Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и на нашето единствено ВЕРАДИО посветено на женско претприемништво на Националната платформа, и овде ви ги претствувам епизодите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво. Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода во која гостинка ни е ЉУБИЦА КОСТИЌ БУКАРИЦА -претседателка на Здружението на бизнис жени на Црна Гора која деновиве со жените од Балканската коалиција е во Скопје, по повод Конференцијата на проектот за социјални претпријатија.

ЉУБИЦА-Благодарам на поканата з аовој разговор, нависитна сум среќна што сум дел од оваа Конференција и воопшто од бизнис светот на жените на Балканот.

ВЕРАДИО- Во Скопје сте со Проект за Балканските жени и социјалните претпријатија но за тоа подоцна ,сега најнапред нешто повеќе за Здружението на бизнис жени на Црна Гора.

ЉУБИЦА – Здружението е основано  2009 година од нас 12 жени, имаме супер проекти, регионални, свои и имаме одлична соработка со Здруженијата на бизнис жени на Македонија и Босна, на Грција  и затоа ја основавме и Балканската женска коалиција и верувам дека само заедно можеме да оствариме многу нешта и нашиот регион иако мал треба да работиме на подигнување на свеста на жените за бизнис, сеуште има стереотипи и мислат дека бизнисот е предодреден за другиот род. И преку добри примери ги мотивираме другите жени да влезат. За жал во Црна Гора но и во регионот нема законска регулатива за социјални претпријатија.

ВЕРАДИО – Економската независност на жената во регионот е проблем со децении, сакам да направите разлика даЛи има мало движење, имаме успешни  промени како беше пред 15-20 година како е сега ?

Има движење и разлика, ние ги мотивираме. Според податоците до 2011 било под 10 % жени а сега има 24.45 % сопственици на бизниси се жени има движење евидентно. Доста придонесовме и ние за тоа. Сите организации добро работат. Црна Гора воведе и доста на локално ниво по градовите , воведе грантови помеѓу 50-80 илјади евра за женски бизнис. И тоа е нешто, затоа што јас велам секој цент вложен во жената три пати и се враќа на државата.

ВЕРАДИО- Ако жената е економски јака и семејството и државата имаат бенефит. Вие сте претприемачка со телевисиско искуство, како почна вашата бизнис приказна?

ЉУБИЦА- Работев во јавен и приватен сектор и сама отворив бизнис во 2008 година, пред кризата, иако ние на Балканот секогаш сме  во криза и работиме во невозможни околности. така е иако е ова шега. Не би знаеле во некоја благосостојба секогаш има предизвици. Не е тешко во бизнисот има еден предуслов а тоа е: треба да го сакате тоа што го работите. Најдобро е сами да работите тоа што го сакате но најтешко ми е да најдам квалитетни соработници. Јас имам маркетиншка и ПР агенција и треба да сте задоволни. Недостатокот на стурчен кадар, најтешко ми е тоа. Клиенти има, во мојата работа има многу кампањи за подигање на свеста по разни проекти. Тоа ми е предизвик, промена на свеста и тоа ми е плус мотивација. Тоа го работам и во Асоцијацијата за жени, тоа сакам да ги поттикнам и тоа ми е големо задоволство.

ВЕРАДИО- Ковид кризата, доведе многу жени да го изгубат работното место. Процентот на жени на глобално ниво е поголем. Како е состојбата во Црна Гора?

ЉУБИЦА- И во Црна Гора е иста состојба. 60% жени се на Биро за вработување, но има ЕУ средства кои се делат низ грантови иако не се големи средства, затоа жените се најмногу во такви претпријатија мали и средни.  Жената може да работи со свој бизнис. Да ги купи основните средства за работа. Сепак е легалната зона многу подобро. Повеќе жени добија од тие средства и Министерството за економија дава подршка на жените.

ВЕРАДИО – Што им порачувате на младите кои сакаат да почнат сопствен бизнис?

ЉУБИЦА – Јас многу работам на тоа поле , да ги натерам да искористат своите потенцијали. Јас кога одлучив и ако некој одлучи нема ништо што ќе го задржи. Ако го сакате тоа што го работите уживате во тоа. Да ги искористат своите потенцијали, ќе најдете средства да направите свој бизнис и секои средства ќе бидат добредојдени.

ВЕРАДИО – Ви благодарам за разговорот . Ова беше епизодата со Љибица Костиќ Букарица претседателка на Здружението на бизнис жени на Црна Гора

ЉУБИЦА -Ви благодарам и се надевам на следна средба во Црна Гора.

За гостинката

ЉУБИЦА КОСТИЌ БУКАРИЦА

Љубица Косатиќ Букарица е весела личност, многу комуникативна и многу сака животни, како што ни откри самата. Имам семејство, среќно сум мажена, имам прекрасни деца. Сакам море и сакам да се дружам- ни ги откри моментите во кои полни енергија. Баш тешко и паднало овие две години кога немаше дружење заради Короната,немаше патувања но еве сега  повторно се враќаме некако на свое.

Со соработката настана и Балканската коалиција. Се надевам дека короната заминува и се радувам на новите средби и проекти. Убаво е да се работи со тим со кој имате заедничка цел- го дополни овој дел од разговорот Костиќ Букарица.

  • https://www.facebook.com/ljubica.bukarica