , жени после пораѓај кои ги третираме и затоа мислиме дека имаме услови за ширење на пазарот.
За гостинката
Маргарета Мојсовска
Иако не сака да личи на клише, искрено на Маргарета пасија и е работата т.е. вежбањето и спортувањето. Планинарењето е спорт и релаксација кој многу ја привлекува, а кога има време навистина да се опушти тоа време го посветува на читање книги за личен развој и медитација.