ТРАНСКРИПТ
Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!
ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk
Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам
ТАТЈАНА– Ние сме во Битола а оваа радио епизода ја посветуваме на Лотус – Едукативен центар за деца и разговараме со Мелинда Станческа. Од кога посоти овој центар и која е неговата основна функција?
МЕЛИНДА – Работиме со деца од ранливи категории, работилници и училници каде сите беа вклучени. Сите комплетно со инклузија за вклучување на разни проекти. Имавме часови по англиски и работилници, како овие лица кои не знаат да се снајдат во општеството, да заработуваат од хоби.
ТАТЈАНА – Покрај едукација работите и на консултантски услуги. За што се однесува тој дел од вашата професионална работа?
МЕЛИНДА – Тоа се воглавно совети, идеи, мотивации од различни сфери. Работиме со возрасни како да работат со проекти и каде би бил нивниот следен чекор.
ТАТЈАНА – Колку работата со деца е ваш предизвик и какви се деца доаѓаат кај Вас?
МЕЛИНДА- Голем предизвик се децата, предизвик беше пандемијата, имавме онлајн настава ама тешко ни беше отпочеток,не знаевме како да пристапиме како да ги одржуваме часовите.
ТАТЈАНА – Работите и во делот за странски јазици. Какви се програми имате и за кого се наменети?
МЕЛИНДА-Работиме часови за англиси и германски, работиме со деца со училишна програма .имаме и специјализирани курсеви за деца но и за возрасни. Имаме математика, и сега имаме часови за сите предмети, за домашно итн.
ТАТЈАНА– Вие сте дел од Прокетот Мерки за зајакнување на женски бизниси. Колку тој ви помогна и во која насока?
МЕЛИНДА- Проектот Мерки за зајканување на женски бизниси едноставно е тука за сите нас,не насочува и подржува ни ги прошири видиците и да ги видиме новите нешта што ги бара пазарот. Ни отвори нови врати, обуки како сето тоа да с енаправи,како да с ерекламираме ни помага сеуште и се грижи за иднината на бизнисот.
ТАТЈАНА -Дали сметате дека има доволно програми кои го помагаат женското претприемништво?
МЕЛИНДА- Проектите се одлична шанса за нас, запознавањето е одлична можност за почеток на нова соработка. Има програми но треба сеуште и секако подршка меѓу жените.
ТАТЈАНА – Имате ли модел кој посакувате комплетно да го пресликате во вашата работа?
МЕЛИНДА– Убаво е прашањето. Мене ми е предизвик креативноста и слободното изразување. Тоа беше основната функција на Лотус. Имаме можност системот да го доградиме, не само англиски,математика сакаме д аима креативност и децата да поминуваат тука слободното време и да учат и развиваат.
ТАТЈАНА– Како го гледате развојот во следните години на вашиот едукативен центар? Ја спомнавте Робот обуката? Какви ви се плановите можеби во таа насока?
МЕЛИНДА-Пандемијата си го направи своето, приватните училишта се едни од најпогодените, но не с еоткажуваме. Работилницата беше со робот, децата го управуваа и кажуваа што да прават. Имавме идеја да донесеме нешто ново во Битола.Помага да учат но и како да ги решат своите проблеми во иднина, слободно изразување и тоа беше супер искуство.
ТАТЈАНА- Се најубаво Ви посакувам а ова беше епизодата во која ве запознавме со Мелинда Станческа од Едукативниот центар “Лотус “. во Битола.
За гостинката
![melinda 2](https://weradio.mk/wp-content/uploads/2022/04/melinda-2.jpg)
МЕЛИНДА СТАНЧЕСКА
Децата се голем предизвик за нашата работа, затоа што се менуваат, растат. Имаме деца кои биле минатата година на Велигден да речам а сега веќе се пораснати и не им е интересно да се дел од активностите. Со децата воспоставувам пријателски однос а не чисто авторатитативен. Секако е голем предизвик а нам на тимот тука најголем предизвик досега ни беше учењето на далечина, кој ете со повеќе труд го совладавме.
https://www.facebook.com/melinda.stanceska
https://www.facebook.com/pages/Lootus%20J/659393977464028/