ТРАНСКРИПТ
РАДИО ПОДКАСТ СО ЈАДРАНКА КЛАРИЌ – КИМОВСКА
Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!
Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и сум домаќинка на Радиото за женско претприемништво на Националната платформа. Тука сум со единствена цел, да Ви ги претставам разговорите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво.
Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Јадранка Клариќ Климовска, дипломиран инжинер биотехнолог по едукација, претприемачка која неодамна ја отвори својата Винотека продавница / бистро Wine Berry.
Добар ден и добре ни дојдовте во подкастот на Женското претприемништво
WERADIO- Велите дека досегашниот работен век ви е врзан со продажба а последниве 13 години интензивно се занимавате со вино- како комерцијален директор во Стоби и на иста позиција уште една година во Сковин Винарија.
– Јас сум дипломиран инжинер биотехнолог по едукација, иако никогаш не работев по струка и секогаш сум работела во продажба, таму си ја најдов мојата професионална среќа.
WERADIO- Кога Ви се појави желбата и љубовта кон виното? Како се создаде таа винска хемија кај вас што Ве инспирираше и да отворите свој вински бизнис?
ЈАДРАНКА- Последниве 13 години интензивно се занимавам со вино – бев комерцијален директор 10 год во Стоби Винарија, и на истата позиција уште една година во Сковин Винарија од каде го собрав целото искуство.
WERADIO- Ми кажавте дека со можностите да патувате вас меѓународната винска сцена Ве освоила. Каде се имавте можности да одите и како се случи тоа?
ЈАДРАНКА- Желбата и љубовта кон виното се појави уште кога почнав да работам во винариите. Бидејќи работев во продажба на домашен пазар и последните 8 години извоз на нашите вина во странство , имав навистина можност да се запознаам со винската сцена во светски размери.
WERADIO- Имате посетувано многу обуки т.е. сте работеле на своја едукација во однос на запознавање на виното , Каде се се едуциравте?
ЈАДРАНКА- Самото тоа наведе да почнам да се едуцирам за вино – завршив Wine and Spirit – Education Trust Level 3 / Сега сум запишана на level 4. Тоа е реномирана англиска школа за едукација на кадар само во винската област. https://www.wsetglobal.com/ . Покрај тоа сум вински судија на реномираниот вински натпревар Mundus Vini – Германија https://www.meininger-online.de
WERADIO- Кој беше пресуден момент да се решите да отворите нешто што ќе ги приближи странските вина на домашниот пазар?
ЈАДРАНКА- Самото тоа што долги години бев во винскиот свет решив да отворам нешто што ќе ги приближи странските вина на домашниот пазар . Така се роди идејата за мојата винска продавница/бистро Wine Berry.
WERADIO- Самото тоа што долги години бев во винскиот свет решив да отворам нешто што ќе ги приближи странските вина на домашниот пазар . Така се роди идејата за мојата винска продавница/бистро Wine Berry и каков вид на локал е овој?
ЈАДРАНКА- Локалот е слободно можам да кажам единсатвен кој нуди можност за винските љубители, познавачи како и за тие што стартуваат со конзумација на вино да пробат и видат вински етикети може не од цел свет меѓуто од доста, вински региони од светот. Воедно и да добијат базична винска едукација за винските сорти и региони. Продавницата нуди можност да пробате на голтка (sip of wine)од сите изложени вина и сами да одлучат што би сакале да пијат (на чаша) или да си купат за дома.
WERADIO- Од каде си имате вина ?Вината доаѓаат од различни вински региони – Нов Зеланд, Америка, Шпанија, Португалија,Италија, Франција, Португал, Шпанија, Јужна Африка.
ЈАДРАНКА- Вината доаѓаат од различни вински региони – Нов Зеланд, Америка, Шпанија, Португалија,Италија, Франција, Португал, Шпанија, Јужна Африка. Имаме вина и регионални Словенија, Србија и како една мала но добра селекција на вина од мали фамилијарни, македонски винарии. Секако дека нудиме и вина од реномираните македонски винарии како Камник, Лазар, – мешутоа фокусот е на вина кои воглавно ги нема во регуларните маркети, и затоа се како уникатна понуда.
WERADIO- Националната платформа е проект кој дава основа за помош, вмрежувања и развој на женското претпримеништво. Каков е вашиот став за тоа, дали сметате дека е потребно и некоја ваша визија.
ЈАДРАНКА- Проектот Национална платформа е одлична можност за поттикнување на жените во бизнис светот, и секоја чест што е создаден и на сите што се вклучени во негова реализација.
WERADIO- Дали имате некои предизвици бидејќи сре жена во т.н.условно машки бизнис?
ЈАДРАНКА- Отворени сме скоро еден месец и можам да кажам дека сум изненадена од интерсот на купувачите и колку сакаат
да пробаат нешто ново и различно. И сеуште постои таа поделма на машки и женски иако секојдневно одиме напред кон изедначување на бизнис светот.интерес има, цените се прилагодени на наши услови и се потрудивме да направиме понуда која е адеквата на можностите на нашиот стандард а сепак е можност за нови инспирации
WERADIO- И за крај за сите кои сакаат да ја посетат вашата винска продавница, каде се наоѓа и кога е отворена?
ЈАДРАНКА Во самиот Центар на градот. Од левата страна на Авто-мото сојузот. Поканата е отворена за сите! Ви благодарам на разговорот.
За гостинката
ЈАДРАНКА КЛАРИЌ-КИМОВСКА
Во приватниот живот уживам да се дружам. Ги сакам моментите поминати опуштено со моето семсјтво кое бескрајно ме подржува. Но сакам дружби и излегувања со моите другарки, со пријателите, и покрај се, сеуште ги сакам луѓето и важно ми е да сум нив а ако на тоа се додаде и голтка добро вино, секако и тоа најмногу ме релаксира.
https://www.facebook.com/WineBerryMK
https://www.linkedin.com/in/jadranka-klaric-kimovska-51a818a4/
https://www.facebook.com/jadranka.klaric.3