Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и на нашето единствено ВЕРАДИО посветено на женско претприемништво на Националната платформа, и овде ви ги претствувам епизодите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво. Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода во која гостинка ни е Драгана Грбиќ Хасибовиќ од Сараево, Босна и Херцеговина, претприемачка која на Конференцијата на Балканската бизнис коалиција за жени презентираше интересен модул.

ВЕРАДИО – Накратко која е  Драгана?

ДРАГАНА –  Јас сум весела жена со позитивен дух, која пред 4 години се опроба во претприемачките води. Јас сакам луѓе и да се дружам и сакам да бидам во постојана комуникација.

ВЕРАДИО -Дел сте од тимот на Здружението на Бизнис жени на Босна и Херцеговина, но сте и тренер од овој тим. Кажете ни нешто повеќе за вашиот ангажман.

ДРАГАНА -Првиот чекор што го направив, не знаев ништо за бизнисот и се јавив кај нив. Се зачленив и малку помалку учев како да го водам бизнсиот и како да се снаоѓам на пазарот кој е немилосрден.Овде сум тренер на тема Социјални претпријатија, кои се одговор на тоа како може да се помогне на оние на кои помошта им е потребна. Сите ние можеме да помогнеме. Социјалното претпиемачко е супер концепт.

ВЕРАДИО -Вие сте сопственик на Агенција за маркетинг  и пр услуги “Success” . Како влеговте во тaа приказна?

ДРАГАНА- Сакав веќе да не работам за други и да се пробам дали можам да опстанам на пазарот. Сето тоа што го работев за други и се давав на споствениците милион посто. Кога ќе одлучите да станете претприемачка вие сте тие на први место нема друг план и да го опфатам сето она што знам и сакам да с еработи. Тоа е добро кога работите тоа што го знаете но и учите нешто ново. Агенцијата е така регистрирана но тука може

ВЕРАДИО -Како работи Агенцијата со оглед на Пандемијата?

ДРАГАНА – Првата Ковид година одеше некако, но 2021 беше многу тешко, бев на ивица, сите бзиниси и клиенти беш баш лоша. Бизнисите бае затворени, иако имаше и онлајн продажба и работа . Но тешко беше. Некако се извлеков од тоа со мојата позитивност, секогаш се наоѓа начин на кој се наоѓа и да работам некое занимање но во суштина е добро да се вратите со нови клиенти и проекти.

ВЕРАДИО- Сите претрпиемачи се соочуваат со проблеми. Кои се вашите најголеми предизвици како жена?

ДРАГАНА -Имав среќа да ме одгледа мојата мајка која е многу јака жена. Пред војната беше политичарка но кога дојде војната во БИХ и после две години, мојата мајка  за да не издржава и пколува почна да прави кифли и колачи и да ги продава на пазар. Значи од политичарка заврши на пазар со високо дигната глава. Кога ќе ве воспита таква мајка , ако имате таков идол знаете како да се извлечете од секаква ситуација.

ВЕРАДИО -Емотивна приказна, има многу жени со слични приказни но едно е важно човек да сака и чесно да работи со високо крената глава. Имаше една интересна презентација, не на модулот , за која си добила и награда.

ДРАГАНА -Не добив награда но се натпреварував. Тоа е проект за работа на ретвитови екслузивно за жени кои ќе поминуваат време на планина, ќе се забавуваат, ќе учат рецепти, ќе се одмараат, едноставно ќе имаат време за себе . Тоа ќе не потсетува како е да имаш време за себе. Тоа се нешта кои ги забораваме. И да застанеме да кажеме СТОП ајде да се вратиме само на себе.

ВЕРАДИО- Вие сте релативно млада жена со свој бизнис кој го почна на 35 години . Што би им порачале на младите жени нио и на повозрасните кои изгубија чекор со работата. Што би им порачале на жените кои се плашат?

ДРАГАНА -Стравот е супер емоција  и добро е да го имаме . Но, мора да се знае која и што е твојата мотивација ? Јас знам дека за 5 години ќе имам канцеларија, со пет вработени. Визуализирам и ќе го имам. Важно е да разговарате со други претпиремачки и да рагзоварате со други од тој сектор. Барајте помош и едуцирајте се и од секого може да добиете нешто.

ВЕРАДИО – Ви благодарам што сте гостин во нашата епизода а и нашите слушателки ќе слушнат нешто од соседството. Се најубав ви посакувам!

ДРАГАНА- Фала многу на можноста да споделам мојата приказна пред вашите слушпателки.

За гостинката

ДРАГАНА ГРБИЌ ХАСИБОВИЌ

Драгана  најмногу ја релаксира и ја прави среќна сопругот со кој  во месец мај ќе направат 21 година како се заедно-“ Во брак сме 14 години, имаме  прекрасен хармоничен брак, во кој се подржуваме, иако имавме предизвици, сопругот имаше три сообраќајки, беше неподвижен но се пребродивме заедно и  успешно. Мене ме прави среќна секој нов ден што ми дава многу можности. И секој ден се заблагодарувам што имам можност да ги отворам очите и да бидам повторно среќна- ни ги откри деловите од својот приватен живот Драгана.

  • https://www.facebook.com/dragana.grbichasibovic