ТРАНСКРИПТ
РАДИО ПОДКАСТ СО АНДРИЈАНА СРЧОКОВА И АНА ЈОРДАНОВА ДУБРОВСКА
Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!
Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и сум домаќинка на Радиото за женско претприемништво на Националната платформа. Тука сум со единствена цел, да Ви ги претставам разговорите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво.
Добар ден Андријана и Ана и добредојдовте во нашата епизода од радио подкастот.
WERADIO – Работа имате многу, тоа е добро и затоа требаше да најдеме соодветен термин кога барем на половина час можете да ја “оставите“ работата. „Мелем од вкусови“, убаво звучи, но што претставува и што претставува?
A.A. – Мелем за вкусови е Салата бар кој се наоѓа во ТЦ Буњаковец, опција за здрава исхрана. Се е подготвено на дневна основа. На дневно ниво го подготвуваме имаме стандардно мени и мени со нарачка.
WERADIO- Прочитав за вас дека она што го произведувате е исхрана која содржи соодветен баланс на протеини, здрави масти, јаглехидрати, витамини, влакна и минерали а исто така прочитав дека на вашето мени се производи од македонско поднебје. Што се подготвувате, на кој начин и како е достапен за потрошувачите?
А.А.-Во стандардното мени имаме свеѓи салати искомбинирани со гравлеќапросо,со дел од продукти кои дрѓат ситост,интересни с екомбинациите кои ги правиме во форма на залата во свеѓа салата да се добие баланс на организмот, поспоро и подолг период. Имаме и житни оброци тие се направени од пченица, овес, снегулки, искомбинирани со свежо овошје и мед додаваме. Враповите се за оние кои се скептични кои содрѓат леб или тестенина. Имаме сендвичи, смути и цедени сокови.
WERADIO -За секој бизнис од услужна дејност важно е да се има потрошувачи. Како доаѓате до вашите потрошувачи откако го отворивте сопствениот бизнис и колку според вас, нашите луѓе се освестени за здрав начин на живот, односно за конзумирање на здрави оброци?
А.А.- Ние почванме да работиме на 25 јуни 2020 во ек на корона, се охрабримве за да им помогнеме на луѓето д асфатат дека исхраната е дел од начинот на живеење. Начинот за достапност до клиенти е преку социјалните медиуми или доаѓаат во нашиот објект. Препораката е сепак најсигурниот пристап до клиенти. Обемот на работа ни е зголемен имаме и неделни и месечни пакети, луѓето сфаќаат и затоа имаме се повеќе работа.
WERADIO- Според вас, што треба да поседуваат жените во себе за да почнат свој бизнис, да влезат во светот на претприемништвото?
А.А.- Жените треба да имаат цел и визија и нема сила што може да ја запре.
WERADIO-Со кој предизвици се соочивте со вашата бизнис партнерка Ана во почнувањето на овој бизнис?
А.А.- Немаме проблем од родов аспект, дури и ни помагаат. Најголем предизвик е корона ситуацијата затоа најмногу ги користиме социјалните медиуми. Набавката е проблем заради оваа ситуација, немаше едно време увоз, моравме да се снаоѓаме. Пакувањата се во тегла и моравме да се снаоѓаме.
WERADIO-Верадиото е дел од Националната платформа за женско претприемништво, колку сметате дека ваква обединувачка платформа која е и платформа за подршка и вмрежување на жените претприемачки е потребна?
А.А.- Ваква Национална платформа секако дека е од корист. Треба жените да се подржуваме, да се направат контакти и да се подржуваат.
WERADIO-Како го гледате вашиот развоен процес во следниот еве на пример 5 годишен период? Кои се вашите предизвици и цели?
А.А.- Долгорочно имаме многу големи планови и тоа е се врзано со нашите клиенти. Би сакале да организираме курсеви за луѓето кои се заинтересирани за да можат да си креираат свои оброци. Помали групи и некласични работилници. Имаме исто и планови за соработка со поголеми претпријатија, училишта и слично.
WERADIO-За крај од разговорот еве за слушателките еден мини рецепт кој дава енергија и може да се подготвува во тек на работното време во канцеларија!
А.А.- Во канцеларија би предложила житен оброк, кој содржи свежо и суво овошје, јаткасти плодови и се меша и јаде со вода. Пробајте, вкусно е !
За гостинките
АНДРИЈАНА СРЧОКОВА И АНА ЈОРДАНОВА-ДУБРОВСКА
За приватниот живот Андријана и Ана, велат дека го немаат многу, со оглед на тоа дека се нови во бизнисот и некогаш остануваат по цели денови на работа. На двете пасија им е возењето на велосипед, иако Ана кога бира меѓу велосипед и пешачење избира да пешачи. За време на слободните викенди секако приоритет им се прошетки во околината и секој миг го користат за некое макар и кратко патување. Пишувањето на домашни задачи со децата и дружбата со нив го исполнува и тој дел од слободното време.