Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Oваа епизода e посветена на Светлана Пљакоска директор и менаџер на Олимпија моторс и Олимпија моторс аутлет ,која како компанија деновиве го прослави својот 17-ти роденден со голема крводарителска акција. Покрај грижата за клиентите и вработените оваа компанија се грижи да биде општетсвено одговорна и тоа го покажува постојано.

ТАТЈАНА – Како се чувствувате како жена претприемач?  Со какви се предизвици сте се сретнале и се сретнувате како жена во светот на бизнис секторот?

СВЕТЛАНА – Јас од својата 24 година сум во овој бизнис и бидејќи ни е семеен бизнис не сум почуствувала било каков притисок дека сум жена. А предизвици има на дневно ниво и мене ми се вистински но позитивни предизвици кои се решаваат .

ТАТЈАНА– Weradioto e во рамки на Проектот Национална платформа  за жени претприемачи. Како гледате на овој проект и кои се вашите очекувања.

СВЕТЛАНА- Честитки и желби з ауспех на Платформата. Слушав и читав,има многу активности и многу е потребна. Сепак на жените претприемачи им е потребно здружување, извор на информации и помагање. А тоа една ваква Платформа може да го обезбеди.

ТАТЈАНА -Што би им порачале  на младите жени кои се двоумат да влезат во светот на бизнисот. Дали треба да бидат похрабри поодлучни,треба ли да имаат подршка?

СВЕТЛАНА-Би им порачалА дека ако размислуваат секако д апробаат и да веруваат. Има две опции ,или ќе успеат или не. Ако успеат ќе го остварат она што го сонувале а ако не барем нема да им е криво што не пробале а во секој случај тоа искуство што ќе го стекнат ќе им користи во понатамошната работа.

ТАТЈАНА -Каде се гледате за пет години ?Имате ли некој свој план за развој на бизнисот, визија на каде ќе ја носите фирмата?

СВЕТЛАНА -Постојано размислувам како и што понатаму. Почетоците на она што го планираме за смедниот период ги поставивме со увозот и продажбата на аелектрични автомобили. Со тоа имаме основа за движење по нагорна линија во слњедниов период. Покрај другите механички и технички предности недвосмислена е придобивката од ваквите автомобили за заштита на животната средина.

За гостинката

Светлана Пљакоска

Светлана Пљакоска од својата 24-та година влегла во бизнисот со автомобили и за неа нема многу разлика од приватниот и професионалниот свет. Постојано работи, размислува како да ја подобри работата и како  нејзината фирма “Олимпија морторс“ да има позадоволни клиенти и вработени. Секој миг од своето слободно време кое го планира со радост го поминува во патувања. Тие се нејзиниот најголем мотив и во најтешкиот период кога има најмногу работа. Незаборавна дестинација која ја посетила пред 6 години е Индија и сонува еден ден што поскоро повторно да ја посети.

  • https://www.facebook.com/spljakoska

    https://www.facebook.com/OlympiaMotorsOutlet