Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Данче Наумоска, која изработува дела од бакар, дрворезба и накит.  Данче добар ден. За Вас првото што го прочитав беше дека сте, личност со многу соништа и големо срце, кое толку умешно и несебично ги раскажува древните приказни преку рељефните слики од бакар, сребро и позлата, сликите на стакло, уникатните маски… приказни, кои може да одзвонуваат и во вашиот дом. Тоа се  вашите дела. Што би додале на оваа убава најава  за сеќавањата за вашата врзаност со ваквиот вид на изработка ви се од најрана возраст. Кога почнавте и како?

ДАНЧЕ– Моите почетоци датираат многу одамна. Благодарение на мојот татко, кој што веќе 60 години изработува предмети од бакар а јас често бев присутна во неговата работилница за да му помогнам. Посебен впечаток ми оставаше промената на нијансите при оксидација на бакарот и секогаш беа поинакви и неповторливи. Со чеканчето на татко ми пред 22 години го направив првото мое дело “Лозова гранка“. Од тогаш постојано творам и креирам. Секогаш истражувам за нешто ново и поинакво и од обично парче бакар го претвопрам во уникатно дело-слика или накит.

ТАТЈАНА- Бакрорезот е дел од македонската традиција и култура. Овој уникатен и рачно изработен уметнички производ е високо ценет, како поради неговата уметничка вредност, така и поради неговата неограничена трајност. Производот е идеален за внатрешно и надворешно декорирање, како сувенир или подарок. Што се изработувате во бакрорез?

ДАНЧЕ-Преку моите изработки сакам да претставам дел од нашето културно наследство,како што се традиционални,религиски,охридски и други македонски нативи по желба на клиентите. Во Копер Арт може да се најдат реплики од артефакти, како што се златните маски од 5 век п.н.е, копии од колани т.е. пафти за носии, икони, дел од Охридската архитектура, слободна уметност, сувенири, нотеси и уникатни парчиња на накит.

ТАТЈАНА – Дали соработувате со клиентите? Дали приоѓате кон остварување на нивните желби или повењќе слободно креирате?

ДАНЧЕ-Среќа е да имаш задоволни клиенти, бидејќи тоа е најдобрата реклама за секој бизнис. Практикувам да ги слушам и исполнувам желбите на клиентите. Има клиенти што знаат што сакаат но ако е потребно давам сугестија за да добиеме совршен производ според замислата на клиентот. Слободно креирам ако клиентот има доверба во мене и препушта на мојата замисла.

 ТАТЈАНА – Факт е дека она што дава многу успех, бара и многу вложување…Колку вие с евложувате во вашата работа и на кој начин ја канализирате креативноста?

ДАНЧЕ- Овој занает не е лесен и бара многу посветеност и вложување во нови знаења и вештини. Покрај тоа што е потребно да с еима талент, потребно е да се има желба и љубов кон работата. Ова е креативна работа која мене ме исполнува и ме прави среќна. Работејќи со бакарот се губи негативнста енергија, душата останува смирена и исполнета. Во придружба на тивка музика се внесувам во работата, креирам и создавам ремек дела.

ТАТЈАНА – За вас велат дека сте скромна личност и покрај импозантните нешта што ги создавате. Како се доживувате Вие самата?

ДАНЧЕ – Повеќе сакам да се искажам преку моите креации, отколку преку зборови. Сакам да посетувам музеи и да истражувам за дамнешни цивилизации преку кои се запознаваме со непроценлива вредност од дамнешно време. Сите ние создаваме дела кои ги ставаме зад себе, дали преку комуникација или преку творби. Јас би сакала да бидам запаметена како креатор на трајни вредности кои ќе опстанат после мене.

ТАТЈАНА   – Колку ви помогна во работата проектот на ЦУП како женски бизнис во Ковид-19?

ДАНЧЕ –Би сакала да се заблагодарам на ЦУП што ме вклучија во проектот за подршка на женски бизниси по Ковид 19. Преку овој проект нас како компании предводени од жени, не поттикнаа да се развиваме повеќе да работиме, да ги прошириме знаењата и да се вреднуваме повеќе. Преку проектов се организираа многу обуки како што се: финансиска писменост, пр стратегија пред медиуми, дигитализација, подобра промоција и маркетинг и усовршување на мојот накит.

ТАТЈАНА  –За крај на нашиот разговор би Ве прашала за вашите планови во следниот период. Каде ќе се насочите и што очекувате?

ДАНЧЕ – Плановите и целите се да продолжам со темпото на работа како до сега. Со целосна дигитализација да се зголеми побарувачката на моите производи, да се зголемат и капацитетите на работа, и со тоа се наметнува потребата од нови лица. Тоа е придонес за подобрување на економијата

ТАТЈАНА- Какви с е плановите за понатаму?

ДАНЧЕ – Сакам да се развивам,можеби и поголем простор но најмногу сакам да држам обуки и моето знаење да го пренесувам на други за да се шири овој вид на уметничка изработка.

ТАТЈАНА – Ви благодарам на разговорот а за вас драги слушатели, ова беше епизодата со Данче Наумоска  занаетчија од Охрид која изработува дела од бакар, дрворезба и накит.

За гостинката

ДАНЧЕ НАУМОСКА

За тоа како го поминува слободното време и каде полни батерии Данче ни одговори : Мене бакарот ми ја зема целата негативна енергија и јас уживам кога работам со него. Секако дека Охридското езеро е местото каде јас целосно сe релаксирам и уживам, секогаш кога ќе имам време. Ние тука во Охрид сме благословени што го имаме ова прекрасно езеро.

  • https://www.facebook.com/danche.naumoska

    https://www.facebook.com/dani.copper.art