Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Кристина Јовевска е млада жена,претприемачка која од пред три години успеала да почне да си го остварува својот професионален сон отварајќи своја фирма, Едукативен и креативен центар  Les petits escargots. Сеуште е стартап компанија, но веќе и покрај кризата на Ковид пандемијата минатат година и која горе -долу сеуште трае, но значително нагорната линија од оваа учебна година е видлива.

ТАТЈАНА – Пред да влезете во овој свет на претприемништвото и работата со деца велите дека имате поинакво искуство. Ајде разговорот да го почнеме со тој дел?

КРИСТИНА – Да ,пред да станам претприемачка работев најразлични области и ангажмани ,но отсекогаш сакав да работам во своја фирма.

ТАТЈАНА – Отворивте ваше сопствено училиште за странски јазици после многу години работа. Што беше иницијалната каписла што ве натера на тоа?

КРИСТИНА – Работев на проект за поттикнување на женско претприемништво и тоа ми беше поттик дека ако можам да поттикнувам можам и сама себе да се поттикнам и д аотворам свој бизнис.

ТАТЈАНА– Како би опишале еден ваш работен претприемачки ден !

КРИСТИНА -Па, секој ден ми е различен. Имам многу групи, правам распоред, работам и претпладне и попладне и затоа можам да кажам дека цел ден сум ангажирана но сега за сега не ми пречи,напротив ми е големо задоволство.

ТАТЈАНА – Дали сметате како млада жена и претприемачка дека треба да има на пошироко општествено ниво подобри услови за вклучување на жените во бизнис секторот?

КРИСТИНА – Сметам дека се потребвни подобри општетсвени услови за развојот на женското претприемништво и дека се повеќе треба да се унапредуваат во секој поглед.

ТАТЈАНА – Дали сметате дека проектот Национална платформа за женско претприемништво ќе донесе подобри услови за развој на женското претрпиемништво?

КРИСТИНА – Националната платформа е многу добар проект и има многу активности и се радувам што еве и јас сум на некој начин дел од него. На жените им треба организирање и подршка на секое поле.

ТАТЈАНА – Каде се гледате на професионален план за пет години? Имате ли развоен план кој сакате и можете да го остварите?

КРИСТИНА – Имам убав план кој нависитна би сакала да се оствари а тоа е да го проширам училиштето и со часови за други јазици и секако плус активности и од едукативен и креативен карактер. Сакам да се проширам и со наставнички кадар ,така што мислам дека следните пет години ќе бидат многу плодни.

За гостинката

Кристина Јовевска

Кристина Јовевска е професор по англиски и француски јазик, која својата животна желба ја остварила отварајќи го својот Едукативен центар Les petits escargots,  во кој засега има часови на англиски и француски. Остварувајќи го својот сон, и самиот распоред на обврски и наметнува да и е измешан професионалниот и приватниот живот. Во приватниот живот ужива кога се дружи со пријателите и тоа и дава најголема енергија

  • https://www.facebook.com/petitsescargots