Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам  Валентина Крмова сопственичка на фризерски салон Контеса.

-Добар ден Валентина  и добре ни дојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво! Фризерскиот салон Контеса постои веќе 27 години, тоа значи дека сте 27 години со клиенти на пазарот и секогаш нешто ново воведувате. Како од денешна преспектива ги гледате овие поминати професионални години?

ВАЛЕНТИНА – Добар ден и ви благодарам што сум дел од оваа емисија на радиото. Да, пред 27 години решив да ја сменам професијата, инаку сум оделенски наставник но една година работев по таа струка и потоа решив да отворам Фризерски салон, почнав во една просторија со 25 квадрати. Предизвици има многу, работа исто премногу  работев по 16 часа, работев бизнис на кој требаше да сум максимално посветена. Имав две мали деца но имав подршка од семејството и никогаш не бев оставена сама.

-Се соочувате со секојдневни предизвици, со многу работа. Како би го опишале вашиот претприемачки ден, сега и пред 27-тина години, во годините кога решивте да ја смените вашата професија и од оделенски наставник станавте фризерка?

ВАЛЕНТИНА- Не бев задоволна од таа моја професија, работев една година и потоа сфатив дека сакам да ја сменам сакам да станам фризерка и да се втурнам во претприемништвото и да правам креативна кариера. Сето тоа бараше големи жртви, но јас знаев дека то аго сакам ,сакав да бидам успешна и да направам кариера.

-Со тек на време станавте и единствен увозник на производи Контеса. Како оди таа соработка, увоз па дистрибусија ?

ВАЛЕНТИНА- Кога почнав кариерата на претприемач и после две години постигнав убава организација на работа и во Бугарија бев на еден семинар и се сретнав со производителите на Контеса и почнав увоз на нивни производи, нема место каде нема такви прозиводи и таа соработка траеше 10-тина години. Но, дека Салонот имаше се повеќе работа решив да го прекинам со тоа и сега мојот син го работи тоа а јас се посветив на едукација. Јас успеав во моите претприемачки способности  и истите ги пренесов на децата.

– За вас се најважни клиентите, секако  Се трудите да ги задоволите нивните потреби и барања и постојано сте отворени за иновации. Како го постигнувате тоа?

ВАЛЕНТИНА- Сега со 30 години работно искуство, многу полесно и имам одличен тим, и затоа можам да сум горда и имам доверба во тимот за работа и затоа јас се посветив на едукацијата и го направив Едукативниот центар а за тоа се обучив во Германија -10 години се обучував и сакав да го пренесам на младите. МОН ми ја подржа програмата и дипломите се признати во целиот свет.

-Каков е вашиот став за формирањето на Националната платформа за женско претприемништво?

ВАЛЕНТИНА – Формирањето на оваа Платформа е многу потребно најмногу за жените кои се веќе во бизнис светот но и за оние што сакаат да почнат. Не е еднаков пристапот на можностите меѓу мажите и жените и затоа е потрбна Платформата и можностите што ги пружа се од многу страни корисни за жените. Јас во Европа имам поминато многу семинари, таму мажите и жените имаат исти обврски во домот и затоа имаат исти можности за напредок во претприемништвото. Авторитетот на таткото е подруг од авторитетот на мајката и заедно  да го прават.

-Од ваша перспектива што би им порачале на младите жени кои се двоумат да почнат со сопствен бизнис?

ВАЛЕНТИНА-Не би требало да се двумот, јас кога почнував само семесјтвото ме подржа.Сега има многу повеќе подршки АВрм со средства, вашата подршка за насоки, занаетчиската комора за услужни, тука сме и ние со едукативни центри јас имам 4 програми веривфицирани. Со сета оваа шподршка нема зошто да се двоумат. Само треба да имаат јасна цел,истрајни,упорни Има успони и падови и мора да се истрајни. Кога имаш визија нема отстапување.

Ви благодарам на разговорот  а на крај уште едно потсетување ова беше епизодата со Валентина Крмова сопственичка на фризерско-козметички салон Контеса веќе 27 години.Ви посакувам многу успеси и повторни средби.

За гостинката

ВАЛЕНТИНА КРМОВА

Јас со ова темпо на работа немам многу време затоа што самото претприемништво бара целосна посветеност. Но, кога и да имам или сама си го искреирам го посветувам на време поминато со мојот внук Давид кој од  како се роди стана центарот на мојот свет. Секој миг му го посветувам нему, но секако за некоја кафе дружба со пријателки или убаво но кратко патување наоѓам време.

  • https://www.facebook.com/valentina.krmova