Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Даница Личанин Блажеска, сопственичкa на „Рептил“ маркетите.

-Добар ден Даница  и добре ни дојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво! Рептил маркетите се присутни  повеќе од 23 години на пазарот а покрај своите 15 маркети, „Рептил” не застана на традиционалниот начин на пазарење, туку ја следи динамиката на брзиот живот и недостатокот на време, па затоа отвори  нов канал за онлајн купување. Како би го претставиле вашето менаџирање на еден ланец маркети? -Се соочувате со секојдневни предизвици , со многу работа. Како би го опишале вашиот претприемачки ден, сега и пред 20-тина години?

ДАНИЦА- Добар ден и ви благодарам на поканата за да бидам дел од овој радио подкаст. Пред многу години на почетокот работев и по 16 часа а сега работам многу помалку. Тоа е главната разлика.

-Стоите на чело на една многу успешна компанија. Како што веќе спомнавме воведувате постојано и новини  и еве не изостануваат успеси. Вашиот онлајн маркет е  www.marketonline.mk. Ќе сакате да споделите дел од вашите планови за следниов период?

ДАНИЦА- Новини треба да се воведуваат тоа е всушност резултат на посотјана работа. Ние почнавме од еден маркет ,наследен со се старо во него, од рафтови, до продукти до вработени, но со многу работа ,пред се заедничка работа направивме да останеме свои но да опстанеме со добар рејтинг на пазарот.

– За вас се најважни клиентите како што често нагласувате. Купувачите се трудите да ги задоволите нивните потреби и барања и постојано сте отворени за иновации. Како работите, тимски, следите светски трендови, или ??

ДАНИЦА- Па секако и треба да се најважни клиентите, затоа што без нив ние нема да посочиме. Исто така е важен добар тим. Без тимска работа, заедничка работа нема да има успех. Оваа работа е вклучување на сите во остварување на една заедничка цел, поголем профит, проширување на маркетите и секогаш со многу понуда достапна до потрошувачите.

-Каков е вашиот став за формирањето на Националната платформа за женско претприемништво?

ДАНИЦА-  Потребна е Платформата како место за соработка и вмрежување на жените претприемачи. Нуди многу можности кои секако ќе се развиваат и треба да се оди кон таа насока.

-Од ваша перспектива што би им порачале на младите жени кои се двоумат да почнат со сопствен бизнис?

ДАНИЦА- Па од моја перспектива не треба да с едвоумот. Ако сакаат да направат со себе план ,зошто тоа го сакаат и што ќе добијат и да почнат. И предизвици има но вреди да се работи и секако успехот ќе си дојде.

-Би ве прашала од каде името Рептил?

ДАНИЦА- Па многумина прашуваат зошто и од каде. Кога мајка ми требаше да реши да земе еден објект на Центро и тоа го стори и оттука почнеме се беше старо. Стари простории, стари вработени и некако с ерептилски почнавме и еве опстојуваме. И секако сме препознатливи токму по тоа.

Ви благодарам на разговорот  а на крај уште едно потсетување ова беше епизодата со Даница Личанин Блажеска сопственичка на Рептил Маркети.

За гостинката

ДАНИЦА ЛИЧАНИН БЛАЖЕСКА

Слободно време, да тешко се наоѓа ама се зависи од човекот. Јас викендите ги користам за мое време и најмногу сакам во двор да си работам нешто. Имам моја пасија а тоа е стари работи да ги реставрирам и правам нов лик од нив. Тоа ме опушта и исполнува. Инаку и патувањата ми се слабост но тоа е во текот на годината еве пет пати, треба да с еосмисли другото време- ни ртече Даница во разговорот за тоа каде ја црпи енергијата за работните бројни обврски,

  • https://www.facebook.com/danica.l.blazeska

    danica lichanin-blazhesk