Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор,  и сум домаќинка  на Радиото за женско претприемништво на Националната платформа. Тука сум со единствена цел, да Ви ги претставам разговорите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво.

WERADIO- Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Станка Мартиновска, накратко иако подоцна ќе откриеме многу работи за неа.

Добар ден Станка и добре дојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво!

СТАНКА-Добар ден, благодарам на поканата да учествувам во верадиото и  мене ми е чест и задоволство да сум тука.

WERADIO -Вие сте основач и управител на Друштвото за консалтинг и управувачки дејности МАНИ КОНСАЛТИНГ. Кога ја основавте фирмата и што е вашиот опсег на работа?

СТАНКА-Фирмата ја основав 2017-та година и после 25 годишно искуствово областа на финансии,контролинг, проекти,менаџмент ова беше еден нормален развој во таа дејност. Мани консалтинг е компанија лиценцирана во советодавен дел, контролен, фонд  за иновативност, ИПАР проекти, ЕБРД Проекти  комуникација со банки.

WERADIO- По дејностите што ги вршите, една од клучните е обезбедување на финансиски совети на потенцијалните клиенти за различни прашања? Како ќе ни го објасните тој дел?

СТАНКА-Која е нашата советодавна улога? Ние работиме со нашите клиенти од идеја до реализација комплетна, стратегија, можности за финансирање , ги следиме во целиот пат од проект до реализација на истиот.

WERADIO- Сега за уште еден дел, велите дека давате стручна и техничка подршка и управување со проекти од идеја до реализација. Ајде малку да го појансите на нашите слушателки?

СТАНКА-Работев во голема компанија, веледрогерија од една аптека стигнавме до  ланец од аптеки, странски инвеститори , медијација арбитража, развој на повеќе проекти.Сето знаење наведе на тоа да отворам своја компанија за знаењето да го споделам. Едукацијата е многу важна и треба да е постојана. Живееме во брзо време и затоа мора да се следи. 2017/18 завршив контролинг Академија Минхен каде  добив меѓународна диплома и многу занење и тоа го применувам со моите клиенти. Секогаш се среќаваме со клиенти и достапност до информации.

Треба работата да се организира и да се добие вистинската слика. Ако немаме вистинска слика не можеме да развиеме успешен бизнис.

WERADIO – Знаете за Националната платформа. И радиото е дел од неа. Каков е вашиот став за воспоставување на ваква Платформа?

СТАНКА-Голем респект за трудот, од страна на Здружението на бизнис жени. Првата подадена рака кога одлучив да бидам претприемач беше од страна на ова Здружение. Таа можност за вмрежување, заеднички настап и подршка се многу важни.

WERADIO- Дали ги подржувате младите жени да влезат во светот на претприемништвото? Вие секако имате разни клиенти но кога ви се појавува млада жена а знаете со кој се предизвици се сретнува, каков е вашиот став?

СТАНКА- Ги подржувам апсолутно, работам со многумина кои сакаат да почнат свој бизнис , и единствено и прво треба да го победат стравот. Затоа што тој е тој што ги блокира да се ослободат, ништо не е страшно и ако не се успее има втора шанса и треба само мотив и ослободување од стравот. Мојата порака е: „Ништо не е страшно, имаме многу можности и треба да се искористат“.

WERADIO- Како би сакале да се развива вашата компанија во следниот период, да речеме во следните пет години? Вие велите дека добриот бизнис план е основата за дефинирање на насоката на развој. Кој е вашиот накратко?

СТАНКА – Целата ситуација околу пандемијата покрај негатоивностите донесе и нови видици,онлајн платформи,дигитализација,нема ограничен пазар ни комуникација. Потребно е да се едуцираме, да го развиваме нашиот план за дигитализација на процесите и имаме дел каде ќе се свртиме на финансиската едукација со услуги за финансиско образование.

WERADIO- Со финансиите, парите како енергија треба да се воведе образование! Благодариме за разговорот!

За гостинката

СТАНКА МАРТИНОВСКА

Станка Мартиновска, основач и управител на Мани Консалтинг со долгогодишно искуство во сферата на финасии и финансиски развој на компании. Покрај бројните работни обврски најубавиот дел од животот е што е дел од среќно семејство со сопругот, синот и ќерката со кои ги поминуваат најубавите слободни моменти и кои и се најголема подршка. Сепак успешните родители создаваат среќно семејство. Патувањата се предизвикот и најголемото уживање, кое од подалечни дестинации заради пандемијата го префрлија на нашата држава која има прекрасни места за уживање, одмор и релаксација.

  • https://www.facebook.com/stanka.martinovska