Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Викторија  Рафајловска, сопственик на компанија од областа на сметководството и консултантските услуги Викторија –БОБ ДОО, која оваа година слави мал но голем јубилеј 10 години постоење  и ќе  зборуваме за нејзиниот претприемачки предизвик.

-Добар ден Викторија и добре ни дојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво! Честитки за јубилејот и најнапред би Ве замолила да ни  кажете што се работи вашата компанија?

ВИКТОРИЈА- Скоро славевме јубилеј 10 години, а нашата компанија се занимава со сметководство и сметководствено-консалтинг услуги, со физички и правни лица, со даночна политика и сето она што е поврзано со финансии.

-Се соочувате со секојдневни предизвици во работата и пред разговорот ми кажавте една убава мисла која е основно мото по кое се раководи вашата компанија : “Секој ден носи нови можности-прифати ги и храбро продолжи“.

ВИКТОРИЈА- Ова е мотото кое е запишано во канцеларијата и постојано тоа го повторувам. Предизвици имам многу, некои се решливи некои се нерешливи но се надеваме да најдеме соодветно решение.

-Ваша препознатливост во работењето е дека сакате задоволни клиенти, па им  приоѓате со насмевка, позитивна мисла и отворен разговор. Така некако им помагате да сфатат дека нивниот финансиски проблем всушност не е проблем. Ајде малку да ни го објасните тој ваш став.

ВИКТОРИЈА- Секогаш клинетот кога доаѓа кај нас се случува некој проблем, финансиски резултати не му дозволуваат да земе кредит, и доаѓаат кај нас со убав разговор насмевка, убав приод многу често сами го наоѓаат решението. Да имаме многу клиенти, овие 10 години се потрудивме со квалитетната работа да стекнеме доверба и да имаме клиенти.

-Велите дека од дете сте биле повеќе окупирани со бројките, поради семејните околности, и поради некои други нешта кои би сакала да ги споделите со нашите слушателки?

ВИКТОРИЈА- Уште како дете о нашата фамилија многу се зборуваше за бројки, моите се занимаваа со економија и сето тоа се врежи во мојата глава и тоа беше пресудно да се определам за економијата. Самиот пат ме влечеше кон тоа и мислам дека не згрешив .

-Каков е вашиот став за формирањето на Националната платформа за женско претприемништво и што би им порачале на младите жени кои се двоумат да почнат со сопствен бизнис?

ВИКТОРИЈА- Честитки за Националната платформа. Потребно е за жените во бизнисот, за вмрежување и едуцирање. Ние се соочуваме со проблеми а немаме каде да најдеме одговор на тоа. Во тој поглед треба да се помогне и на сите кои што веруваат во неа и ќе ги поттикне за храбро да почнат. Им порачувам на сите што се мислат да не се плашат, да имаат своја мисија, цел, и да почнат. Жените се истрајни и треба да се борат.

-Вие убаво го обајнсувате односот во една жена на сите три основни предизвици. Да биде менаџер на своја фирма, жена и мајка. Три големи предизвици а има попатни уште многу .Сепак ви успева и з акрај на рагзоворот би сакал да ни откриете Како успевата сето тоа да го изменаџирате?

ВИКТОРИЈА- Жена, мајка, кралица, според мене се трите нешта што треба да ги поседува секоја жена. Како жена да одговорите на обврските, како мајка исто и кралица треба се сте со сето  останато. Тешко е дури невозможно на моменти Јас се надевам дека успевам во тоа  не повредувам никого, се надевам дека со подршка на сопругот ќе успеам да ги остварам сите мои цели и замисли. Децата исто можеби ќе најдат место под небото на нашата компанија.

Ви благодарам на разговорот и ВИ посакувам многу успеси !

За гостинката

ВИКТОРИЈА РАФАЈЛОВСКА

Кога сте во бизнис во економијата жена, мајка домаќинка ретко имате слобоно време но кога ќе го најдам се трудам да излезам од секојдневието и најмногу се реласкирам со дружбите со пријателите кои ми се блиски и тоа ми дава една убава нова енергија., вели Викторија на која на прво место и е семејството, децата, кои ги следи и  се менува со  нив, и како жена  и домаќинка исто се обидува да постигне се што смета дека е потребно, но  клиентите и компанијата за која вели дека и е трето дете, се многу важен дел од нејзиниот живот. Целта и е да ја развие компанијата и се стреми кон тоа.

  • https://www.facebook.com/viktorija2