Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Верица Милеска Стефановска, генерален менаџер на МДН обезбедување од Скопје,  со која ќе зборуваме за нејзиниот претприемачки предизвик.

Добар ден Верица и добре ни дојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво!

 

ВЕРАДИО -Вие сте како што кажав во најавата генерален менаџер на МДН Обезбедување – Скопје и зад себе имате дведецениското искуство со обезбедување приватни и деловни објекти, спортски, културни настани и дуги манифестации. Како се снаоѓате во овој навидум машки свет?

ВЕРИЦА– Добар ден и од мене, благодарам за можноста да бидам дел од денешниот подкаст на рационалната платформа за женско предпреиемништво и поздрав до слушателите .

Интересно е што започнуваме со вакво прашање, веднаш да истакнам дека уште во самите почетоци на мојата кариера или моето прво вработување во далечната 1992 година во МВР, како жена полицајка, тоа беше прва група на жени полицајки вработена во министерството по осамостојувањето на Македонија, јас бев 21 годишно девојче, и некако службените задачи ме носеа секогаш во правец на обезбедување на објекти и личности од посебно значање во државата. Уште на самиот почеток бев сведок дека моите работни задачи воопшто не се разликуваа од задачите на мојот колега ….тоа за мене значеше дека и јас сум иста помеѓу еднаквите во тој колектив,  веројатно тоа беше она што лично ме водеше да не правам разлики помеѓу машка или женска професија или како што велите машки или женски свет. Па оттука слободно ќе речем дека во моето размислување не постои машки или женски свет во професионалната кариоера.

ВЕРАДИО – Вие сте и долгогодишна претседателка на Комората за приватно обезбедување. Кои се таму предизвици решавате и кои се промени ги претрпе овој вид на обезбедување во последниве години?

ВЕРИЦА- Точно, комората ја водам веќе 12 години, со гордост можам да речам дека со моето доаѓање на оваа позиција работев и се ангажирав во процесот на изготвување на актуелното законско решение за дејноста приватно обезбедување. Со задоволство можам да констатирам дека истото вршителите на дејност го прифатија како целосно применливо законско решение , што ќе се согласите дека е од огромно значење за натамошно правилно функционирање на секоја дејност. Тоа е едно од моите лични заложби, ако може така да речам и навистина сум задоволна од постигнатото, дотолку повеќе што како резултат на новото законско решение Комората успеа да воспостави свој Центар за оспособување на кадри од областа на приватно обезбедување и испитен центар за полагање за добивање лиценца за фичико и техничко обезбедување.

Втората работа која сакам да ја нагласам е условно речено интензивното следење на трендовите во дејноста, отворање на дејноста и Комората кон безбедносните институции, академсаката заедница и невладниниот, граѓанскиот секор за соработка и унапредување и на самата дејност но и на унапредување и професионализација на дејноста приватно обезбедување. најпрвин затоа што оваа специфична дејнотс е со јавни овластувања и заради тоа што нејзината работа се рефлектира на безбедност на граѓаните , нивната лична безбедност, безбедноста на нивните имоти , работни процеси, кога се излесени со семејствата на јавни манифестации, спортски натпревари и тн.

Во оваа прилика ќе ми дозволите да ја истакнам и издавачката дејност на Комората, која во последните десетина години е извонредно плодна и богата. Националната библиотека Климент Охридски од Скопје, вршителите на дејност приватно обезбедување, експертската и стручна јавност па и сите останати заинтересирани се побогати за 25 стручни дела, литература од областа на безбедноста и приватната безбедност секако.

И она што е за мене особено важно е сегментот за кој членките на комората даваат не себична поддршка на идејата за поттикнување и учество на сé повеќе жени во дејноста приватно обезбедување.  Имено со огромен интерес собранието ја прифати идејата за поддршка и потпишување на декларацијата за поддршка на женското предприемништво, веќе неколку години наназад Комората организира, поддржува  и активно учествува во слични активности. И се разбира резултатот полека но сигурно се гледа. Оваа година на редовното собрание имавме присутни 5 жени кои се на раковдни позиции во компаниите кои вршат дејност приватно обезбедување, што не беше случај до пред една , две години, на што сум посебно горда.

ВЕРАДИО -Имате уште една професионална обврска или пасија? Тоа е коњичкиот клуб “Дона „ чии јавачи се одлично позиционирани на ранг-листата на Светската коњичка федерација. Сигурно е интересно нешто повеќе за тоа да ни кажете.

ВЕРИЦА- Коњичкиот Клуб Дона го формиравме поттикнати од амбициите на еден од моите синови за професионално ангажирање во коњичкиот спорт, дисциплина прескокнување висински пречки.  Иако овие спортови се малку познати во нашата јавност, јавачите на КК „Дона“ настапуваат на европски и на светски првенства и одлично се позиционирани на ранг-листите на Светската коњичка федерација (ФЕИ) во ЕУ. Сепак, за нашето семејство КК „Дона“ е повеќе амбиент од кој ја црпиме позитивната енергија за време на викендите и за нас тоа претставува израз на љубов кон вистинските животни вредности.

ВЕРАДИО – Каков е вашиот став за формирањето на Националната платформа за женско претприемништво и што би им порачале на младите жени кои се двоумат да почнат со сопствен бизнис? 

ВЕРИЦА- Веќе ја истакнав поддршката за формирање на Националната платформа за женско предприемништво и секако дека сум поборник за што поголем број жени во сите бизнис опкружувања и на водечки позиции во опшетството.

Сепак, во нашве општо познати услови за живеење и бизнис клима секако дека оваа е вистински предизвик да се почне нешто ново за секој , меѓутоа од друга страна секогаш се водам од максимата дека ако не пробаш, ако не се потрудиш или не инвестираш никако неможеш ниту да добиеш уште помалку да бидеш успшен и да се горедееш со својот труд. Впрочем,како беше онаа позната…….патот од 1000 чекори започнува со првиот чекор. Само храбро и напред.

Жените мора да бидат свесни дека секојдневно во својот живот дури и во навидум најобичниот ден носат постојано некакви одлуки, независно дали се тие за начинот на кој семејтвото ќе се организира или ќе живее, дали за некој член од семејтвото ,…дали и што ќе пазари или ќе готви или ќе купи…. исто е, нема никаква разлика…… сето тоа само пресликано во работни услови и за финансиски бенифит и она што е уште поважно финансиска сигурност на секоја жена.

ВЕРАДИО-Имате многу искуства и во посетување на семинари, работилници, обуки, што би им порачале на младите во однос на овие ангажмани. Колку сето тоа користи за поголеми знаења и самодоверба во развојот на бизнисот?

ВЕРИЦА- Сметам дека континуираното или доживотно учење е клучно особено во денешните улови на брзо секојдневие или рапиден развој на технологии, не смееме да се срамиме дека нешто не занеме туку напротив треба да сме свесни и мора да разбереме дека само со инвестирање во дополнителни свои занаења и развивање на разни компетенции и вештини се надрградуваме себе си и свотео секодневие или посрекно живееме и живееме во чекор со времето…..

Мојата почитувана менторка, па би рекла и животна менторка проф. Дијана Белеска, на самтите почетоци често знаеше да ми каже дека мора да се трудам и да бидам во чекор со времето. Ако си пред времето ,тоа е исто како да си после времето….знаеше да ми рече.

Оттука јас редовно ги поттикнувам и моите синови постојано да наоѓаат начини да ги развиваат своите компатенции и знаења. Тоа е вистинскиот пат.

ВЕРАДИОСигурно имате многу планови за иднина а за она што долго го работите во ноември 2021 добивте големо признание од Филозофскиот факултет на УКИМ. Мотив за работа и за совладување на нови предизвици. Би сакате ли да го сподлеите кое е тоа чувство кога ќе се добие заслужена верификација на трудот?

ВЕРИЦА- Веќе истакнав дека  со моето доаѓање на чело на Комората за приватно обезбедување сметав дека покрај останатото врвен приоритет треба да биде и соработката со сите чинители во општеството , особено оние кои на било кој начин го тангираат работењето на приватниот безбедносен сектор.

Соработката со академската заедница и со стручната јавност е особено важна за унапредување и професионализација на дејноста од која егзистираме ние и нашите семејства па оттука е и нагласувањето на потреба од интензивна соработка со академската заедница. Взаемната помош и поддршка во изминатите години вроди со навистита голем плод, организација на голем број јавни трибини, работилници, меѓународни конференции на кои можеби за прв пат се отвори прашањето на важноста и улогата на приватната безбедност како рамноправен партиципиент во интегралната безбедност во нашата држава и дополнително поттикнување, едукација и запознавање на студентите од Институтот за безбедност ,одбрана и мир за нивно размислување и евентуална реализација на нивната професионална кариера во нашиот сектор. А ова би значело и поголем развој за нашите компании како стручни и професионални и секако поголем бенифит.

Јас сум особено горда на тоа признаие/наградата дотолку повеќе што таа доаѓа по повод јубилејот 100 години постоење и работа на Филозофскиот факултет при  Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.

Ви благодарам на разговорот и многу успеси ВИ посакувам!

За гостинката

ВЕРИЦА МИЛЕВСКА-СТЕФАНОВСКА

За тоа како го поминува слободното време и каде полни батерии Верица ни рече:

„Ха,ха, за да ви одговорам на оваа прашање ќе ја земам во предвид условно речено новата дефиниција за менаџери и менаџирање на време, длабоко ја почитувам онаа матрица итно, важно во менаџирање на моето време. Но сепак останува и фактот  дека моите три сина се веќе возрасни луѓе и тие несебично се навлезени во работењето во нашите семјни компании. Така да, во овие видно изменети услови јас наоѓам време и за моите потреби и можам да си приуштам и некое задоволство “.

  • https://www.facebook.com/verica.mileskastefanovska