Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Oваа епизода e посветена на Јасмина Јанева, од Кочани, сопственик на фирмата Јасмин компани, која на пазарот е веќе две години, период за кој се смета дека сеуште е стартап компанија, но сепак за две години компанијата во својата дејност откуп, пакување и пласман на мед веќе има достојни резултати со од 10 до 20 тони откупен, спакуван и пласиран мед.

ТАТЈАНА – Почнавте да работите со мал број на земјоделци, но веќе за две години обемот ви е значително зголемен. Како го правите вашиот бизнис план?

ЈАСМИНА – Јас почнав со помал обем на откуп и пласман, но полека еве за две години веќе имам многу поголем раст на работата во мојата компанија. Имам јасна визија што сакам а тоа е најважно.

ТАТЈАНА– Дали сметавте дека како жена претприемач ќе се сретнувате со бројни предизвици а најважно истите да се надминуваат доколку ги има?

ЈАСМИНА- Па предизвици  има и посотјат, но мене не ме плашат. Јас сум жена која ако дојдам до проблем или паѓам надолу, јас имам уште повеќе сила да се кренам и да работам понапорно. Најголемите предизвици доаѓаат од конкуренцијата, која не секогаш знае да биде лојална. Но, се справувам со сето тоа.

ТАТЈАНА -Националната Плтаформа за женско претприемништво е проект во чии рамки е и нашево ве радио. Како жена претрпиемач сметате ли дека ваква платформа потребна и како гледате на бенефитите од истата?

ЈАСМИНА-Во секој случај како и да го гледаш овој проект има многу предности и значајни промени може да донесе во сферата на женското претприемништво. Потребно е место каде ќе се обединуваат жените претприемачки, каде некој ќе им помогне со совет или информација и затоа сметам дека поставување на ваквата Национална платформа е многу важно и корисно.

ТАТЈАНА- Што би им порачале на жените особено младите кои се двоумат да почнат со сопствен бизнис?

ЈАСМИНА- Јас едноставно би им порачала да не се двоумат, да се фатат во коштец со предизвиците и дека се што еден човек ,особено жена сака да направи, со работа и јасна визија, таа ќе го постигне.

ТАТЈАНА -Може ли за крај да споделите со слушателите на нашето www.weradio.mk , каде се гледате за пет години од сега во вашата претприемачка дејност?

ЈАСМИНА – Многу интересно прашање за крај. Јас имам визија, желба, сила и мотив за да остварам. За пет години сакам мојата компанија да биде во нова голема модерна хала, со најсовремена механизација и многу поголеми количини на откуп и пласман на мед и секако освојување на меѓународен пазар. Досега мојот мед го има само во Македонија но низ целата држава, во секој град а би сакала да почнам со работа за извоз.

За гостинката

Јасмина Јанева

Јасмина Јанева од пред две години влегла во светот на претприемништвото, основајќи ја фирмата Јасмин компани. Целата своја енергија, визија и знаење ги вложува токму во развојот на компанијата но секогаш наоѓа време да помине убав дел од времето со својата 14 годишна ќерка, за кое време вели дека и е најубавиот и највредниот дел од животот. Смета дека прошетките со ќерката, дружењата дома, одењето во шопинг и општо разговорите со неа, ја прават вистински исполнета личност-мајка.

  • https://www.facebook.com/janevajas