Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам  Марта Пејоска уметница од Охрид, која плови низ прекрасниот филигрански вез  а за себе вели  дека  создава накит  со кој секогаш пренесува порака. Неслучајно, нејзината работа е поврзана  токму со ова  поднебје.

ТАТЈАНА -Марта родена сте  во Охрид, каде и го продолживте традиционалното изработување на филигрански накит во своето ателје. Како ја најдовте клучната формула за вашиот филигрански  израз кој ги  комбинира  моќта на  филигранот  со прецизноста на вашата  примарна професија – архитектурата?

МАРТА –  Да јас сум дипломиран архитект, а сега моја професија е филигранството. Долго го барав што е тоа, на што треба да се посветам, ама открив дека јас сум таа што ги спојува двете и затоа сепак одлучив преку филигрансккиот конец  да го допирам архитектонскиот израз.

ТАТЈАНА- Вие сте филигранист, т.е. рачно изработувате филигрански вез, која е многу специфична но и интересна креативна работа. Од каде дојде и постојано е присутен поривот  за филигранството и  што значи везењето, која како што велите, приказна за себеси ја везете преку оваа техника?

МАРТА – Филигранското везење и чипка според мене е најестетската форма која постои во културното наследство. Јас го везам моето секојдневие сето она што ме опкружува инспирира, ме мотивира. Самото везење е долготрајно и макотррпно. Кога го работам сиот тој стрес го снемува и кога седнувате на масата да работите и тоа е неверојатен внатрешен мир и и се препуштате на сребрената   чипка која се везе.

ТАТЈАНА- Кога го направи првото  филигранско парче и какво беше чувството? И уште нешто кое е вашето најомилено дело?

МАРТА- Најнеблагодарното прашање. Првото парче во 2005 та година го направив, на него учев и ја совладував техниката на работа со сребро. Се сеќавам на она што беше последно со кое дипломирав, тоа е ѓердан од школки, во кој требаше цела техника што сум ја научила да ја применам. Чувството е исто и сега кога ќе направам нешто за прв пат, се докажувам дека сум напредувала во секој поглед во креативноста.

ТАТЈАНА- Филигранот е чуствителна работа која бара многу трпение и вештина. . Што е потребно за едно парче да добие полна форма, сјај и секако употребна вредност која е долгорочна?

МАРТА – Се додека го работам парчето тоа е уште еден убав предмет, на кој гледателот на накитот се воодушевува, го посакува. Парчето оживува кога ќе добие употребна вредност. Во тој момент парчето ја добива вредноста, парчето заживува во секој момент кога гледачот ќе дојде и ќе искомуницира. Кога ќе посака некој да го има тоа е моја сатисфакција.

На прашањето за влијанието на архитектурата Марта ни го раскажа влијанието и тука е секогаш езерото и водата , кои се нејзина инспирација ,2013/2014 се изложбите каде ги претставувала разните мотиви од езерото.

ТАТЈАНА- Колку ви помогна во работата проектот на ЦУП како женски бизнис во Ковид-19 ?

МАРТА-Машки и женски бизниси нема, сите би требало да имаат можност да го работат тоа што го сакаат. Ако е некој способен треба да проба или сам да си ја земе шансата. Пандемијата која се надеваме дека кај да е  ќе заврши, направи две сезони Охрид да е без странски туристи но јас се насочив кон македонскиот пазар и имам постојани клиенти. Но секогаш е потребна нова публика и нови продукти. За Проектот на ЦУП – ми се допадна што конечно се појави некој кој седна и слушна со какви проблеми се соочувам како бизнисменка .Затоа што нашата бизнис заедница на рачни изработки е мала и немам увид во закони, успови, можности и тоа што не ислушаа беше одлично. Јас очекувам бенефитите од овој проект да ги почуствуваме посилно во иднина. Инаку, имаше многу содржини кои ни помогнаа.

ТАТЈАНА -Дали сте имале можност вашите филиграни да ги претставите во странство, и ако да, каков е фидбекот од таму?

МАРТА-Сум се претставувала во старнство и на Биенале во Италија и Словенија, и таа преубава изложба во Љубљана каде беше претставен мојот прстен со рубин, потоа Изолда , во Букурешт, Амстердам, Минхен и неколку изложби тука во Македонија, на Охридско лето во 2018.Интересот за филигранот е зголемен и како културно наследство е секогаш интересно. Во Европа моментално филигранот е многу ценет, многумина креативци во Европа филигранот го вклопија во накитот и негово проучување во образовниот процес.

ТАТЈАНА -За крај би сакала да Ве прашам кои се вашите планови за иднина, планирате ли некои подрастични промени во креациите и мотиви за нивна изработка?

МАРТА- Марта ќе продолжи да живее во Охрид и да го формира нејзиниот живот тука. Охрид е многу убаво место за живеење. Сето друго е многу индивидуално и како јас ќе замислам, како ќе остварам и пораката која ја пренесувам во светот е дека тоа дека е приказна  за една девојка, која го имаше светот на дланка но сепак се врати во Охрид и каде го донесе светот. Моите фантазии ги остварувам тука. Нема странец кој дошол во Охрид а да не ме сретне на наекој начин преку моите творби или лично.

Би ви заблагодарила за разговорот и Ви писакувам многу успех понатаму, а за хашите слушатели ова беше епизодата со Марта Пејоска уметница од Охрид која плови низ прекрасниот филигрански вез.

За гостинката

МАРТА ПЕЈОСКА

Марта Пејовска покрај филигранството и архитектурата има уште две големи љубови а тоа е пловењето и освојувањето на врвови. Косопственик е на Регата, и навистина ужива во секој момент поминат на вода, а додека качувањето како Волонтер во планинската спасителна служба, при Црвен крст-Охрид, Марта има и двојна функција, работи како спасителка и тоа и дава навистина големо задоволство и сатисфакција.

  • https://www.facebook.com/marta.pejoska