ТРАНСКРИПТ
РАДИО ПОДКАСТ СО НАИЛЕ ЕЛЕЗИ
Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!
Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и сум домаќинка на Радиото за женско претприемништво на Националната платформа. Тука сум со единствена цел, да Ви ги претставам разговорите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво.
Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Наиле Елези, со која ќе зборуваме за нејзиниот претприемачки предизвик.
WERADIO- Наиле Елези, вие сте НЛП МАСТЕР – Тренер и водите Центар за обука од областа на професионалниот и личниот развој. Многу интересни информации најдов на вашата веб страна па би сакала да ни го опишете вашиот ангажман!
НАИЛЕ- Јас сум сето ова што го кажавте и со Дрита Закири го водиме Цантарот за личен и професионален развој. Главниот ангажман е водење на група со неуролингвистичка програма, коучинг, тренинзи на личен и професионален развој.
WERADIO- Браин Трее –Центар за обука на невро-бизнис фактички е центар за обука и консултации. На што сте најмногу фокусирани во работата?
НАИЛЕ-Би сакала да спомнам дека Центарот и јас ние сме единствени акредитирани на интернационално ниво, и главно држиме обуки за неуролингвистичко групирање, држиме индивидуални сесии, според потреби и со компании и се во сферите и на личен и на професионален развој.
WERADIO- Ајде за нашите слушателки да ни објасните –што е НЛП методологија? Како можат луѓето да се пријават индивидуално и групно?
НАИЛЕ- НЛП повеќе од 40 години е најпознат психолошки модел за комуникација од 70-тите години во САД и е најприсутна. Моделирале одредени методи и забележале дека успехот се учи а не наследен. Тоа е наука за развој и освестување на човекот. Активирање на вашите потенцијали и повеќе е применлив метод кој може да ги употребите во секој поглед и на различни области.
Групите се отворени.Имаме интервју со заинтересираните, тоа се акредитирани програми, може да се јават и пријават на нашата веб страна www.braintree. com или телефонски. Кога ќе ги формираме групите објавуваме и потоа ги правиме тренинзите или индивидуалните коачинг програми и слично.
WERADIO -Во вашата биографија има многу место и ваше време кое Вие сте го посветиле на едукацијата, за што сведочат и бројните дипломи и сертификати. Каде се ја поминавте вашата едукација и колку Ви помогна во насока на она што сега го работите?
НАИЛЕ-Мојот став е дека ако сакате да сте конкурентни и квалиутетни треба да с еразвивате самите и да се усовршувате а со тоа треба да вложувате.јас посотјано с еедуцирам и се прашувам дали некогаш има крај но нема.Во Европа сум с еедуцирала и се надевам дека сето тоа ќе го донесеме тука.
WERADIO-Каков е вашиот став за формирањето на Националната платформа за женско претприемништво и што би им порачале на младите жени кои се двоумат да почнат со сопствен бизнис?
НАИЛЕ – Многу сум среќна што сум дел од Платформата и ако сме жени од различни области имаме заеднички цели кои треба да се вмрежуваме. Им поралувам на сите млади да си го следат сонот и да бидат храбри. Да ја постават целта и да се движат кон неа.
Пред карјот на разговорот зборувавме за тоа дали Наиле се сретнала со случаи на родова нееднаквост во нејзината работа, на која таа ни одговори дека родовата нееднаквост сеуште постои иако нештата се менуваат на подобро. Дека сеуште ако маж нешто погреши е разбирливо а ако тоа го направи жена се зборува поинаку. – Како го планирате развојот на вашата професионална работа во иднина? Дали растење на БраинТрее – Невро бизнис Центар или имате цел да се проширите? Кои се еве за крај на разговорот вашите цели и желби за следниот период?-беше нашето последно прашање на кое Наиле одговори дека има многу планови, малку пандемијата ги изместила во Центарот, како впрочем и сите но еве полека се враќа во нормала и нивна главна цел е отварање на вакви центри на Косово и во Албанија.
Секако желби за многу успеси!
За гостинката
НАИЛЕ ЕЛЕЗИ
Наиле Елези е НЛП МАСТЕР тренер и својата работа ја смета за неразделен дел од нејзиниот личен живот. Моето хоби е мојот живот, вели таа. Самата професија и ангажманот во Центарот за обука од областа на професионалниот и личниот развој, и дава елан постојано да работи и на себе и да биде среќна и исполнета со животот постојано. Јас сум многу задоволна кога ќе видам дека некој со кого сум работела постигнува успеси, тоа ме прави навистина среќна. Свесно да живеам и да ги освестувам своите потреби и сум многу задоволна и секако слободното време ми се испреплетува со професионалното – истакнува Елези!