Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам  Олгица Ѓорѓиева модна дизајнерка која вели дека креативноста нема граници, може да има само предизвици.

-Добар ден Олгица, добредојдовте во оваа епизода од подкастот на верадиото и се надевам дека убаво с е чуствувате кај нас.

ОЛГИЦА-Добар ден и мило ми е што сум тука кај вас.

-Од каде да почнеме? Млада девојка, креативна, со модниот дизајн како главна преокупација ? Како се чуствувате и како се справувате со сите предизвици во светот на модата?

ОЛГИЦА- Се чувствувам исполнето, ако погледнам назад низ своето патување наречено мода,  ова е изборот во мојот живот во кој не сум погрешила. Предизвици има како во секоја професија, но убаво е секако затоа што ако нема значи патувањето завршило. Би била посреќна да имам предизвици што повеќе за да ги решавам

– Вие во овој двегодишен Ковид период живеете и работите на релација Македонија- Словенија- Австрија? Како дојде да ги споите овие дестинации?

ОЛГИЦА – Во одреден момент се најдов на право место во право време. На еден настан беа луѓе од Австрија кому се допадна тоа што го работам, и побара мое св и бев ангажирана за работа за Австриската продукција за костими за балетска претстава во  Грција, во 2018, потоа истата продукција ме ангажира за претстава „Ајде на валцер“ во Виена.

-Веќе спомнавте но би сакала да позборуваме за предизвикот од креирање на костими за во театар,балет?Вие креиравте костими за балетска претстава во Љубљана, пред тоа во Грција и Австрија? Какво искуство и предизвик беше ова?

-ОЛГИЦА-Јас на ова гледам од повеќе страни, работам со интернационален тим кој е тотално различен од нашите тимови, искуството е непроценливо од сето она што го добив во работата со овие тимови. Режисерот кој ја продуцираше претставата  бил 10 годишен директор на Виенската филхармонија. Многу сум благодарна од ова аработа, која ме направи посигурна и посмаоиуверена иу ја добив потврдата за мојата работа. Во вакви системи има мала несигурност на почеток која поминува со тек на време кога имате позтивен фидбек. Потоа дојде балетската претстава во Словенија и сето некако се заокружи во еден креативен спој од кој сум мноигу задоволна.

Дефинитивно има разлика меѓу моден дизајнер и костимограф. Како дизајнер си самостоен а додека како костимограф морате да се усогласувате, поред се со режисерот, па сценски да се вклопите за да добите заеднички продукт и потоа креативноста е една голема целина.

-Верадиото е дел од Националната платформа за женско претприемништво. Какво е вашето мислење за постоењето, потребата од помош, вмрежување на жени претприемачки.

ОЛГИЦА – Сметам дека не само жените туку во секој еден бизнис е потребна конекција, информација и подршка. Ја подржувам Платформата,човек треба да побара да праша,јас преку вакви конекции, платформи сум добила многу и во информација и во луѓе со кои комуницирам постојано. Од многу аспекти ја подржувам Платформата и сметам дека е потребна и корисна.

– Што би им порачале на жените кои се двоумат дали да почнат со бизнис?

ОЛГИЦА – Доколку се вратам наназад кон моите почетоци, на некој начин можам да бидам мотивација, јас сум моден дизајнер кој почнал од нула и постигнал и сум задоволна. Младите сакаат да прескокнуваат од нула па веднаш горе. Но, јас претпочитам парување и не би се вратила ден назад, денеска сум спокоен, мирен човек и се досега се што сум направила сум во мир со тоа затоа што сум с еизборила за професијата која ја сакам, и мислам дека девојките не треба да се откажуваат и да уживаат во сето тоа.

-И за крај , на што работите во моментот, кои се вашите следни планови во светот на модата и креативноста?

ОЛГИЦА-Сега сум во селидба, го средувам моето ново атлје во Дебар Маало. Спремам нова колекција секако пред мене се нови предизвици и работам пред се со нарачки, можат лесно да ме најдат и се радувам на секој ден поминат во оваа моја професија.

Ви благодарам на разговорот а ова беше епизодата на верадиото со Олгица Ѓорѓиева, моден креатор.

 

За гостинката

ОЛГИЦА ЃОРГИЕВА

„Креативноста е дел од мојот професионален и приватен живот, таа е насекаде околу мене. Патувањата ми се предизвик и секогаш кога ќе се вратам од патување сум Олгица од некоја друга димензија – ги сподели со нас деловите од својот приватен живот и додаде дека читањето на убава книга многу ја релаксира, сликањето исто така и многу често нема време да направи се што сака. “Не ми е јасно како на  некои луѓе им е здодевно, мене никогаш не стигнува да ми е здодевно и ако дојдат такви моменти гледам што пократко да траат“ додава Олгица за интервјуто во епизодата за нашето верадио.

  • https://www.facebook.com/olgica.gjorgieva