ТРАНСКРИПТ
Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!
Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и на нашето единствено ВЕРАДИО посветено на женско претприемништво на Националната платформа, и овде ви ги претствувам епизодите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво. Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода во која гостинка ни е Сузана Наумовска, локална координаторка на Хабот на Националната платформа за женско претприемништво за Југозападниот плански регион, чиј центар е Охрид.
Добар ден Сузана и добредојдовте во нашето радио. Не радува што денеска од Охрид ни донесовте свежина и убава енергија.
Вие сте наша координаторка на Југозападниот Хаб, па кажете ни кој дел го опфаќа овој регион?
СУЗАНА– Доаѓам од сончевиот Охрид, бисерот на Балканот и горда сум што живеам во овој прекрасен град на југозападниот регион. Регионот ги опфаќа и општина Струга, Вевчани, Дебарца, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Пласница, општина Центар Жупа. Зафаќа површина од 3340 км 2, 221 651 жител.
Работата како координаторка на Југозападниот хаб, на Националната платформа за женско претприемништво за Вас е нов предизвик, каде економската независност и професионалниот просперитет на жената е ставен во преден план. Колку е важно тоа за вас?
СУЗАНА– Економската независност на жената е многу битна, бидејќи таа може да се реализира во животот на професионален план, да ги оствари своите соништа и амбиции, да биде постабилна во носење одлуки како мајка, сопруга, самохрана мајка, лидер и жена на јавни функции. После 30 години работа во претприемништво, кое деведесетите години беше во почетоци и борбата беше многу пожестока, од државен сектор да влезете во претприемништво.
Сега како локален координатор на хабот на југозападен регион и претседател на Кластерот на југозападен регион ТК Еден, се соочувам со проблеми кои можеби се провлекуваат подолги години во женското претприемништво. Драго ми е што сите општини покажаа интерес да помогнат во економското јакнење на жената.
Сузана вие сте жена во бизнис светот подолго време. Се сретнувате со многу предизвици но секако и многу позитивни нешта Ви носи ваквиот претприемачки начин на работа. За нашите слушателки би ве замолила нешто повеќе за вашата комопанија,област на дејствување и како сето тоа успевате да го менаџирате?
СУЗАНА– Периодот на транзиција во Република Македонија предизвика бран на затворање на постојни фирми со големи капацитети, а со тоа и висока невработеност. Со години излезот се бара во поттикнување на развојот на мали и средни претпријатија за кои основен предуслов, покрај правилната политика на владата на една земја, потребно е и присуство на претприемачки дух кај населението. Мал е бројот на оние кои со минимални финансиски инвестиции, но со голема креативност и работливост, во периодот од деведесеттите усеаја да формираат мали бизниси кои успешно опстојуваат и понатаму се развиваат. За жал, ова уште повеќе се однесува на женската популација во државава. Еден од клучните фактори за успеѓноста на бизнисто е моментот на реализирањето на новата идеја во вистинското време, ридружена со соодветни вештини и принципи во работењето. Да се открие можноста и таа да се зграпчи, во комбинација со осознаеноста на сопствените капацитети, сеуште е лимитирачки фактор за започнување нов бизнис.
Трговското друштво за производство, трговија и услуги ДООЕЛ ,,Изида” е основано на 27.05.1994 год., со седиште на Булевар ,,Туристичка’’, бр. 44/3-1 Охрид. Основач на Команијата е Сузана Наумоска, родена на 23.03.1971 год. , дипломиран менаџер по туризам на ФТУ Охрид, соруга и мајка на две деца. Компанијата почна да работи во 1994 год. со козметички салон на изнајмен простор од 20 м2, со еден вработен козметолог- основачот. Во тоа време, капацитетот на работење изнесуваше еден клиент на час, а се нудеа десетина козметички услуги. Само по шест месеци, бизнисот почна да се развива по нагорна линија, бројот на клиенти се зголемуваше, бројот на вработените аралелоно растеше, така што денес ,,Изида’’ работи во сопствен простор од 120 м2 со деветмина вработени, со каацитет од 10-15 клиенти на час и со палета од над 100 понудени услуги. Првичниот мал козметички салон прерасна во мини СПА- центар со најсовремена ИПЛ & ИРФ (ласерска радиофрекфентна) технологија и со стручен тим вработени : физиотерапевти, козметолози, естетичари. Последнава денеција козметологијата прераснува во барана професија, а козметиката станува дел од современото живеење. Козметичките салони и ,,Изида’’ како лидер во регионот во оваа бранша, полека стануваат неразделен дел од севкупната туристичка онуда на регионот во велнес и спа.
Започнувањето сопствен бизнис е придружено со ризици и со неизвесност, а во периодот на деведесеттите години малкумина беа подготвени да станат претприемачи и да одговорат на предизвикот за самовработување. Моето незадоволство од работата во државните институции ( лаборант во Општата болница во Охрид) , немањето можност за искажување на моите креативни способности, чувството за неискористеност на сопствениот капацитет и општата ограниченост, како во работењето така и финансиски, ме натераа на возраст од 21 година да започнам сопствен бизнис. Згора на тоа, успешното санирање на сопствениот проблем- акнозна кожа, како и траумите низ кои поминав обидувајќи се да ја санирам својата кожа, ме мотивираа да го пренесам моето искуство и да им помогнам на други. Со мал почетен капитал, со голема љубов и верба во козметиката, со поддршка од семејството, но судрена со голема недоверба и однапред осудена на неуспех од целото опкружување, започнав сопствен бизнис во козметиката под мотото на божицата Изида ,,Преобразба и плодност’’ (преобразбата како суштина во козметиката,а плодноста во однос на растежот на бизнисот) .
Покрај вообичаените проблеми кои го следат започнувањето на секој нов бизнис, е еден од главните проблеми со кои се судрив во периодот на деведесеттите години беше разбивањето на постојните клишеа, предрасуди и стереотипи и воопшто неприфаќањето на оваа професија во една мала средина. Погрешното сфаќање на важноста и видот на оваа професија, бараше дополнителни напори за да се истрае во процесот на промовирањето на козметологијата и многу умешност во креирање на пазарот.
Моите скромни посети на саеми и на конференции во најблиското опкружување во соседните земјси, односно во Софија и Белград, низ периодот се прошируваа во следење на најновите трендови кои се откриваа на саемите во Љубљана, Париз, Ница, Болоња… Контактите се ширеа а моите вештини се усовршуваа. Така, клиентите на Изида имаа можност да ги користат и најновите достигнувања во козметологијата без да патуват надвор од регионот. Денес поседувам над 30 лиценци и дипломи за работа и сум единствениот козметолог со мајсторска диплома од Занаетчиската комора, под покровителство на Комората од Кобленц (Германија) .
Постојано сте во движење, работите обуки,семинари,работилници кои се поврзани со друг дел на делување. За што станува збор и кои се вашите резултати од тоа поле?
СУЗАНА– Резултатите се огромни, во дефицит на работна сила вие стварате работна сила и најдобрите ги задржувате во вашата фирма. Добивме Еразмус размена во Италија, каде децата ги покажаа вештините и знаењето на повисоко ниво. Лично имам бенефит и наследник во фирмата, мојата помала ќерка Наталија со завршена Бисока стручна спрема – физиотерапевт на Универзитетот во Скопје.
СУЗАНА- Добив бројни награди и меѓународни признанија, работев регионално на развој, како и во други региони во Македонија и се разбира многу битен е личниот развој.
Националната платформа за женско претприемништво, со крајот на 2021 година, влезе во следната фаза од работењето, кога активностите од Национално ги прошири на локално ниво, за да овозможи понепосредно информирање и достапност на Платформата до жените претприемачки. Локалниот хаб во Охрид го водите Вие , каков предизвик за вас претставува овој ангажман?
СУЗАНА– За мене е ова нов предизвик на менаџирање на жените во претприемништво во цел регион, со цел да се помогне да се развие овој регион и да имаме многубројни жени не само во услужниот сектор, туку и носители на поголеми компании и предизвици. Со до сега посетените општини, наидов на голема соработка и желба овој проект да успее. Како да е вистински момент да се даде поддршка на жената во руралните места, туризам и аграрните активности, а во другите општини да влезат како лидери на поголеми компании.
Претпоставувам дека веќе ја работите Програмата за работа на Југозападниот Хаб во следните две години и што имате планирано да го остварите во рамки на овој проект?
СУЗАНА – Во почетокот избравме младински организации и еса, за проширување на советот на НПЖП, потоа нејзиното позицирање на локално ниво. Подготовка на стратешки документ кој што е потребен за жените, да обезбедам локални учесници за вебинари и обуки, да избериме млада локална амбасадорка која квалитетно ќе го претставува нашиот регион, редовни и успешни состаноци со локалните стејкхолдери и учество на годишниот самит на НПЖП.
За крај би сакала да го споделиш со слушателките од бизнис светот, кој е твојот став за формирањето и функционирањето на Националната платформа за женско претприемништво?
СУЗАНА- Короната направи луѓето да имаат време да размислат каде ќе се движат во сопствениот живот. Дали ќе потклекнат на стихијата или ќе пронајдат нови начини, нови бизнис идеи со кои ќе се пласираат на пазарот. Од досегашните состаноци сватив дека е созреано времето за оваа Национална Платформа. Понекогаш на жената и треба само малку поддршка за да влезе во ризик, во водите на претпиемништвото, а тоа ќе го направи Националната Платформа на Женско Претприемништво.
Во оваа епизода со нас беше Сузана Наумовска, претприемачка од Охрид и локален координатор на Југозападниот плански регион на Националната платформа за женско претприемништво.
За гостинката
СУЗАНА НАУМОВСКА
“Мојата работа е поврзана со релаксација и уживање. Често кога работам и уживам и често кога уживам и работам. Охридскиот регион ми пружа многу можности за релаксација, планина, пешачење, езеро и пливање и камперски живот покрај Охридското Езеро, затоа велнес и спа програмата ја пренесов надвор на отворено со етно масажите и езерските ритуали“- ни сподели дел од својот приватен живот Сузана и додаде дека ужива да приготвува традиционална храна, што повеќе на отворено и многу сака да чита книги. Нејзината цел е најмногу сите драги гости, да го доживеат Охрид на емотивен начин.
Најмногу сака да го поминува своето слободно време со своите две ќерки.
https://www.facebook.com/izida.spa