Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Оваа епизода ви ја претставува Катерина Ангеловска автор, советник за личен развој, учител по Mindfulness медитација и енергетски терапевт. Со нас на почетокот на разговорот ја сподели својата утринска афирмација, во која посакала совршено  здравје за себе си.

Катерина – Пред да влезам во светот на бизнисот ,работев во една банка во оддел за финансии. Извесно време пред да ја донесам одлуката размислував кога ги гледав нашите клиентки и решив од една сигурна и стабилна работа да прифатам голем предизвик и промена и еве ме .После шест години и покрај сите глобални случувања со короната ,јас сум задоволна жена претприемач

Мене пандемијата ми донесе и многу позитивни ефекти во работењето. Го затворив студиото привремено,но затоа моите книги ги поминаа сите граници, ги издадов на англиски,се продадоа во големи тиражи. Секогаш кога си кретаор на својот живот и имаш позитивна енергија што вибрира се местат коцките за твое лично добро.

Најновата програма за свесно живеење е нависитна многу ефикасна во секое поле од животот на луѓето. Дури помага и во здравствени проблеми на поединците како дополнителен третман.

Човек треба да посветува внимание на себе и на сето она што може да си искреира за да има поквалитетен и поисполнет живот.

За гостинката

Катерина Ангеловска

Катерина Ангеловска, автор, советник за личен развој, учител по Mindfulness медитација и енергетски терапевт. Во светот на живот со самоспознавање, личен развој, разбирање, афирмирање, верување дека сме креатори на сопствениот живот, влегла уште на 19 години. Да го пренесува своето знаење , искуство, енергија и да им помага на луѓето започнала пред скоро 20-тина години а во светот на женското претприемништво пред шест години. Верува дека позитивната енергија е основата за квалитетен живот на секој поединец.