ТРАНСКРИПТ
Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!
ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk
Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Надица Бицева Димитровски од Битола е основач на брендот за кретивен и авангарден накит Креација. Надица вие сте од свето на дизајнот, модните инсталации, убавината, естетиката кои како што велите секогаш ве фасцинираат и освојуваат. Ќе ни кажете ли на кој начин го доживувате сето тоа кое е инспирација за вашиот професионален ангажман?
НАДИЦА –Прво би сакала да Ви се заблагодарм за поканата за учество во вашата емисија. Создавањето на дизајнот почнува од потребата за него , во таа насока јас лично почувствував потреба и цела моја креативна енергија ја канализирав во дизајн на накит. Од инспирација, преку визуелизација, до изработка на краен производ. Модата е феномен, а инспирацијата е насекаде околу мене, околу нас, така што во моето Ателје ги реализирам сите мои замисли и креации.
ТАТЈАНА – Создавањето модни детали за жените т.е. накит кој е уникатен и соодвествува на уникатност на жените. Што им овозможува вашиот накит на жените кои го носат по однос на нивната изразна креативна посебност?
НАДИЦА – Па, им дава чувство на посебност, нивниот целосен стајлинг може да се трансформира со само едно парче накит. Исто така им се допаѓа приказната од инспирацијата која во себе ја носат моите колекции накит, нудам уметност , а уметноста пак е чувство кое се пренесува.
ТАТЈАНА – Велите дека вашиот накит , т.е. моделите на Креација најчесто го носат жени кои веќе имаат изграден стил, кои ги следат трендовите, но не со пулсот на комерцијалноста. Бегате од комерцијалноста т.е. мас производството, зошто?
НАДИЦА – Во денешниот свет на глобализација , сакам и се движам во правец , од занает , преку применета уметност до креативни индустрии , како средство за промивирање на културниот идентитет. А зошто бегам од комерцијалноста? Кога рачно се произведува одреден дизајн, сметам дека е непотребно да биде комерцијален. Интересот за моите производи кој го имам низ годините, е само потврда за тоа.
ТАТЈАНА – Вие сте дипломиран психолог кој најчесто инспирацијата за своите креации ја наоѓа во архитектирата и културното наследство. Како ги поврзувате тие две приказни со дизајнирањето на накит?
НАДИЦА – Едукацијата која ја стеканв од психологија на маркетинг, психологија на уметност, личност, па се до она како психолозите ја дефинираат модата во современите теории на мода , директно и индиректно влијае врз дизајнирањето. Впрочем и во интердицилинарноста на системот на дизајнот се вклучени психолозите , како дел од тимот кој ќе произведе дизајн. Така што психологијата како наука ми помага доста во процесот на мојата работа.
ТАТЈАНА –Вашата прва колекција веќе спомнавте е со наслов Манзара е инспирирана од Османлиската архитектура и култура, но вашата последна колекција насловена како Златен век е инспирирана од Македонското културно наследство од Златото од Лихнида. Како стигнувате до овие инспирации?
НАДИЦА- Што се однесува до инспирацијата, веќе спомнав дека таа е насекаде околу мене, околу нас , архитектура, филм, музика, танц, културно наследсво , сето тоа не опкружува , а јас едноставно само правам корелација и нудам дизајн кој во себе содржи приказна. Тоа го препознаваат моите клиенти кои доста често купуваат и за подарок , како парче уметност од Македонија што посебно ми значи.
ТАТЈАНА – Каде се сте се претставувале со своите модни креации на накит?
НАДИЦА– Моето прво претставување беше на самиот почеток, на четвртата по ред Балканска колинија на ракотворци која беше организирана од здружението Астерион 5 од Битола. Пред европската публика се претставив како дел од Меѓународната модна ревија , ФФЊ , која се одржува секоја година во Сибиу, Романија. Исто така се претставив и на Саемот за дизајн и иновации во Лугано, Швајцарија, а како најголем успех го сметам претставувањето во Њујорк во организација на платфоормата Клотиа , каде се продава мојот накит за американски пазар.
ТАТЈАНА – Имате успешна соработка за продажба на Американскиот пазар, па би било убаво да кажете нешто за тој комерцијален дел на вашите уникатни накити.
НАДИЦА – Да, преку платформата на Клотиа моите изработки се достапни он лајн за продажба за американски пазар, во однос на комерцијалниот дел , тимот на Клотиа го води целиот маркетинг вклучително и фотосесиите за производите, така што јас како дизајнер имам повеќе време да се посветам на дизајнот и на рачната изработка на моите колекции.
ТАТЈАНА – За крај би сакала да споделите нешто за плановите во иднин , што е вашиот приоритет и каде ќе го ставите фокусот?
НАДИЦА – Мојот фокус секогаш бил и ќе биде во дизајн на производ со уникатна естетика. Следно од Ателје Креација е новата колекција на марами која во моментот ја работам , поточно е во фаза на тестирање на материјалот и графичкиот дизајн, така што наскоро ќе биде промовирана. Планирам да воведам и нова услуга во моето Ателје, како сертифициран моден стилист ќе ја нудам услугата Консултант по моден стајлиг, наменаета како за индивидуи така и за одредени настани, вклучувајќи стилски концепт за разни кампањи, модни перформанси, едиторијали, изложби и слично.
ТАТЈАНА – Ви благодарам на учеството, а за вас драги наши слушателки ова беше Надица Бицева Димитровски основач на брендот за креативен и авагарден накит Креација од Битола.
За гостинката
НАДИЦА БИЦЕВА ДИМИТРОВСКИ
Оваа епизода е посветена на Надица Бицева Димитровски од Битола, основач на брендот за кретивен и авангарден накит Креација, кое се наоѓа на влезот на Старата битолска чаршија и е дел од спојот на старото и новото на традицијата и модерното.
https://www.facebook.com/kreacija.bitola