Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Во оваа епизода ви ја претставуваме Весна Апостоловска сопственик на компанија чија цел е да Ви го разубави просторот околу вас. Тоа се Мали нешта но многу големи по она што значат во креативно-имагинативниот свет.

WERADIO -Добар ден и добре дојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво. Како се чувствувате и да почнеме со вашите МАЛИ НЕШТА кои се многу креативни и по функцијата што ја имаат многу ГОЛЕМИ!

ВЕСНА- Малите нешта можат да донесат голема радост, само треба да с епрепознаат и забележат. Токму оттаму и името, на мојата мала занаетчиска работилница во која се изработуваат дрвени производи, пред се наменети за детски соби, но и други предмети.

WERADIO- Колку време постои вашата компанија и кој е начинот на кој доаѓате до потрошувачите?

ВЕСНА- Компанијата постои неколку години а првите потрошувачи ги имав преку претходниот бутик за облека, каде почнав и со продажба и веднаш забележав дека за овие мали-големи нешта има интерес.

WERADIO- Во вашата работа има и претприемништво меѓутоа и креативност во голема доза. Од каде креативноста како поттик за да влезете во бизнис светот?

ВЕСНА- Секогаш кога патувам купувам нешто за дома и така се случи во една посета на Белград да влезам во продавница со дрвени предмети кои ме освоија и со помош на татко ми кој кога се вратив рече дека тој може да ми помогне во изработка ПОЧНАВ. Татко ми н е покрај мене за жал ,но јас со голем елан го освојувам овој свет за кој има се поголем интерес.

WERADIO- Знаете за Националната платформа на женско претприемништво. Сметате ли дека е потребна форма за помагање, упатување и обединување на жените претприемачки?

ВЕСНА-Секако дека знам, и знам колкав напор беше вложен за да се постави посебно од претседателката на Здружението на бизнис жени, Валентина Дососка која е неуморна во се што ќе работи. Активно учествував на некои состаноци и мислам дека е одлична основа за развој на женското претприемништво.

WERADIO- Дали Вие имате некоја визија за поголем и посестран развој на женското претприемништво и начин на кој повеќе жени би се одлучиле да влезат во бизнис секторот?

ВЕСНА- Секоја жена треба сама да реши и да почне. Да има мотив, храброст и верба и сигурно ќе успее.

WERADIO Дали имате направено петгодишен план за развој да речеме на вашата компанија за МАЛИТЕ НЕШТА  да станат подостапни и некој план за развој професионален план ?

ВЕСНА- Неизвесноста е лоша за сите нас и на секое поле. Освојувањето на нови пазари треба да почека, но треба да се отворат и да се користат онлајн платформите з апродажба и мислам дека конечно треба во нашава држава да се отвори ПејПал системот за плаќање што е со години присутен проблем.

Секако дека има уште многу нешта што може да се средат за женското претприемништво да го добие заслужениот статус.

За гостинката

ВЕСНА АПОСТОЛОВСКА

Весна Апостоловска, креативец и претприемачка, која својата приказна ја започнала пред 15 години. Таа вели дека, ако хобито ти стане професија никогаш нема да имаш чувство дека нешто мораш да работиш. Мене ова ме релаксира и отсекогаш сум сакала да работам рачни работи и мојот свет го најдов во овие прекрасни дрвени изработки. Така се релаксирам и црпам се поголема енергија, ни рече Весна во разговорот.

  • https://www.facebook.com/malineshta/