ТРАНСКРИПТ
Oваа епизода e посветена на Билјана Митева, од Кочани, сопственик на фирмата Екопроект КО Кочани, која повеќе од една деценија е во светот на бизнис секторот. За неа сите предизвици со кои се сретнувала во текот на работата се само уште еден чекор поблиску до зададените цели кои се во рамки на екологијата и заштита на животната средина.
ТАТЈАНА – Кога накратко би требало да се опишете како жена претприемач, што најнапред би кажале?
БИЉАНА – Можеби некој друг би требало подобро да ме опише, а јас за себе можам да кажам дека сум упрона, енергична, никогаш не се откажувам што и да ми се случи на патот кон остварување на моите цели. На професионелен план имам поставени цели кои чекор по чекор ги остварувам . За мене нема пречка што не може да се надмине, да се прилагодам и да продолжам понатаму.
ТАТЈАНА– Колку што знам оваа година правите една деценија на вашата компанија Екопроект Ко-Кочани. Што е бенефитот што градот Кочани и неговите жители го имаат од вашата успешна работа?
БИЉАНА – Па бенефитите се многустрани и тоа веќе е видливо. Ние го собираме сето она што претставува товар поготово на бизнис секторот, хартијата, пластиката, електронски отпади и други матерјали и ги ставаме во повторна употреба. Така веќе и во Кочани но и во целиот источен регион.
ТАТЈАНА – Што мислите за Националната платформа за женско претприемништво? Дали е потребна и колку може да придонесе за подобрување на положбата на жените во бизнис светот?
БИЉАНА – Националната платформа за ѓенско претприемништво е одличен проект и е многу потребен затоа што вклучува разни организации кои се одговорни за развој на женското претприемништво, и дава подршка и насоки за жените претприемачи.
ТАТЈАНА– Што би им порачале на младите жени кои се двоумат да влезат во светот на бизнисот . Дали треба да бидат похрабри?
БИЉАНА- Треба да се биде одлучен и храбар , е главната порака на Биљана Митева сопственик на Екопроект Ко Кочани, која за пет години ја гледа својата фирма стабилна и тимот како раководи и работи со неа а таа ќе може да си ги приушти сите оние нешта што ја прават среќна а најмногу престојот покрај море.
Инаку за општествената положба на женското претприемништво сигурна е дека работите полека но сигурно се и же се менуваат во позитивна насока и жените во секое поле ќе го добијат заслуженото место.
За гостинката
Биљана Митева
Биљана Митева е во светот на претприемништвото повеќе од една децанија. Енергијата која ја има и позитивната мисла дека секој предизвик има решение и секоја состојба може да се надмине , во приватниот свој свет ја црпи од книгите кои секогаш кога ќе има слободно време се дружи со нив. Верува дека позитивната енергија е основата за квалитетен живот на секој поединец. Својот личен раст и развој на кој работи постојано и го доверила на една прекрасна личност, медијатор и советник за личен развој и од неа добива позтивни насоки и вибрации кои ги користи во животот на секое поле.
https://www.facebook.com/EkoProektKocani/photos/?ref=page_internal
https://www.linkedin.com/in/biljana-miteva-566a78131/