Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Александра  Мургоска сопственик на  Limittles Solutions DOOEL Skopje,

-Добар ден  Александра  и  добредојдовте во оваа епизода од подкастот на верадиото и се надевам дека убаво се чуствувате кај нас.

АЛЕКСАНДРА- Добар ден и ви благодарам што сум гостин во вашата епизода.

-Александра , вие со вашата компанија сте еден  разновиден тим кој  е фокусиран на обезбедување услуги за работа од далечина приспособени за продажба, маркетинг и бизнис поддршка на интернационални клиенти како и локално и интернационално рекрутирање како и деловен консалтинг. Што точно е опсегот на вашата работа секако ќе биде интересно за нашите слушателки да кажете подетално?

АЛЕКСАНДРА – Точно така! Limitless Solutions е компанија која беше основана во 2019 год, односно само неколку месеци пред глобалната пандемија и воглавно се занимаваме со обезбедување на сеопфатни услуги поврзани со работа од далечина приспособени за онлајн продажба, маркетинг и друг вид на канцелариско работење за потребите на интернационални клиенти.

Во пракса тоа значи дека ние се грижиме за сите административни и бизнис потреби и делуваме како one-stop-shop во Македонија, а со тоа им овозможуваме на клиентите да се грижат само за нивниот оперативен дел од работата.

-Исто така, Limitless обезбедува и консултантски услуги во делот на локално и интернационално рекрутирање.

АЛЕКСАНДРА- Со оглед на тоа што многу интернационални компании мораат да наоѓаат различни иновативни решенија за намалување на нивните трошоци, верувам дека успеваме да се ставиме во позиција да нудиме квалитет а истовремено и ја зголемима нашата вредност како компанија, а со тоа и да ја продлабочиме соработката со нашите клиенти. Релативно ниските трошоци во Македонија ни овозможуваат се огромна предност за наше добро позиционирање на глобалниот пазар, но секогаш во разговор со сите сегашни и потенцијални клиенти ние напоменуваме дека имаме конкурентски трошоци, но нашата посебност е квалитетот а тоа не значи дека секогаш како држава и компанија ова да го користиме како ‘unique selling point’, но можеме многу повеќе во фокусирање на обезбедување на квалитетни услуги, а истовремено со многу конкурентки цени на глобално ниво.

Успеавме да ја продлабочиме соработката и наместо да се прошируваат во други држави од регионот, клиентите одлучија да ги прошират своите капацитети во Македонија, односно во 2019 започнавме со вработување на двајца луѓе за нивните потреби а сега нивниот тим брои повеќе од 25 луѓе. Неодамна, од 1ви март се преселивме во нови и поголеми канцеларии со цел проширување на тимот.

-Според она што прочитав Вие повеќе работите со странски клиенти. Од кои држави се вашите клиенти и Какви се искуствата имате од оваа работа, дали клиентите од странство Ви нудат поголема сигурност и поширок дијапазон за работа?

АЛЕКСАНДРА – Во моментот работиме со клиенти од Турција, Израел и САД и морам да напоменам . Со оглед на тоа што имав можност академското образование да го комплетирам во САД каде имав можност да го научам менталитетот и културата таму, тоа ми даде одлична можност да го трансферирам и проширам знаењето во Македонија, а со тоа и да создадам тим кој ќе обезбедува квалитетни услуги за потребите на клиенти од овие држави. Дефинитивно, работата со странски клиенти ми помага многу да ја гледам пошироката слика и со нив практично учам како се прави бизнис на глобално ниво и давам се од себе тоа да го трансферирам на луѓето покрај себе, тимот со кој што работам како и останатите соработници.

-Работите тимски, важен процес во вашата работа е изградување на цврсто поставен тим а како што велите ги поставувате нештата да имаат долг рок на функционирање. Како ќе им го објасните овој дел од вашата работа на нашите слушателки?

АЛЕКСАНДРА – Апсолутно, нашите главни принципи се сведуваат на тимска работа пред се затоа што веруваме едни во други и исто така веруваме дека секој треба да го прави и да се развива таму каде што тој може да даде најмногу. Имаме јасна визија, мисија, принципи и вредности на делување и знаеме зошто го правиме тоа, и цврсто сме уверени дека овие се фундаментални и главни алатки за било каков вид на личен или професионален успех.

-Верадиото е дел од Националната платформа за женско претприемништво. Какво е вашето мислење за постоењето, потребата од помош, вмрежување на жени претприемачки.

АЛЕКСАНДРА- Supporting community e многу битно

– Што би им порачале на жените кои се двоумат дали да почнат со бизнис?

АЛЕКСАНДРА – Да не се плашат, да се охрабрат и да отпочнат свој бизнис веднаш. Да не се плашат да превземаат ризици

FB post – women are drivers .. сега е време, и ме радува тоа што заедно со вас создаваме еко-средина која пополека им овозможува на жените да се изразат и манифестираат во општеството во кое делуваат.

-И за крај, на што работите во моментот, кои се вашите следни планови со вашата компанија?

АЛЕКСАНДРА- Скоро се преселивме во нов голем современ деловен простор . За нас тоа беше голем предизвик и одиме понатаму со нови видициво освојување на нови цели.

Ви благодарам на разговорот а ова беше епизодата на верадиото со Александра Мургоска.

 

За гостинката

АЛЕКСАНДРА МУРГОСКА

Слободното време најчесто го поминувам на сонце и покрај вода со квалитетно друштво, но некогаш и сама. Обожавам да пијам долго утринско кафе покрај море. Исто така, мојата прва љубов е кошарката и неколку пати во текот на неделата играм кошарка, а летно и пролетно време играм и тенис. Се трудам да медитирам секојдневно и медитацијата ми овозможува да се поврзам со спиритуелниот свет, да ги исчистам мислите, да се регенерирам и да ја поттикнам креативноста во себе.

  • https://www.facebook.com/a.murgoska