Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

РАДИО ПОДКАСТ  со Анита Атанасовска, сопственик на Агенција за недвижности “Superior Lux Real Estate”.

Добредојдовте во нашето единствено weradio.mk

WERADIO- Скоро влеговте во светот на претприемништвото и ја отворивте Агенцијата  за недвижности. За што се специјализирана вашата агенција?

АНИТА- Од неодамна сум во овој сектор, случајно влегов. Специјализирани сме за продавање, посредување на најразличен имот, од сите категории, целосен асортиман на недвижни. Посредуваме и правно во овој бизнис за да бидат заштитени и самите купувачи и самите продавачи.

WERADIO- За вас од она што го осознав кога се подготвувавме за разговор е дека е многу важна вашата одговорност кон клиентите. Вашиот пристап кон нив и нивната доверба кон Вас. Како тоа го градите?

АНИТА- Најважен сегмент за довербата на клиентите. Зошто? Ако немаат доверба не можеме да понудиме на пазарот. Едноставно е клиент по клиент , кога ќе го препорачаш и купиш стан, свој дом се гради доверба со препорака на задоволни клиенти.

WERADIO-Скоро сте во овој свет на недвижнините а имате многу различно искуство во менаџирање. Би сакале ли на нашите слушателки да им го кажете вашиот развоен професионален пат?

АНИТА-Менаџирањето е еден вид клучен фактор во се не само во бизнисот, туку во се. Тоа е важно за себе. За да се менаџираш како личност добро е да се менаџираат нештата кои ги работиш. Имам 25 години работно искуство во продажба. Иако учев и студирав друго ,во областа на спортот ,јас сум бивш спортист и оттаму ја имам таа самодисциплина која е многу потребна во животот. Со текот на времето се градиш себе си инвестираш во разноразни курсеви и академии и едукацијата е најважна за да се изградиш себе си. Посетував многу курсеви во делот на ПР, менаџирање и сл.

WERADIO -Како се одлучивте за овој дел на дејности? Што е тоа што ве мотивира во продажбата на недвижности, дали можеби некои нови модели, со оглед на тоа што кај нас тој дел некако тапка во место по системот на функционирање на Агенциите?

Не е само да се понуди и продаде. Многу агенции работат на сувопарно непрофесионален пристап кон луѓето. Мора да се посвети внимание на човекот за да се дојде до продажбата. Дали сака да продаде или да купи. Не се ни оди да се види станот, не може да понудиш нешто а да не знаеш пто нудиш а да сакаш да го продадеш. Довербата ја нема

Јас дојдов до оваа идеја за бизнис, работев на бутик за плата и наоѓав начин за плус заработка. Почнав со пријатели, познати, и добро се заработува и за неколку стана јас заработив целогодишна плата. Ова е добра работа и почнав сама .Тоа беше клучниот фактор .Се стремам секогаш кон повеќе и сега сум во процес на  отварање на канцеларија .

WERADIO -Според вас што е она што треба да го имаат младите жени но и општо жените кога се одлучуваат да влезат во бизнис светот?

АНИТА- Парите се многу важни но не се пресудни.Важно е да се донесе одлука. Што сакаат да се занимаваат. Треба да имаат цел и треба да одлучат и најважна е самодовербара. Треба да верува во себе па потоа се ќе е полесно. Јас долго немав одлучено дали сакам и можам да бидам жена претприемач.

WERADIO -Weradio, во чија денешна епизода  вие сте гостин е дел од проектот Национална платформа за женско претприемништво. Според вас колку на жените им е потребна заедничка платформа, место каде ќе можат да добијат подршка,  насоки, размена на искуства и слично?

АНИТА- Многу е важно да се има подршка и вмрежувањето. Јас на Самитот многу се инспирирав и од наградените и од панелистите ме инспирираше и ме охрабри и многу ми е дараго дека сум дел од тоа. Ми делуваА мотивирачки. Кога видов дека млади жени успеале тоа сето ми даде сила да продолжам со уште поголеми цели и добив поголеми визии .

WERADIO- Каде ја гледате вашата компанија за пет години и едно прашање што мене лично многу ме интересира: Зошто кај нас нема Агенти за продажба? Јас долго продавав некои недвижнини и она што го барав беше не Агенција Агент за продажба?

АНИТА- Јас сакам да се прошириме и во други градови и земји барем околните, има интерес за тоа и јас таму го гледам развојот на мојата компанија, како Грција,Хрватска, Црна Гора. Тоа сакам да го понудам на пазарот и таму ја гледам иднината на мојата компанија.

Се најубаво и успех во работата!

За гостинката

АНИТА АТАНАСОВСКА

Анита Атанасовска е мајка на два сина тинејџери, која ужива со нив, а има и кученце со кое сака да се  шетка и да поминуваат релаксирано време заедно. Викендите  и се резервирани за дружба со децата и како бивш спортист, оди во теретана секој втор ден и оди и на танци. А  ноќните излегувања ја исполнуваат и ја полнат со убава и свежа енергија. Анита прави се што неа ја прави среќна. Среќата е она што и е најважна.