Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

А во оваа епизода ви ја претставувам Анита Спасовска . Добар ден Анита  и добре дојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво!

WERADIO- Анита вие сте биле дел од повеќе големи компании  а сега подолго време работите на консалтинг полето, имате своја компанија. Па еве да почнеме од оној момент кога решивте да почнете сама со свој бизнис и полека да откриваме сето она што го работите?

АНИТА- Ме навративте на период пред студии, коха ги направив првите пари. Секогаш барав начин д акреирам пари уште пред да знам што е претприемништво. Почнав со бизнис со еден мој приватен партнер пред околу 6 години. После половина година ја открив Интернационална компанија и моментално работам во два бизниси ,домашен и интернационален . Тој вториот го користам д аизградам луѓе кои ми с ееден од најважните ресурси.

Поразговаравме и за нешто плус околу зборот креирам, кој кога од умствена станува реален донесува резултати ,зошто ние како човечки суштества можеме да креираме и да создаваме.

WERADIO- Вие сте партнер и асистент во Интернационалната компанија НЛП Институт Славица Скваер во Белград. Од кога е таа соработка ? И кои се вашите предизвици во тој опсег на работа?

АНИТА- Да направиме дистинкција мојата ИНтернационална работа не е поврзана со Институтот. Таму сом асистент каде можам да помогнам на другите да станат подобри луѓе. Фантастично е чувството кога гледате во резултатите на некој што сте сакале и успеале д аму помогнете.

WERADIO-Дали мислите дека сеуште жените претприемачки се соочуваат со оние традиционални пречки на родова нееднаквост и со што Вие како жена сте се соочиле во вашата претприемачка работа?

АНИТА- Често пати ми се поставува ова прашање. Јас ги делам на луѓе што имаат вештини или не. Јас сум se нашла  во ситуации кога не сум дозволила, родовата нееднаквост да дојде до израз. Тоа го прават луѓе кои не се реализирани, оние другите не го прават тоа.

АНИТА -Домашната компанија е Консалтинг услуги компанија а Интернационалната компанија е всушност работа за мене и од мене поврзувам трговски партнери со клиенти. Самиот бизнис го користам да изградам луѓе. Таа компанија ја има во 56 земји, мој бизнис имам во 15 земји. Сите луѓе кои работиме на оваа бизнис платформа сме заедно во еден бизнис.

WERADIO Кои се вашите ставови и мислења за формирањето на Националната платформа за женско претприемништво. Ќе има ли позитивен бенефит за жените и како Вие гледате на тоа?

АНИТА- Секако дека е од голема корист. Да се има каде да с еобратите кога ќе решите дека влегувате во бизнис светот. НП ќе им го понуди тоа.

WERADIO – Што би им порачале на жените особено младите кои се двоумат да почнат со сопствен бизнис?

АНИТА -Кога ќе решат цврсто да чекорат кон целта и да веруваат во себе.

WERADIO – Може ли за крај да споделите со слушателите на нашето ве радио, каде се гледате за пет години од сега во вашата претприемачка дејност?

АНИТА-Мојата приватна консалтинг Бизнистен солушн, секогаш сум достапна за разговор,совет и можности за соработка

За гостинката

АНИТА СПАСОВСКА

Анита Спасовска, претприемачка која работи на две полиња и домашно и меѓународно но нејзиниот фокус  е во Интернационалната компанија ! Домашната е поставена и ќе работи, како што вели.  Целта на Анита е ми е да создаде сопствена финансиска слобода, за да може во било кој момент ако видам или чујам на некое дете на некое  семејство им треба помош  да можам без размислување да помогнам . Затоа за пет години од сега само тоа си го посакувам .Она што им порачува Анита на нашите слушателки е: Немојте никому да дозволите да ве попречи да си го отсонувате својот сон !

  • https://www.facebook.com/malineshta/