Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Елена Василевска Георгиева, основач на Поликлиника ДЕНТА ЕС, Специјалист по ортодонција со темпоромандибуларна дисфункција и миофункционална терапија

-Добар ден Елена и добре ни дојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво! Ја основавте Поликлиниката во 2005 со кои се предизвици се соочувате, еве веќе 17-тина години?

ЕЛЕНА- Да, веќе 17 години постоиме во светот на стоматологијата. Почнавме со ординација а сега имаме поликлиника. Работиме со мојот сопруг и уште едн наш колега Виктор, а веќе Поликлиниката брои 25 вработени од разни профили . Предизвици имаше многу и сеуште ги има но се од различна природа. Порано се боревме за клиенти а сега за да бидеме се подобри и подобри и да нудиме подобри услуги на нашите пациенти.

-Од вашето Св забележав дека посотјано се надообразувате . Каков е вашиот став кон тоа дека професионалната надградба е многу важна за успешноста на компанијата?

ЕЛЕНА-Ние постојано се надобразуваме. Семинари, конференции, совладување на модерни техники во дијагностика и лекување, работа на насовремени зафати со најсовремена апаратура, тоа е нашата цел која постојано ја освојуваме и поставуваме нови и нови.

-Работите техники од областа на ортодонција кои се поспецифични. Ќе сакате ли на нашите слушателки да им кажете што се работите?

ЕЛЕНА – Јас сум Специјалист по ортодонција со темпоромандибуларна дисфункција и миофункционална терапија, и работам методи во кои се лечи не само забот туку целиот зглоб, вилицата , значи еден приод кон лекување со кој добиваме целосна слика за проблемот и тој темелно го третираме.Јас сум и лиценциран едукатор за пасивни ортодонски самолигирачки системи –Дамон систем  и тоа ми е голем професионален предизвик и задоволство.

-Каков е вашиот став за формирањето на Националната платформа за женско претприемништво и што би им порачале на младите жени кои се двоумат да почнат со сопствен бизнис?

ЕЛЕНА- Ја поздравувам оваа идеја и реализација на Националната платформа за женско претприемништво. Потребно е да има место каде жените од бизнис светот ќе се обединат, ќе имаат можност за разни информации.

-Според вас што е најпотребно да поседува една жена која ќе одлучи да се впушти во бизнис секторот ? Како вие тоа го доживувате?

ЕЛЕНА – Треба да е решена и да го сака тоа што го работи. Да има цврст план и секако дека ако верува ќе успее.

ЕЛЕНА- Предизвици има многу, работа има премногу но кога би се вратила назад 17 години повторно истото би го одбрала, затоа што ова е професионалниот пат што ме исполнува.

Ви благодарам на разговорот и ВИ посакувам многу успеси !

Ова беше епизодата со Елена Василевска Георгиева – Специјалист по ортодонција со темпоромандибуларна дисфункција и миофункционална терапија

За гостинката

ЕЛЕНА ВАСИЛЕВА ЃЕОРГИЕВА

Бидејќи со сопругот работиме заедно ,некако ни е испреплетен и приватниот и професионалниот живот, иако можам да кажам дека со тек на време научивме да ги подвојуваме улогите од едниот до другиот наш свет. Патувавме барем до пред короната многу но се беше врзано за професионачно доусовршување , па некако го комбиниравме со приватно задоволство. Затоа понекогаш ги носевме и нашите два сина кои сега имаат 11 и 15 години, но воглавно патувањата кои најмногу не реласкираат без врзани з апрофесијата- ни кажа Елена во разговорот. Таа исто така наоѓа време за работа на себе, себеспознавање, медитација, јога и сето тоа и дава нова енергија.

  • https://www.facebook.com/elena.gjeorgieva