ТРАНСКРИПТ
Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!
Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и сум домаќинка на Радиото за женско претприемништво на Националната платформа. Тука сум со единствена цел, да Ви ги претставам разговорите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво.
Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Флорина Џингова, накратко иако подоцна ќе откриеме многу работи за неа.
Добар ден Флорина и добре дојде во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво!
WERADIO – Флорина, на Првиот Самит за женско претприемништво, имаше среќа но заслужена, да си првата добитничка на Наградата за најуспешна млада лидерка, што ја доделува Националната платформа за женско претприемништво. Очекуваше ли дека токму ти ќе ја добиеш? И секако да ги споделиш твоите чувства со нашите слушателки.
ФЛОРИНА- Голема чест е за мене што ја добив наградата. Искрено не ја очекував, иако длабоко во себе се надевав и сакав да ја добијам, затоа што ова е еден голем поттик за мене во мојата кариера. Ова е мотивација за понатаму, дефинитивно голем поттик во кариерата.
WERADIO- Ти си основач, генерален менаџер и водечки инструктор во компанијата M3DS Академија за визуелни уметности. Што е вашата дејност ?
ФЛОРИНА-Така, Академијата е едукативен центар каде се работи на едукација посебно кон 3Д технологиите , прифатена ширум светот, имаме курсеви но и настани, кои ги правиме за технологиите да ги промовираме и можам најотоворено да кажам дека сме многу успешни во тоа.
WERADIO- Ти си млада, т.е. многу млада претприемачка. Од твоја гледна точка дали мислиш или можеби имаш такви искуства, дека сеуште жените претприемачки се соочуваат со оние традиционални пречки на родова нееднаквост?
ФЛОРИНА- Јас не сум имала пречка од тој родов аспект. Тимот ми е ок, се разбираме, ме третираат според моите способности а не според тоа што сум жена, и сметам дека со годините родовата нееднаквост ќе исчезнува затоа што жените работат се што и мажите и ќе с енадминува тој јаз.
WERADIO- Кои се твоите ставови и мислења за формирањето на Националната платформа за женско претприемништво. Ќе има ли позитивен бенефит за жените во бизнис светот ? Како Вие гледате на тоа?
ФЛОРИНА – Огромна почит и подршка на целата Платформа и целиот тим што ја работи. Повеќе од потребна е според целите кои ги остварува и начинот на тоа како го прави . МНогу е корисно дека жените имаат каде да добијат информации но и да се вмрежуваат. Според мене Платформава е супер. За мене беше голема среќа што бев на Самитот и запознав голем број на успешни влијателни жени кои ми дадод адополнителен мотив ,како да кажам еден ветар во грб полн со мотивација. Само на овој начин можеме да ги мотивираме младите девојки да се активираат и основат својот бизнис
WERADIO- Скоро имавте натпревар ,,Game Design How To? 2021, за ученици. На натпреварот победија учениците од средното училиште ,,Кирил Пејчиновиќ” во Тетово и ја освоија наградата ,,People’s Choice”, а со тоа добија и 3Д печатач. Кој се учествуваше на натпреварот и дали е ова ваша форма за стимулација на младите?
ФЛОРИНА- Воглавно овој настан се одржа по 6-ти пат. Досега беше во живо но сега веќе оди и онлајн . Околу 4000 млади лица имаме обучено за 3Д технологија ,имавме многу ученици но и студенти . Имавме многу пријавени ученици но и индивидуалци. Победија средношколците од Тетово кои 3Д печатачот го подарија на школото,. Мотивирани од овој гест , ние продолживме да подаруваме печатачи 3Д во Скопје, имаме подарено и во Битола и Крушево. Ова е поттик за развој и отварање на нови работни места.
2019-та година ја одржавме Прва Меѓународна Конференција со еминентни гости и планираме да ја продолжуваме оваа активност и понатаму. Сето сработено но и часови ,насоки може да с енајдат на нашиот јутуб канал.
WERADIO- Што би им порачале на жените особено младите кои се вдоумат да почнат со сопствен бизнис?
ФЛОРИНА- Дефинитивно им порачувам да се многу храбри . Со подршка од Националната платформа но и многу други организации и компании сепак треба да се дисциплинирани и вредни . Мене дисциплината ми помогна во се да истрајам за реализација на она што го зацртав.
WERADIO – Помисливте ли барем на миг да си заминете од државава?
ФЛОРИНА- Голем број млади и мои познати се одлучуваат да одат во странство, но јас се водам до правилото:Биди ти промената која ја сакаш во светот . Треба да ги мотивираме младите да им покажеме дека може и тука да се успее.
WERADIO- Може ли за крај да споделите со слушателите на нашето ве радио, каде се гледате за пет години од сега во вашата претприемачка дејност . Како го трасирате патот за во иднина?
ФЛОРИНА- За иднина планираме поспецијализирани програми кои ќе ги понудиме . Многу настани ,конференции, веќе од следната година. Акаџдемијата ќе се издигне на повисоко ниво, со поголем број на можности на среќа и задоволство на сите нас што работиме но и на потенцијалните ученици и студенти.
За гостинката
ФЛОРИНА ЏИНГОВА
Флорина Џингова, е млада девојка и веќе успешна претприемачка. Многу ја сака работата и едно во што потфрлува е повеќе слободно време за себе. Но,тоа не и паѓа тешко со оглед на целите што ги има зацртано и љубовта кон она што го создава. 15 години тренирала карате,спорт кој ја изградил како личност а сега секој миг од слободното време го поминува со партнерот, пешачат заедно, се дружи со пријатели. Се што ја прави релаксирана.
https://www.facebook.com/f.djingova